Ознака: Кирил

kiril i Metodij

Одбележан денот на сесловенските просветители

Post Views: 10 Општина Охрид со низа свечености достојно го одбележа 24 мај денот на сесловенските просветители Св. Кирил И Методи. Пригодна манифестација се одржа на плоштадот пред спомен одбележјето на Св. Кирил И Методи, на која свежо цвеќе положија, но и се поклонаа Делегации на општина Охрид, јавните пртпријатија, основните и средните училишта, но и од политичките партии. Браќата Кирил и Методиј, пред 11 векови од Солун, по желба на Византискиот цар Михајло, а на молба од Моравскиот кнез Ростислав, добиле задача како монаси – мисионери да одат во Моравија и таму да го проповедат...

Continue reading

Ohridsko ezero

Во водите на Охридското Eзеро забележана маслена дамка

Post Views: 1 Во водите на Охридското Езеро, во близина  на кејот,   викендов е забележана маслена дамка. Дамката била со мала густина, во радиус од 100 метра и се протегала на потегот од хотел Палас до споменикот на Св. Кирил и Методиј. На терен веднаш излегла екипа од Центарот за јавно здравје на повик од државниот инспектор за животна средина. Екипата ја измерила концентрацијата на кислород и било констирано дека е на долна граница, но во границите на нормалата. Специјaлистот броматолог Сашо Точко  вели дека зеле по 2 примероци од нафтената дамка за хемиско и микробиолошко испитување....

Continue reading

spomenik

Чествување на словенските просветители, Кирил и Методиј

Post Views: 1 Македонија денес го слави денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј. Овој неработен ден Охриѓани го искористија за да го посетат споменикот на Кирил и Методиј, да се поклонат и да положат цвеќе пред светителите. Свечената програма започна во 11 часот пред споменикот за да продолжи на плоштадот со обраќање на градоначалникот Петрески. Тој даруваше околу шеесетина деца од основните училишта од Охрид кои изминатава година се закитиле со награди на многу државни и меѓународни натпревари. По повод овој голем национален празник беше организирана и културно-уметничка...

Continue reading

Sv Kiril i Metodij

Во чест на Св. Кирил и Методиj

Post Views: 7 Поклонение пред бистата на браќата Кирил и Методиj. Во чест на празникот Св.Кирил и Методиј, локалната самоуправа продолжувајќи ја традицијата и годинава организраше пригодна свеченост пред спомен одбележјето на Кирил и Методиј, но и на градскиот плоштад. Утрово покрај делегацијата на локалната самоуправа,  предводена од градоначалникот Александар Петрески, букети цвеќе положија и советниците, претставници од ОО на СДСМ, ОК на ВМРО ДПМНЕ, делегации од основните и средните училишта, како и делегации од други институции. На свеченоста присуствуваше и бугарскиот конзул...

Continue reading

logo

Изостана честитката од Нанче до неговиот против кандидат Петрески

Post Views: 9 „Зад нас е уште еден изборен циклус на локалните избори и нема да ја коментирам  одлуката на ДИК до која поднесовме приговори“  истакна Кирил Трендафилов Нанче на денешната прес конфренција. Со изборот на старо новиот грaдоначлник не очекувам промени и генерално овој избор ќе е на штета на Охрид додаде тој. Нанче истакна дека не се  чувствува како губитник на овие локални избори. Кирил Трендафилов упати благодарност до сите граѓани кои го дале својот  глас за него. Тоа за мене  е обврска,  да работам и понатака заедно со Владата за   реализација на  ветените проекти...

Continue reading

Kiril Trendafilov

Нанче задоволен од изборните резултати

Post Views: 4 Кандидатот за градоначалник на Охрид на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Трендафилов – Нанче изјави дека е задоволен од излезноста на Охриѓани на изборите.  „Резултатите се одлични. Ќе имаме мнозинство во Советот на Охрид, во вториот круг на изборите ќе влеземе со предност, ќе имаме градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и претседател на државата кој влегува со огромна предност во вториот круг, така што ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на сите фронта во вториот круг“, истакна Нанче по објавувањето на повеќе од 50 отсто од обработениот изборен материјал. Тој...

Continue reading

Kiril Trendafilov

Мора да се соработува со невладиниот сектор

Post Views: 2 Кирил Трендафилов Нанче максимално ќе соработува со невладиниот сектор во градов, се со цел да направи успешна општина. Денес тој со претставници на невладините организации разговараше за актуелните проблеми со кои се соочуваат. „Во ситуација кога имате ограничени човечки ресурси секоја идеја на добронамерен граѓанин е од корист за работата на општината. Таа ќе функционира врз база на проекти“, рече кандидатот за градоначалник Кирил Трендафилов Нанче,на средбата со  претставниците од повеќето охридски невладини организации. Претставникот на здружението на жени „Бисера“...

Continue reading

Kiril Trendafilov

Охрид побогат за уште еден универзитет

Post Views: 7 Кирил Трендафилов Нанче најавува отворање на нов универзитет во Охрид. За новиот универзитет веќе се издвоени средствата, но сеуште не е утврдено неговото име. На денешниот прес, кој се одржа во хотелот Ривиера, кандидатот за градоначалник од владеачката партија ВМРО ДПМНЕ Кирил Трендафилов Нанче, најави отварање на нов универзитет за Информатички технологии во Охрид. Во универзитетот се предвидува да предаваат професори од неколку странски држави.  Со ваквиот чекор се отвора можноста Охрид да прерасне во универзитетски град. „Од вчера универзитетот за информатички...

Continue reading

Kiril Trendafilov

Охрид ќе биде Е-општина

Post Views: 8  „Желба ми е да направам Е – општина,мала ефикасна и достапна за секого“,- рече кандидатот за градоначалник  Кирил Трендафилов Нанче. Тој денеска ги слушна проблемите на пазарџиите и  стопанствениците. Од оваа партија денес излегоа и со низа прашања до градоначалникот Александар Петрески „Доколку бидам избран за градоначалник ќе направам се да профункционира општинската администрација, затоа што таа е во служба на граѓаните“, рече кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Кирил Трендафилов Нанче. Генерално моја интенција е да направам електонска  општина, која...

Continue reading

Kiril Trendafilov

Кирил Трендафилов Нанче кандидат за градоначалник

Post Views: 6 Кирил Трендафилов Нанче официјално претставен како кандидат за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО ДПМНЕ. „Во изминативе четири години многу работи се пропуштени, ние тоа мора да го надоместиме, за што ќе треба многу ангажман“, изјави Трендафилов. Советничката листа на оваа партија за Охрид се уште не е објавена, ќе се знае најдоцна до 3 февруари на полноќ. „После подолги анализи и  истражувања на мислењето на граѓаните на град Охрид, одлучивме за кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ за Охрид да биде Кирил Трендафилов Нанче“, рече претседателот...

Continue reading

Kирил Трендафилов

Конечно кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ

Post Views: 18 Кирил Трендафлиов Нанче и официјално кандидат за градоначалник на најголемата владеачка партија во Охрид. Ова за ТВМ го потврди пратеникот Александар Николовски кој воедно е и член на извршниот одбор на партијата. На одлука донесена на седницата на Извршниот комитет на партијата, синоќа во Скопје, и прифатена од сите најголеми партиски органи, заврши неколку месечната потрага на ВМРО-ДПНЕ за вистинскиот кандидат за градоначалник за нашиов град. Инаку и на овие локални избори копјата ке ги вкрстат истите „играчи“ од пред четири години кои влегоа во вториот круг. Останува...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top