• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Локалната задоволна од остварените приходи, опозицијата смета дека се кастрат развојните програми

Локалната задоволна од остварените приходи, опозицијата смета дека се кастрат развојните програми

Намалувањето на предвидените средства во програмата за образование, јаболко на раздорот на денешната Седница на Советот на општина Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 
Sovet
Совет

Проектираниот буџет на општина Охрид денес намален за 21 процент во однос на она што било замислено. Од локалната самоуправа причината за тоа ја гледаат пред се во неможноста во оваа фискална година да ги добијат на општинска сметка парите од добиениот кредит од Светска банка.

sekretar Spaseski„Она што можам да кажам за буџетот на општина Охрид е дека буџетот е стабилен, од приходната страна сме апсолутно задоволни во секоја смисла. Имаме мало потфрлање на две ставки како што знаете подолго време надоместокот за уредување на градежно земјиште не ги дава очеквуаните и проектираните резулати, а другото најголемо намалување е прилично од техничка природа затоа што во делот за прилив од кредити беа планирани средствата од Светска банка со оглед на тоа што форамлно правно парите нема да се на сметка на буџетот во текот на оваа година.“-вели секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески.
 
Советниците од опозицијата во Советот пак потенцираа дека тие уште при проектирањето на буџетот за оваа година  предупредувале за преамбициозен буџет.

opozicija„Буџетот и оваа како и претходната година, оваа власт не успеа да го исполни. Имаме потфрлање на приходната страна за 21 процент од вкупно планираниот буџет, а сето тоа со едноставни зборови значи дека имаме 21 процент помал потенцијал да се остварат оние зацртани програми во поглед на образованието, средното образование, комуналните дејности, градење на патишта, спорт, култура и сите сфери на работење. Имаме класична ситуација каде што не се обезбедени доволно приходи оваа година.“-рече Јован Стојаноски-Координатор на Сојуз на иднината

Промените во буџетот што според опозицијата значат кастрење на развојните програми пак беа причина за сериозна дискусија пред се околу намалувањата на предвидени средства во програмата за образование. Според советничката од редовите на СДСМ, Жаклина Лазареска, лошата ситуација во образовните институции само дополнително ќе биде вложена со како што вели намалувањето за 37 проценти од претходно предвидените средства.

Sovet na opstina„Дека сме оставиле ние долгови. Тие долгови ги остави Министерот за финансии и колку и да ги убедувате граѓаните, сите овие работи се долг на Министерот за финансии од вашата партија. ВМРО-ДПМНЕ на училиштата низ цела Македонија им должи многу средства, училиштата не се директни должници, најголем должник е Владата на Република Македонија.“-смета Жаклина Лазареска-Советник од СДСМ.

Според секретарот на општината пак лошата ситуација во образованието е дело на претходната локална самоуправа.

„Поткровјето на гимназијата платено беше? Ништо не сте исплатиле, ниту вработените во градинките, ниту во училиштата, за никого не сте се грижеле, сте создавале само долгови, и сега ве чуди кога некој исплаќа, во тоа гледате недоверба, сомнеж.“-изјави секретарот Спасески.

Инаку од претходно предвидениот буџет за оваа година, проектиран на сума од околу 960 милиони денари, по ребалансот на истиот, тој изнесува 769 милиони денари или околу 200 милиони денари помалку.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top