Бесплатни макарони за најсиромашните Словаци

Во Словачка секојдневно растат цените на прехранбените производи.

 |  Мajа Савиќ  | 
makaroni
макарони

Во Словачка секојдневно растат цените на прехранбените производи. Затоа владата реши да ги искористи државните резерви на житарици. Брашно и тестенини, од април годинава, ќе им се делат бесплатно на најсиромашните.

Макарони и шпагети не се вообичаен дел од секојдневната исхрана на Словаците. Но, сиромашните сега ќе бидат принудени да го променат начинот на исхрана. Владата во Братислава ги отвора државните резерви на житарици. Брашно и тестенини ќе се делат бесплатно, вели словачкиот министер за земјоделство Шолт  Шимон.

Според податоци на одговорните служби, околу четиристотини илјади Словаци треба да добијат бесплатна храна. Тоа се околу 70 килограми по човек. Но, тоа е петпати повеќе од досегашната просечна  потрошувачка од државните резерви на житарици. Поради ова се огласи опозицијата во земјата и ги критикува плановите на владата со доза на разочарување и потсмев.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top