Зголемен бројот на барања за исхрана во народна кујна во Охрид

Годинава охридскиот Центар за социјална работа бележи поголем број барања за користење на исхрана во Народната кујна. Списокот е лимитиран, може да претрпи само одредени измени, односно на место на оние кои по различна основа им престанало да важи тоа право да се вметнат нови, објаснува директорот Екрем Каљоши.

 |  Николоска Биљана  | 

80 лица секојдневно по топол оброк влегуваат во „Народната кујна“, во студенскиот дом „Никола Карев“, во Охрид. Овие кујни се од егзистенцијално значење за многу семејства, вели првиот човек на Центарот за социјална работа, Екрем Каљоши. Додава дека бројот на корисници на народната кујна постојано варира, но годинава бележат поголем број барања за користење на оваа помош.

„Во текот на летото имавме една нова динамика односно добрар дел од корисниците кои ги добиваа услугите се откажаа од храната, истовремено имаме и нови барања, така да во моментов ние имаме донесено 15 решенија за престанок на правото на користење на исхрана во студенскиот дом и во наредне период очекуваме да ги вклучиме новите корисници со тоа што ќе стигниме до една бројка 80 која што е прифатена за корисници за Охрид“  – вели Каљоши.

Користењето на услугите на „Народната кујна се врши под надзор на ЦСР. Каљоши појаснува на што се должи промената на списокот на корисниците на исхрана во народната кујна.

„Некои од лицата се откажуваат од користење на правото, поради тоа што го изгубиле правото на социјална заштита, значи не се на списокот на корисници на ранливите категории, други пак поради промена на материјалната состојба. Списокот се ревидира и до бројката која е одредена се вметнуваат нови корисници“ – објаснува Каљоши.

Овој проект отпочна во 2007 година и на територијата на Република Македонија досега се отворени 47 Народни кујни во кои се опфатени околу 4000 лица кои ги користат услугите од народните кујни. Инаку Каљоши информираше дека охридскиот центар паралелно работи уште на неколку проекти „На секое дете му е потребно семејство“, „Деца на улица“, „Отворени денови на системот за социјална заштита“, „Условениот паричен надомест“, „Топол дом“ и други.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top