Ознака: Кирил

папа Франциско

„Опасниот“ Папа Франциско

Post Views: 0 Папата Франциско во текот на неделната посета на црквата Свети Кирил Александриски, во предградието на Рим, во разговор со верниците рече дека како момче работел и како исфрлувач во еден ноќен клуб во Буенос Аирес. Присетувајќи се на тој период и искуството од исфрлувањето на непожелни луѓе од клубовите, папата рече дека подоцна, во мисијата привлекување луѓе во црквата, клучна работа му била продолжување на книжевноста и психологијата. Ватиканскиот весник „Обсервер Романо„ пишува за присетувањето на папата на работите кои ги работел во младоста, а кои вклучувале и помошна...

Continue reading

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ИЗВРШИ УВИД НА ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ НА УЛИЦАТА „ПРИЛЕПСКА“ И ВО ЕЛШАНИ

Post Views: 1 Градоначалникот Кирил Пецаков, денес, изврши обиколка на градежните активности на улицата „Прилепска“ и во селото Елшани. Деновиве се одвиваат активности за изградба на потпорен ѕид долж улицата „Прилепска“, во самото корито на реката Сушица. Дополнително се врши и чистење на речното корито. Според проектот предвидено е потпорниот ѕид да е во должина од 150 метри. Исто така, предвидено е реконструкција на оштетените делови од улицата „Прилепска“, односно гребење и поставување на нов асфалтен слој. На деловите каде оштетувањата се поголеми ќе се поставува нов тампон...

Continue reading

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ СО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА КЕЈТ МАРИ БРНЗ

Post Views: 7 Градоначалникот Кирил Пецаков, денес, оствари протоколарна средба со Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Кејт Мари Брнз. На средбата се разговараше за веќе воспоставената добра меѓусебна соработка, но и за можностите за продлабочување на соработката. Во разговорот, амбасадорката ги пренесе искуствата од државата Вермонт во развојот на екотуризмот кои целосно може да се применат и во Охрид. Исто така, амбасадорката истакна дека постои можност и за соработка во областа на образованието со оваа држава, информираат од Локалната самоуправа. Градоначалникот...

Continue reading

ПОСТАВЕНА НОВА ОГРАДА НА ДВОРОТ ВО СОСУ „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

Post Views: 6 Екипите на ЈП „Градски гробишта“ деновиве спроведоа работни активности за поставување на нова ограда во дворот од СОСУ „Свети Кирил и Методиј“. На местото на отстранетата ограда од зеленило, изведен е бетонски ѕид на кој е поставена соодветна метална ограда. За оваа намена од буџетот на Општина Охрид се издвоени 450.000 денари. Во текот на наредниот период во СОСУ „Свети Кирил и Методиј“ планирано е да биде извршена промена на дограмата во целиот училишен објект.

Continue reading

Кирил Пецаков и официјално Градоначалник на Охрид

Post Views: 1 Кирил Пецаков и официјално ја презеде градоначалничката функција. ОИК му го врачи уверението за четиригодишен мандат на чело на Охрид. „Гарантирам дека од првиот ден ќе работиме посветено за решавање на проблемите и потребите на граѓаните и Охрид. Ќе воведиме ново темпо на работа во кое се надевам дека службите и јавните претпријатија ќе не следат во чекор“, изјави новиот градоначалник. Ќе работиме посветено, чесно, одговорно за после 4 години со крената глава да можеме да побараме уште еден мандат од охриѓани. Приоритет ќе бидат сите горливи проблеми за кои во екот...

Continue reading

Кирил Пецаков утре ја презема градоначалничката функција

Post Views: 3 Кирил Пецаков утре застанува на чело на Општина Охрид. Пецаков го добива уверението за легитимно избран градоначалник на општината и се очекува утре да има примопредавање на функцијата. Д-р Пецаков доаѓа на местото на д-р Константин Геогиески, кој беше избран на вонредни градоначалнички избори и имаше мандат од 2,5 години.  Ќе биде конституиран и новиот Совет на општината, за што веќе е обезбедено мнозинство на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ. Мнозинството ќе го сочинуваат избраните советници на ВМРО ДПМНЕ, Левица и независната листа „Охрид пред се“. 

Continue reading

Изведена вежба за евакуација при елементарна непогода во СОУ „Св. Кирил и Методиј“

Post Views: 1 Во средното општинско училиште „Св Кирил и Методиј“ изведена симулациска вежба за евакуација во случај на земјотрес и пожар. Во показната вежба покрај наставниците и учениците од економското училиште, учествуваа и претставници од Општинската организација на Црвен крст, Територијалната против пожарна единица, Секторот за внатрешни работи, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за спасување и заштита. Сценариото на вежбата имаше за цел да го испроба планот за евакуација и да се види подготвеноста на сите институции во нивната координација за безбедна евакуација...

Continue reading

Показна вежба за евакуација при пожар и земјотрес во СОУ „Св. Кирил и Методиј“

Post Views: 0 Во организација на Отсекот за превенција при СВР Охрид, Територијалната противпожарна единица и Планинарско–спасителската единица при Црвен Крст Охрид, утре (03.11.2021 -среда) во 11 часот во Средното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј” во Охрид ќе биде спроведена показна вежба за евакуација при пожар и земјотрес. Вежбата ќе се реализира по претходно утврдено и разработено сценарио за дејствување и евакуација по случен земјотрес и пожар со кое се запознаени учениците, наставниците, Регионалниот центар за управување со кризи, претставниците од Општинскиот...

Continue reading

Кирил Пецаков е новиот Градоначалник на Охрид

Post Views: 2 Кирил Пецаков е новиот градоначалник на Општина Охрид. Мнозинството охриѓани одлучи Пецаков да го води градот во следните четири години. Според сеуште неофицијалните податоци од општинската изборна комисија, излезноста на граѓаните во вториот изборен круг е 59,31 отсто, информира Предраг Васојевиќ, заменик претседател на Општинската изборна комисија.   Од запишаните 52.477 гласачи во избирачкиот список во Општина Охрид на гласање излегле 31.122 гласачи. Неофицијално, 32,38 отсто од гласачите гласале за Кирил Пецаков од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“,...

Continue reading

Oдбележана годишнината 145 години од раѓањето на Кирил Прличев

Post Views: 49 Се одбележаа 145 години од раѓањето на Кирил Прличев револуционер, новинар, писател, преведувач. Во Прличевата одаја на НУ Библиотека Григор Прличев се одржа историски час за неговото општествено и револуционерно дело посветено на самостојноста на македонската државност. Денешното одбележување на годишнината од раѓањето на синот на охридскиот Хомер, големиот охриѓанец Григор Прличев, во организација на општина Охрид. За неговата општествена дејност осврт даде Живка Ангелоска, претседател на Советот на Охрид. „ Кирил Прличев е македонски патриот, револуционер, журналист,...

Continue reading

ЧЕСТВУВАЊА ЗА МАРКО БОШНАКОВ, АНДОН ДУКОВ И КИРИЛ ПРЛИЧЕВ

Post Views: 6 Општина Охрид Ве поканува на одбележувањето на годишнината од смртта на гемиџијата Марко Бошнаков 27.02.2020 година (четврток) 11.00 часот Полагање свежо цвеќе пред спомен-плочата на родната куќа на Марко Бошнаков; Историски час за гемиџијата, проф.Ристо Николески; Место: родна куќа на Бошнаков Општина Охрид и ОО на Сојуз на борци од Охрид и Дебрца Ве покануваат на одбележувањето на годишнината од смртта на Андон Дуков 28.02.2020 година (петок) 11.00 часот Полагање свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Андон Дуков;Обраќање на претседателот на ОО на Сојуз на борци од...

Continue reading

Средношколците од средното стручно училиште „Св.Кирил и Методиј“ од Охрид се подготвуваат за учеството на Европскиот младински самит за климата во Брисел

Post Views: 15 Охридски средношколци ќе дебатираат за климатските промени во Брисел. Охридското средното стручно училиште „Св.Кирил и Методиј“ е избрано како претставник на РС Македонија во извлекувањето кое се одржа на 27 ноември 2019 во Брисел. Во посета на училиштето СОСУ„Св.Кирил и Методија“-Охрид, беше Г-дин Роман Хакен, член на Европскиот економски и социјален комитет, за да подготви делегација на студенти на трибината „Твоја Европа, Твој збор“ (Your Europe Your Say), за Европската младина која ќе се одржи подоцна во Брисел во март 2020 год . Г-дин Хакен ќе работи со нашите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top