Ознака: имаме

posta

Охридската пошта кубури со кадар

Post Views: 7 Охридската пошта кубури со поштари и шалтерски работници. Дека има потреба од нови вработувања потврдува и директорот на Македонска пошта подружница Охрид, Сејфула Хани. Во моментов околу 20 работни места се празни и потребно е нивно потполнување. Првиот човек на охридската подружница  додава дека прават напори за брзо време да се надмине овој горлив проблем и веќе од Министерството за финансии чекаат согласност за нови вработувања. „Според законот имаме монопол за поштенски услуги,  посебно за работата што ја вршат поштарите за доставувањето и мислам дека тука имаме...

Continue reading

inv

Маргинализирани проблемите на охридските лица со телесен инвалидитет

Post Views: 15 Сите здруженија на лицата со телесен  инвалидитет од Охрид го одбележаа 3 декември. Заедницата се присетува на нас само на овој ден , а ние сме тука и живееме 365 ден во годината,  ги потсети надележните институции од името на охридските  здруженија со телесен инвалидитет, Венко Голабоски. Повика надлежните институции да имаат разбирање и да ги сфатат проблемите на  оваа категорија сограѓани.„ Инвалидите не живета само едне ден  и се дел од ова општество.Да не се маргинализираат ид аим се скратуваат нивните права ипотреби. Не сите инвалиди се со ист степен и вид на...

Continue reading

tomograf

Компјутерскиот томограф во охридската општа болница работи успешно

Post Views: 4 Томографот во општа болница Охрид работи под полна пареа. Апаратот работи една смена, во текот на денот и 24 часа на повик.  Се реализираат и по 25 компјутерски снимања на пациенти во денот. Таа бројка некогаш достигнува и повеќе од техничките и умствените можности на екипата, па  имаме реалзирано и до 36 пациенти во еден ден во текот на 6 работни часа, информира д-р Софка Маленко специјалист по радиодијагностика.  Во последните месеци имаше премногу пациенти и  работа, а имаше недостиг од радиолози. Многу ретко се случува да има залутани пациенти со  неоправдани снимања...

Continue reading

Sovet

Локалната задоволна од остварените приходи, опозицијата смета дека се кастрат развојните програми

Post Views: 2 Проектираниот буџет на општина Охрид денес намален за 21 процент во однос на она што било замислено. Од локалната самоуправа причината за тоа ја гледаат пред се во неможноста во оваа фискална година да ги добијат на општинска сметка парите од добиениот кредит од Светска банка. „Она што можам да кажам за буџетот на општина Охрид е дека буџетот е стабилен, од приходната страна сме апсолутно задоволни во секоја смисла. Имаме мало потфрлање на две ставки како што знаете подолго време надоместокот за уредување на градежно земјиште не ги дава очеквуаните и проектираните резулати,...

Continue reading

penzioneri

Пензионерите од Дебрца формираа посебно здружение

Post Views: 4 Засебно здружение формираа пензионерите од општина Дебрца. Сисое Иваноски е новиот претседател на  Здружението на пензионери на Дебрца. Со основачкото Собрание тие се издвоија од  Здружение на пензионери од Охрид и Дебрца. Иваноски кажува дека претходно спровеле  анкета со пензионерите од  нивната општина. Над 70 проценти од анкетираните жители дале согласност да се издвојат од досегашното здружение  на пензионери. Иваноски ги наведува и причините за  ваквата одлука.„ Имаше незадоволство од екскурзиите кои ги преземаше здружението во Охрид. Нити еден наш пензионер не...

Continue reading

informatijada

Спорт, дружење, програмирање и можност за бизнис идеи на првата Информатијада 2014

Post Views: 7 Пет дена програмирање, играње на сајбер игри, натпревари во фудбал, кошарка, одбојка, шах, пинг понг на првата Информатијада 2014та. Студентите од универзитетите со информатички насоки од земјава се собраа на едно место со цел да ги покажат своите знаења во областа на информатиката и спортовите. Освен спортскиот и научниот дел, студентите ќе имаат можност и да го демонстрираат она што го сработиле, нивните апликации и програми пред претставници од бизнис секторот кои ги поддржаа овие студентски игри. „Информатијадата е составена од три дела, едукативен дел, научен дел...

Continue reading

logo

Премиера на детската театарска претстава „Пат околу светот“

Post Views: 0 Приказната за имагинарните патешествија на група деца околу светот, насловена како „Пат околу светот“, претставена преку  тетарската игра на актерите на Охридскиот Народен Театар, а во режија на Драгана Таневска, започнува промоцијата на терминот кој Охридскиот театар, ќе им го посвети на најмладите. Драгана Танеска, режисер на претставата истакна дека ова е една несекојдневна приказна за која секое дете мечтае, а тоа е барем за миг со својата фантазија да отпатува далеку и да го види светот. „Нашата претстава „Пат околу светот“ е патување низ детската имагинација и...

Continue reading

sovetuvaliste

Само еден здравствен работник од Охрид ги остави цигарите во рамки на Советувалиштето за откажување од пушење

Post Views: 8 62ца здравствени работници и тоа доктори, медицински сестри, фармацевти, акушери, лаборанти се пријавиле за групните советувања во Советувалиштето за откажување од пушење кое летово започна да функционира во рамките на Центарот за јавно здравје од Охрид. Од крајот на јуни, досега, во охридското советувалиштето биле одржани девет обуки со што истото го држи првото место според проценките на Институтот за јавно здравје. На поканата на Советувалиштето за учество во групните советувања се одзвале неколку приватни и скоро сите јавни здравствени установи од градов, со исклучок...

Continue reading

sednica

Информациите од Локалната Охрид, за некои лесно достапни, за некои потешко

Post Views: 10   Граѓаните на Охрид на разни начини преку медиумите, избраниците во градскиот совет  дирекно во локалната администрација бараат одговори на прашања поврзани со проблемите кои секојдневно ги тиштат.  Комуналните проблеми, шалтерскот работење во институциите, вработувањето како и проблемите од сферата на урбанизмот сеуште најактуелни кај граѓаните на Охрид.  Во секое време сме достапни и нашите простории се отворени за нашите граѓани вели Илија Арнаудовски координаторот на советниците од ВМРО – ДПМНЕ. „Досега нема, ретко да се случи наидеме на некоја препрека секаогаш...

Continue reading

akademski

Започна новата академска година

Post Views: 3   Со интонирањето на македонската химна денес во просторите на УИНТ „Св. Апостол Павле“ и Факултетот за туризам и угостителство во Охрид се одржа првиот академски час за учебната 2014/2015 година. Можностите кои овие факултети им ги нудат на идните студенти, ги прават, очигледен избор. „Денес ова се бара информатиката, универзитетот е на англиски јазик и има многу отворени работни места за оваа струка. Ќе видиме универзитертот е на англиски јазик, нуди многу можности, ако успеам ќе останам тука, ако не здравје“, велат идните студенти на УИНТ.„Избрав да студирам на факултетот...

Continue reading

imunizacija

Одговорите на прашањата за имунизацијата да се бараат од докторите, а не на интернет

Post Views: 4 Антивакциналното движење кое кај нас стана актуелно последиве неколку години не е ништо ново. Ако истото во САД беше актуелно пред 15 години, во Европа пред 10 година последниве две години крена голема прашина и кај нас па дури стигна и пред Уставниот суд на РМ . Медиумите, социјалните мрежи и најразличните дискусии на форумите придонесоа за актуелноста. Родителите благо речено збунети. Бомбардирани со дијаметрално спортивни  информации. Од оние кои се категорично против имунизацијата до информации кои ја објаснуваат и поддржуваат имунизацијата.  Младите родители, одговорите...

Continue reading

Anonymous ѝ објавија војна на Исламската држава

Post Views: 4 Хакерската група Anonymous почнала кампања против Исламската држава на интернет. Во ексклузивно интервју за France24 еден од членовите на Anonymous рекол дека нивната цел е заштита на беспомошните во сајбер просторот но и во реалниот свет. “Сакаме да предупредиме на тоа дека ситуацијата во Ирак е критична. Исто така, сакаме да обрнеме внимание на фактот дека САД директно или индиректно се виновни за оваа криза во Ирак што ја имаме во моментов. Сакаме да покажеме дека Исламската држава не е исто што и исламската религија”, рекол Anonymous кој се појавил во веќе препознатливата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top