Чествување на словенските просветители, Кирил и Методиј

Охрид денес беше центар на прославата на денот на сесловенските браќа, Кирил и Методиј. Градот кој е носител на духовноста и писменоста на македонскиот народ им оддаде почит на двајцата просветители одбележувајќи го 24 Мај со положување на цвеќе, посета на споменикот од делегации на општината како и културно-уметничка програма во која учествуваа дечиња од градинките и основните училишта.

 |  Мишел Наумоски  | 
spomenik
spomenik

spomenik Македонија денес го слави денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј. Овој неработен ден Охриѓани го искористија за да го посетат споменикот на Кирил и Методиј, да се поклонат и да положат цвеќе пред светителите. Свечената програма започна во 11 часот пред споменикот за да продолжи на плоштадот со обраќање на градоначалникот Петрески. Тој даруваше околу шеесетина деца од основните училишта од Охрид кои изминатава година се закитиле со награди на многу државни и меѓународни натпревари.

poetot RshumovicПо повод овој голем национален празник беше организирана и културно-уметничка програма во која главни актери беа дечињата од охридските градинки и основни училишта. Тие со нивниот весел танц ем ги забавуваа возрасните ем им покажаа како се одбележува денот на словенските просветители. Пред Охридската публика уште еднаш се појави и српскиот поет Љубивоје Ршумовиќ кој изрецитира едно од своите дела. 24 Мај или Денот на словенските просветители, браќата Кирил и Методиј доби свое достојно одбележување. Сесловенските браќа својата просветителска улога ја добиваат тргнувајќи на добро познатата Моравска мисија, мисија чија цел беше да ја посее писменоста меѓу народот и да ги христијанизира Сарацените, Хазарите, Моравските Словени, Бугарите, Русите и другите народи на исток и север од Византија и да им ја наметнат византиската црковна власт. Оваа мисија им го дава епитетот Апостоли на Словените, име под кое ги славиме секоја година на 24 Мај.

podaroci za uspeshnite

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top