Ознака: исхрана

makedonska hrana

Како се хранат македонците

Post Views: 0 Македонското население се храни избалансирано во однос на консумирањето житарки, леб, млечни и месни производи, овошје и зеленчук, но не внесува доволно риба, свежо овошје и зеленчук, интегрални производи од житарки, ореви и семки, покажуваат анализите на Републичкиот завод за здравствена заштита. Месните преработки во секојдневната исхрана се застапени со околу 21 отсто, а на мастите, маслата и слатките отпаѓа поголем процент. Сол во просек се внесува од 10 до 16 грама дневно што е висока количина ако се земат предвид препораките. Според анализите, Македонците дневно...

Continue reading

insekt

Европејците до 2020 ќе се прехрануваат со инсекти

Post Views: 0 Пржени скакулци, печени мравки или супа од скакулци, во иднина може да бидат дел од редовното мени на Европејците. Според една студија, еден мал скакулец во неговото тело содржи 20 проценти белковини и само шест отсто масти. Колку за споредба говедското месо има 24 проценти протеини, а околу 20 проценти отпаѓаат на мастите. Научниците тврдат дека скакулците се богати со калциум, термитите со железо, а гасениците се добар извор на бакар и рибофлавин. Инсектите произведуваат помалку емисии на стакленички гасови и бараат помалку храна од добитокот. – До 2020 година,...

Continue reading

danok na fast food

Данок на чипс

Post Views: 1 Унгарскиот Парламент усвои нов данок, со кој треба да се спречи дебелеењето на населението, односно да ги натера граѓаните да водат поздрав живот. Согласно одлуката на Парламентот прекумерно солените и слатките готови производи, како и оние кои содржат премногу јагленохидрати и кофеин ќе бидат подложени на специјално оданочување, кое во Унгарија се нарекува „данок на чипс“. Во образложението на одлуката за усвојување на новиот данок Парламентот истакнува дека оваа мерка е донесена, бидејќи здравствената состојба на Унгарците е лоша. Направените студии изминативе години...

Continue reading

makaroni

Бесплатни макарони за најсиромашните Словаци

Post Views: 5 Во Словачка секојдневно растат цените на прехранбените производи. Затоа владата реши да ги искористи државните резерви на житарици. Брашно и тестенини, од април годинава, ќе им се делат бесплатно на најсиромашните. Макарони и шпагети не се вообичаен дел од секојдневната исхрана на Словаците. Но, сиромашните сега ќе бидат принудени да го променат начинот на исхрана. Владата во Братислава ги отвора државните резерви на житарици. Брашно и тестенини ќе се делат бесплатно, вели словачкиот министер за земјоделство Шолт  Шимон. Според податоци на одговорните служби, околу...

Continue reading

flamengo

Француската кујна и фламенкото заштитени од УНЕСКО

Post Views: 1 Хрватското ојкање, медитеранската исхрана, француската кујна, кинеската акупунктура и шпанското фламенко се најдоа на листата на УНЕСКО на светски нематеријални наследства вредни да се заштитат. На листата на традиции стари со векови чие опстојување е загрозено од глобализацијата и урбанизацијата се најдоа и древниот ујгурски танц, турските борби во масло, технологијата за изградба на непропустливи прегради во традиционалните кинески бродови и техниката на принтање од кинекската провинција Жеџијанг. “Не сакаме нештата да бидат заглавени во минатото, туку да ги зачуваме...

Continue reading

grobishta

Се намалува животниот век на македонците

Post Views: 1 Животниот век во Македонија драстично се намалува. Само за пример во тетовско секојдневно се објавуваат некролози на починати лица, најчесто во третата или четвртата деценија од животот. Од градските православни гробишта тврдат дека е зголемена бројката на погреби но, загрижува податокот дека голем дел од нив, не ја надживеале нути средната доба од животот. Семејствата на упокоените помлади лица, велат дека смртта настапила ненадејно или по добиен мозочен удар или од проблеми со крвниот притисок. Од Центарот за јавно здравје Тетово, велат дека општите податоци говорат...

Continue reading

japonska kujna

Јапонците се нацијата која најздраво се храни

Post Views: 10 На листата на земји според достапноста, квалитетот и разновидноста на храната водат Холандија, Јапонија, Нов Зеланд и САД, покажа истражувањето на меѓународната организација за борба против сиромаштијата – OKSFAM. Меѓу земјите со најнизок рејтинг се Република Чад и низа други земји од Африка. Холандија, Франција и Швајцарија се лидери во “правилната исхрана”. Таму жителите јадат разновидна, корисна и евтина храна. Во таа смисла, тешко дека може да и се најде замерка на Европа. Првите 20 места од листата ги завземаат токму Европјаните, покрај Австралија....

Continue reading

dieti

Брзи диети, брзо слабеење, a потоа брзо во болница

Post Views: 7 Со доаѓањето на пролетта, сите полека почнуваме да размислуваме за летото, гардеробата ни станува полесна, а килограмите кои речиси сите сме ги ставиле за време на зимскиот период, стануваат проблем кој почнува да ги преокупира нашите мисли. Згора на ова рецептите за диети и рекламите за средства за слабеење не бомбардираат од сите страни. Протеинска, овошна, лимонова, аткинсонова,лунарна, десетдневна, се само некои од диетите, за кои женскиот дел од популацијата најмногу коментира. Оние кои ја зголемиле телесната тежина во текот на зимата, сега во паника се обидуваат...

Continue reading

прва помош

Охриѓани се повеќе се свртуваат кон здрав начин на исхрана

Post Views: 1 Охриѓани се повеќе стануваат свесни за поврзаноста на здравата исхрана, изборот на стилот на живеење и доброто здравје. Граѓаните се повеќе ги менуваат навиките во исхраната и избираат здраво да се хранат. Ккао што напомнеуваат во исхрнаат повеќе внесуваат зеленчук, овошје, риба. Во Охрид продавницата Биокосмос е едно од продажните места каде што може да се најде голем избор на здрави прехранбени продукти, истакнува  нивниот застапник Христина Шутароска. Пред една година кога  стартувале со продажба на здрава храна граѓаните биле скептични, но денес навикте се менуваат. „...

Continue reading

ucenik

Лошата исхрана и недоволната физичка активност го земаат својот данок кај учениците

Post Views: 2 Специјалистите по школска медицина на  систематските прегледи кај  училишните деца од регионов констатирале  нарушување на телесната тежина. Ова го покажуваат статистичките податоци од охридскиот регионален Центар за јавно здравје кој ги покрива општините Охрид, Струга, Дебарца, Дебар и Вевчани.  Во текот на 2014 година со систематски прегледи биле опфатени околу 98 проценти од учениците, напоменува д-р Слободанка Коцевска од охридскиот Центар за јавно  здравје. Податоците  укажуваат дека лошата исхрана и недоволната физичка активност  го земаат својот данок кај  учениците. „...

Continue reading

odmor

Кои лекови мора да ги понесете на одмор?

Post Views: 13 Цела година го чекаме тој  годишен одмор, па кога конечно ќе дојде, трчаме на плажа, бели, навикнати на гардероба и климатизирани простории, а ненавикнати на целодневно Сонце, бубачки, ежови, поинаков режим на исхрана, пониски хигиенски услови…Доколку со себе немате адекватна помош, сево ова може да ви го претвори летувањето во ноќен кошмар. Не зачудува тоа што токму на летување често се заразуваме од стомачни вируси или настинка и сме лесен плен на комарците. И токму кога треба да уживаме, ние боледуваме: според статистиките човекот на годишен одмор просечно...

Continue reading

Зголемен бројот на барања за исхрана во народна кујна во Охрид

Post Views: 0 80 лица секојдневно по топол оброк влегуваат во „Народната кујна“, во студенскиот дом „Никола Карев“, во Охрид. Овие кујни се од егзистенцијално значење за многу семејства, вели првиот човек на Центарот за социјална работа, Екрем Каљоши. Додава дека бројот на корисници на народната кујна постојано варира, но годинава бележат поголем број барања за користење на оваа помош. „Во текот на летото имавме една нова динамика односно добрар дел од корисниците кои ги добиваа услугите се откажаа од храната, истовремено имаме и нови барања, така да во моментов ние имаме донесено...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top