Три генерации на охридски уметници во 20 век

Три генерации на охридски уметници во 20 век.

 |  Валентина Неловска  | 
matova
matova

Историчарот на уметност Јорданка Матова е автор на 4-тата книга посветена на уметноста под наслов „Сликарството во Охрид во 20 век“. Матова во едно сеопфатно издание ги поместува охридските уметници кои биле активни во  уметничкото творештво. Сликарството во Охрид  во 20 век и на почетокот од 21 претставува  спој  на уметници, скулптори,  иконописци и фрескописци продолжувачи на богатата охридска сликарска традиција. 10 години  истражувала во богатиот фонд на уметнички дела во Завод и Музеј, а на книгата работела 2 години.

„Од самото истражување произлезе дека во Охрид има три генреции. Првата генерација произлегла од Дуборезачката школа и тие се темелот на уметноста во Охрид. Втората генерација се уметници кои се запишале на  Педагошката академија во Скопје, а некои подоцна го завршиле Факултетот за ликовни уметности кој се отворил во 80-те години , а третата генерација се млади твроци кои завршиле  Ликовна академија во Скопје, но и во балакнските и европските  центри“.   
matova

Во книгата се следи развојот на сликарството во Охрид од моментот кога било отворно училиштето за уметничка резба во Дебар во 1925 година, за две години подоцна да биде префрлено во Охрид. Од ова училиште ќе се појават првите охридски уметници, Андон Дуко, Димче Коцо, Љубомир Стефаноски, Димче Протуѓер, Стефан Нестороски, Јоне Симонче, Вангел Наумоски, Нико Този и Димитар  Чудо.   Втората генерација сликари го опфаќа повоениот период меѓу кои се сликарите Славко Упевче, Ѓорѓи Целески, Јордан Манасиески, Теофил Дамјаноски, Драган Спасески Охридски, а во третата генерација се вбројуваат  младите уметници како Никола Упевче, Сергеј Цингулоски, Ели Ајноска, Зорица Азеска.  Сите три генерации сепак ги поврзува една уметничка нишка открива авторката на книгата  „Сликарството во Охрид во 20 век“.

„ Секогаш постои таа нитка на поврзување во сите научни дисциплини така постои и тој ланецот на поврзаност постои помеѓу трите генерации уметници, па и наредната што ќе дојде. Втората  и третата  генерација црпеа инспирација од првата. Уметниците знаат да се дружат и контактираат меѓу себе. Јас тргнувам од себе, мојот живот е посветен на уметноста од најраната возраст.  35 години работам и сум посветена на историјата на уметноста.“

„Сликарството во Охрид во 20 век“ е четврта книга на Јорданка Матова  по трите издадени монографии за охридските сликари, во 2001 за Јоне Симонче, 2008 за Стефан Нестороски и во 2010 за Андон Дуко. Издавач на книгата  е Завод и Музеј Охрид. Матова најавува дека нејзината следна книга ќе биде посветена на сите охридски уметници  членови на ликовните друштва без разлика колку тие биле активни во нивното творештво.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top