Ознака: книга

Промоција на книгата „Херојска/еротска книга“ на Марта Маркоска

Post Views: 6 Недела, 20:00 часот, во Кафѐ и Бар “Шила“ поетесата Марта Маркоска ќе одржи оригинална сценска промоција на нејзината најнова книга „Херојска/еротска книга“ (H/ero/t/ic book) во издание на “Матица ексклузив“. Промоцијата е насловена “Соба од совршени оргазми“ а авторката ве повикува да дојдете и да проверите дали навистина ќе биде таква. „Читателу, биди подготвен – во оваа блескава книга поезија живее искрен и копнежен глас, незасрамен од своите примални нагони, модерен како машина за миење садови и древен како оганот на предхеленската душа. Гласот на Маркоска е глас...

Continue reading

Talisman

Уранија Попоска, во книгата „Талисман“

Post Views: 32 Зборува за тројца великани, кои во нејзиниот живот имаат посебно место. Нејзиниот татко Нико Нестор, очувот Петар Чајкар и нејзината мајка Вера. Имав детство различно од моите другарчиња, роднини и пријатели, со овие зборови ќерката на Нико Нестор,  Уранија Попоска зборува за  својот живот, кој е опишан во нејзината прва книга „Талисман“. Во неа ги преувеличува трите најзначајни личности кои оставија белег на нејзиниот живот, таткото, мајката и очувот.  Попоска беше 10-месечно бебе кога почина  татко Нико Нестор. Иако од тогаш се поминати 65 години, сепак чувствувам...

Continue reading

kniga

Македонија, земја – трезор на пишаниот збор

Post Views: 3 Македонија е земја – трезор на пишаниот збор уште од античко време и почва на која книгата ја имала најголемата моќ на помирување меѓу народите и бришење на културните разлики. Ова го укажа македонската министерка за култура Елизабета Канческа – Милевска во пораката по повод Светскиот ден на книгата и на авторското право – 23 април. Навраќајки се на ракописите на сесловенските просветители Кирил и Методиј, и делата на нивните ученици Климент и Наум, министерката Канческа – Милевска истакна дека „значајниот пат на македонската книжевност иницирал Македонија отсекогаш...

Continue reading

saem

Почнуваа 21-от Саем на книгата

Post Views: 0 Шеесет и четири издавачки куќи ќе учествуваат на 21. Саем на книга и либрографика  кој во втората и третата хала на Скопски саем ќе се одржува од денеска до 14 април. На саемска површина од 7.000 метри квадратни ќе се претстават домашни и издавачи од регионот. На најмасовната редовна културна манифестација во земјава ќе биде презентирана најновата книжевна продукција, жанровски разновидна литература, илустрирани изданија, канцелариски материјали и опрема. Саемот ќе организира секојдневни промоции на издавачите и средби со автори. Саемот на книга се организира во соработка...

Continue reading

dzek

Разоткриена мистерија стара 123 години-Кој беше Џек Мевосек?

Post Views: 1 Главниот инспектор на Скотланд јард, Фредерик Аберлин бил убиецот Џек Мевосек, тврди шпанскиот истражувач Хозе Луис Абад чија книга „Најинтелигентниот убиец во историјата“ штотуку излезе од печат. Абад долги години се занимавал со случајот на Лондонскиот убиец, тој го споредил ракописот на инспекторот со онај од наводниот дневник на Џек Мевосек и востановил дека се работи за иста личност. Неговата книга предизвика голем интерес во Британија. Во неа е објавена и фотографија на вработените во Скотланд Јард на која е заокружен инспекторот Аберлин. Мистеријата стара 123...

Continue reading

Успeшно се одвива акцијата „Подари – размени книга“

Post Views: 10 По повод 2 Април Светскиот ден на литературата за деца,  втора година по ред студентите од Факултетот за странски јазици при ФОН и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид заедно ја спроведуваат акцијата „Подари – размени книга“. Веќе трет ден книги разменуваат ученици од петтите одделенија од сите основни училишта од општина Охрид. Идејата е преку размена на книгата читателите да дојдат до нови интересни четива и сознанија и како што често се вели – да им се отворат нови светови. Вработените и студентите на факултет за странски јазици на ФОН универзитетот деновиве беа...

Continue reading

ВРЕМЕ Е ЗА КНИГА – CHILDREN STORY HOUR

Post Views: 0 Црвен крст Охрид со задоволство го најавува почетокот на пролетниот циклус од едукативната програма ВРЕМЕ Е ЗА КНИГА – CHILDREN STORY HOUR кој ќе стартува на 14.02.2019 година и ќе трае 15 недели. ВРЕМЕ Е ЗА КНИГА – CHILDREN STORY HOUR е програма која се спроведува веќе деветта година во рамките на програмските активности на Црвен крст Охрид и е наменета за деца од 4 до 7 годишна возраст. Оваа интересна програма овозможува поттикнување и развој на креативноста, емоционалната сигурност, хуманоста и солидарноста кај децата уште од најмала возраст. Тимот волонтери...

Continue reading

logo

Лајонсите ја промовираат првата аудио книга снимена на Македонски и Англиски јазик

Post Views: 3 Во пресрет на претстојниот 9-ти Октомври – LIONS Светски ден на видот, во организација на Lions клубот од Битола ќе се одржи промоција на првата аудио книга снимена на Македонски и Англиски јазик. Авоторот на книгата doc.Д-р. Маријан Танушевски објаснува дека насловната страница на аудио-книгата, освен со стандардно писмо, напишана е и со Брајово Писмо. {loadposition content9}

Continue reading

Поради печатна грешка, книга за омикрон-варијантата влезе во барабанот на теории на заговор

Post Views: 4 „Вистиномер“ не најде ниту еден доказ дека книгата постоела пред декември 2021 година. Таа ексклузивно се појавува на Амазон за продажба на 5 декември 2021 и има уникатен код за издаваштво познат како интернационален стандарден број на книга од 13 цифри кој се користи за идентификација на книги. Бројот на книгата открива дека станува збор за книга што авторката ја објавила сама (self-publishing). Понатаму, не постојат никакви податоци за копирајтинг на оваа книга во 2020 година. Корицата има дури и чуден наслов на кого му недостасува еден збор, а внатрешноста изобилува...

Continue reading

ПРОМОВИРАНА НОВАТА КНИГА НА ПРОФЕСОРОТ ДИМИТАР ПАНДЕВ

Post Views: 0 Во музејот „Куќата на Робевци“, во рамки на празнувањата по повод Патронот на Охрид, беше промовирана новата книга на професорот Димитар Пандев, „Охридската Писменост“. Книгата „Охридска писменост“, ја промовираше поетот Славе Ѓорѓо Димсоки, кој посочи дека таа е книга кој ги соединува фактите и легендите за ширењето на писменоста на овие простори. Авторот на книгата, професорот Пандев, изрази голема благодарност до уметникот Никола Упевче за уникатната изработка на корицата и до општина Охрид за несебичната поддршка што ја дава за создавање на вакви трајни дела. По...

Continue reading

Продолжен терминот на саемот на книга во Библиотека „Григор Прличев“-Охрид

Post Views: 10 НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид известува дека поради големиот интерес на читателите Саемот на книгата денес и утре ќе биде отворен од 10 до 18 часот. Љубителите на книгата саемот ќе можат да го посетат и во сабота од 10 до 14 часот.Од понеделникот во „Прличевата одаја “ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во соработка со издавачката куќа „Матица македонска“ се одржува саем на кој лектири и белетристика може да се купи на попуст до 50 проценти.

Continue reading

Остра реакција од струшкиот Музеј за Монографијата „Д-р Никола и Софија Незлобински“

Post Views: 32 Денешната прмоција на Монографијата  посветена на „Д-р Никола и Софија Незлобински“ беше повод и за остра реакција од директорот,  на Националната установа  Музејот „Д-р Никола Незлобински“, Сашо Цветкоски.  На прес конференција Цветкоски упати  обвинување до авторите дека присвоиле документи, материјали,  фотокопии и факсимили сопственост на НУ. „ Објавувањето на оваа книга, факсимилите и материјалите се сопственост на Музејот и дел од неговиот легат. Авторите ни ги присвоиja и објавија без довола на Националната установа и стручниот колегиум на институцијата, иако...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top