Охриѓани се повеќе се свртуваат кон здрав начин на исхрана

Охриѓани се повеќе се свртуваат кон  здрав начин на исхрана.

 |  Валентина Неловска  | 
прва помош

Охриѓани се повеќе стануваат свесни за поврзаноста на здравата исхрана, изборот на стилот на живеење и доброто здравје. Граѓаните се повеќе ги менуваат навиките во исхраната и избираат здраво да се хранат. Ккао што напомнеуваат во исхрнаат повеќе внесуваат зеленчук, овошје, риба.

здравјеВо Охрид продавницата Биокосмос е едно од продажните места каде што може да се најде голем избор на здрави прехранбени продукти, истакнува  нивниот застапник Христина Шутароска. Пред една година кога  стартувале со продажба на здрава храна граѓаните биле скептични, но денес навикте се менуваат.

„ Купувачите  се задоволни од производите што ги нудиме и побарувачката расте. Во нашата продавница купуваат луѓе што се грижат за своето здравје, а ние сме тука да споделиме најразлични совети со нив во врска со  производите“, напоменува Шутароска.  

Во одбележување на светскиот ден 7 април традиционално се вклучува и ОО Црвен крст. Волонтерите од охридскиот црвен крст имаа показни вежби од давање на прва помош, а граѓаните имаа можност да се вклучат и да научат нешто повеќе, напоменува волонтерот од оваа организација Младен Божиноски.

прва помош

„ Ставивме акцент на правилно, безбедно, ефикасно, одговорно укажување на прва  помош во секоја акција. Секој приустен можеше да работи на фантомите, кукли, да види  дефибрилатор , преврски.Првата помош  е една важна вештина во животот која би било добро сите да ја  знаат“, укажува Божиноски.           

Покрај промотивните активности за здрав животен стил за подобрување на квалитетот на животот, граѓаните на охридскиот плоштад може да добијат и бесплатни здравствени  прегледи. Може да измерат шеќер во крвта, крвен притисок, а се правеше и Екг, како и тестови за ХИВ И хепатит Ц.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top