Нанче задоволен од изборните резултати

Кандидатот за градоначалник на Охрид на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Трендафилов – Нанче изјави дека е задоволен од излезноста на Охриѓани на изборите.

 |  информативна  | 
Kiril Trendafilov
Кирил Трендафилов

Кандидатот за градоначалник на Охрид на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Трендафилов – Нанче изјави дека е задоволен од излезноста на Охриѓани на изборите. 

izbori„Резултатите се одлични. Ќе имаме мнозинство во Советот на Охрид, во вториот круг на изборите ќе влеземе со предност, ќе имаме градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и претседател на државата кој влегува со огромна предност во вториот круг, така што ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на сите фронта во вториот круг“, истакна Нанче по објавувањето на повеќе од 50 отсто од обработениот изборен материјал.

Тој даде позитивна оценка за спроведените избори кои ги оцени како одлично спроведена работа за Македонија, нагласувајќи дека тоа е уште една препорака до Европската унија дека Македонија може да одработи коректни и достоинствени избори.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top