Ознака: Кирил

Градоначалникот Кирил Пецаков и амбасадорот Дејвид Гир во посета на поранешна касарна

Post Views: 3 Евроамбасадорот Дејвид Гир во рамки на посетата на Југозападниот регион денеска оствари средба со Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и ја посети поранешната касарна каде е предвидено да се реализира проектот „OHRID GO“ поддржан од ЕУ. Општината преку овој проект сака да ја трансформира оваа област од над 20 хектари и 6 згради во рекреативен и деловен центар кој ќе ги привлече охриѓани, туристите и инвеститори, како рекреативна зелена зона и центар за иновативни бизниси. Градоначалникот Пецаков и претставници од ТЛЕР на Амбасадорот Гир му ги презентираа визиите за...

Continue reading

Нов образовен профил од следната година во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“

Post Views: 4 СОСУ “Св. Кирил и Методиј” Охрид од следната година воведува нов образовен профил, техничар за е-трговија и дигитален маркетинг. Дијалогот на МОН со бизнис заедницата, општините и училиштата „Учи паметно, работи стручно“ ја исполни целта. Бизнис заедницата и економските училишта покренаа иницијатива – институциите препознаа. На наше задоволство, чест ни е да упатиме огромна благодарност за разбирањето и целокупната поддршка од бизнис заедницата, локалната самоуправа, МОН, Секторската комисија за квалификациите од Секторот Економија, право и трговија...

Continue reading

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ГО ПОСЕТИ ЦЕНТАРОТ ЗА ТРЕТМАН НА ДЕЦА СО АУТИЗАМ

Post Views: 12 Во посета на Центарот за третман на деца со аутизам кој функционира во просториите на Општа болница Охрид, беше градоначалникот Кирил Пецаков. Од страна на вработените беше запознаен со начинот на фукционирање и работење на Центарот, но и за нивните потреби. Локалната самоуправа се обврза да изнајде начин за субвенционирање кој ќе биде финасиско олеснување на родителите чии деца го посетуваат Центарот. Дополнително она што било обврска на Општина Охрид за изградба на нови пристапни скали, а не се реализирани досега, во најкус рок ќе се пристапи кон реализација. Носител...

Continue reading

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ОХРИД СОС

Post Views: 2 Денеска, градоначалникот Кирил Пецаков, оствари средба со претставници на „Охрид СОС“. Целта на средбата беше во насока на воспоставување подобра комуникација која ќе резултира со идеи и проекти кои ќе бидат во интерес на градот. На средбата градоначалникот ги информираше за тековните проекти што се реализираат, како и за идните проекти и за активностите кои се преземаат за заштита на животната средина во текот на нивната реализација. Дискутирани беа повеќе идеи и предлози кои претставниците на „Охрид СОС“ ги презентираа. Заеднички беше констатирано дека ваквите средби...

Continue reading

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ЈА ПОСЕТИ ПЛАНИНСКАТА СПАСИТЕЛНА СЛУЖБА

Post Views: 5 Градоначалникот Кирил Пецаков во придружба на Претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев и Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески оствари посета на Планинската спасителна служба. Градоначалникот Пецаков се запозна со целокупната опрема и стручниот кадар со кои располага службата за спасување. На средбата со членовите на службата беше разговарано за тековните проекти, како и за подготвеноста за делување на непристапен планински терен. Заеднички беше заклучено дека Службата за спасување на планина е од исклучително значење за подигнување на нивото...

Continue reading

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА ИРЕНА СТЕФОСКА

Post Views: 4 Денес, на работна средба со градоначалникот Кирил Пецаков, беше Министерката за култура Ирена Стефоска. На средбата беше разговарано за активностите што се реализираат, како и за активности кои треба да се преземат во насока на зачувување на статусот заштитено подрачје од УНЕСКО. Градоначалникот ја информираше Министерката за чекорите кои што Локалната самоуправа ги презема и за средбите што ги остварил со претставници на институции поврзани со оваа тематика. Министерката за култура истакна дека Министерството целосно стои на располагање на Општина Охрид за сите активности...

Continue reading

Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ неработен за сите граѓани

Post Views: 0 Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, 24 Мај (понеделник), е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството на сите граѓани во Република Северна Македонија им го честитаат празникот „Св.Кирил и Методиј”, Денот на сесловенските просветители.

Continue reading

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТОПАНСКА КОМОРА БРАНКО АЗЕСКИ

Post Views: 9 Денеска, градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. На средбата претседателот Азески му го честиташе изборот за нов градоначалник на Охрид и му посака успех во неговата работа. Се разговараше и за прашањата поврзани со децентрализацијата, потенцијалите за заеднички проектни активности во рамки на програмите на ЕУ, Коморскиот инвестициски форум и другите меѓународни организации. Охрид, како најголем туристички центар има одлична соработка со здружението на угостителството и туризмот при СКСМ и затоа...

Continue reading

Градоначалникот Кирил Пецаков изрази сочувство до семејствата на настраданите

Post Views: 11 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, преку социјалните мрежи упати сочуство до семејствата на загинатите во трагичната несреќа која се случи на територијата на Бугарија. “Тага, болка, солзи, непребол…Ова е голема трагедија, црн ден за Македонија.Сочувство до семејствата на загинатите”, напиша Пецаков на Фејсбук.

Continue reading

grob

Во Рим почнува манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“

Post Views: 14 Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ја предводи државно – црковната делегација, која од денеска до недела ќе престојува во Рим на традиционалната манифестација „Македонија во чест на свети Кирил“. На манифестацијата ќе присуствува и министерката за култура Елизабета Канчевска – Милевска. Црковната делегација ја предводат поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан и скопскиот бискуп на Католичката црква Киро Стојанов. На македонската делегација ќе и се придружи и хуманитарниот караван „Мајка Тереза“ предводен од Марјан  Георгиев,...

Continue reading

СОСУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА КАМПОТ НА ИНОВАЦИИ 2021

Post Views: 1 Џуниор Ачивмент Македонија ја прифати апликацијата на Средното Општинско Стручно Училиште „Св.Кирил и Методиј” да биде домаќин на Кампот на иновации 2021. Со тоа, училиштето доби можност за вмрежување и воспоставување соработка со други средни училишта од земјата и регионот, кои се дел од семејството на Џуниор Ачивмент. Исто така, доби признание за учество и организација на ваков тип активност и ќе биде промовирано на социјалните медуми на Џуниор Ачивмент Македонија. Со учество на ваков тип активност, СОСУ „Св.Кирил и Методиј” директно влегува во изборот...

Continue reading

Зафати на реконструкција во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“

Post Views: 0 Во тек се обемни зафати на реконструкција во охридското средно економско училиште. Во реконструкцијата е опфатено промена на целокупната стара и дотраена столарија со нова и енергетски ефикасна, а се изврши и молерисување на внатрешноста на сите простории во училиштето. Дополнително за прв пат се постави целосно нова компјутерска мрежа, односно се изврши каблирање на училиштето со што сега ќе има стабилна интернет конекција. Увид во зафатите, денес, изврши градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, кој потенцираше дека ваквиот однос кон училиштата ќе продолжи и...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top