Кирил Пецаков е новиот Градоначалник на Охрид

Градоначалничкиот мандат охриѓани му го доверија на Кирил Пецаков од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“. Излезноста на граѓаните во вториот изборен круг е поголема, а неважечките ливчиња кои завршиле во избирачките кутии се движи скоро исто како првиот круг и изнесува 3 проценти.

 |   | 

Кирил Пецаков е новиот градоначалник на Општина Охрид. Мнозинството охриѓани одлучи Пецаков да го води градот во следните четири години. Според сеуште неофицијалните податоци од општинската изборна комисија, излезноста на граѓаните во вториот изборен круг е 59,31 отсто, информира Предраг Васојевиќ, заменик претседател на Општинската изборна комисија.  

Од запишаните 52.477 гласачи во избирачкиот список во Општина Охрид на гласање излегле 31.122 гласачи. Неофицијално, 32,38 отсто од гласачите гласале за Кирил Пецаков од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, а 25,13 % од излезените гласачи гласале за Константин Георгиески и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ – истакна Васојевиќ.

На гласачките места, во избирачките кутии, завршиле 941 неважечко гласачко ливче. Процентот на неважечките ливчиња е 3,02 отсто, кажува Васојевиќ. Тој споделува како се движи процентот на неважечките ливчиња во првиот и вториот изборен круг.

Бројот на неважечките ливчиња е  сличен во двата круга. Овој пат излезноста е поголема. Ако во првиот круг излезноста беше 56,5 отсто сега е 59,31 отсто или околу 3 проценти е поголема во вториот круг – додава Васојевиќ.

Во тек е временскиот рок за поднесување на приговори. До овој момент до ОИК не се доставени приговори од граѓани или политички партии за било какви нерегуларности во текот на изборниот ден.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top