Ознака: земја

Критики поради Твитер

Post Views: 3 Граѓаните мораат да имаат слобода во начинот на изразување. Тоа беше пораката која му била упатена на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган од страна на европските функционери. Тој нанесува штета на целата земја со блокирањето на Твитер, сметаат тие. „Во едно слободно општество на граѓаните е да одлучат како ќе комуницираат, а не на државата“, напишал на Твитер портпаролот на канцеларката Меркел, Штефан Зајберт. По пат на истата мрежа реагирал и шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билт. „Турскиот премиер на само што си нанесува штета на себе, туку и на целата...

Continue reading

Пад на хеликоптер

Post Views: 9 Најмалку две лица загинале кога новинарски хеликоптер кој го користела Комо-Тв од Сиетл, се срушил денес во близина на зградата од оваа телевизиска станица во Сиетл, соопштила пожарникарската служба на овој град. Како што пренесува АР, телевизијата соопштила дека хеликоптерот се приближил до зградата со намера да слета на покривот, но удрил во страничниот ѕид и паднал на земја, удирајќи во неколку возила на улицата. Хеликоптерот и автомобилите се запалиле, а очевидците велат дека се гледа густ чад додека пожарникарите го гасат пожарот. На лице место се наоѓа и полиц...

Continue reading

Референдум за самостојност во септември

Post Views: 7 Лидерот на Шкотска, Алекс Салмонд, кој се залага за независност на таа британска област изјавил дека Шкотска нема да биде странска земја за Англија, и тврди дека британскиот министер за финансии Џорџ Озборн направил „голема грешка“ кога рекол дека Шкотска не би можела да ја задржи фунтата како валута по стекнувањето на независност. Премиерот Алекс Салмонд рекол дека Шкотска и остатокот на британските острови се неразделно поврзани. Шкотланѓаните ќе гласаат за независност на 18-ти септември, наведува АР. Салмонд вели дека изгласувањето независност ќе значи Шкотска да...

Continue reading

voda

Како им се навртевме на светските резерви вода, тешко си на човештвото

Post Views: 1 На светското земјоделство, растенија + добиток, отпаѓа 70% од светската потрошувачка на вода. Со конкретни бројки, за производство на 1 јајце, се трошат 200 литри вода. Но тоа не е се. Погледнете само мал увид за тоа колку бесрамно ја трошиме водата. 1. Парче пица = 159 литри вода 68 литри за брашното, 79,5 литри вода за кашкавалот и речиси 11 литри за сосот. Овие бројки се светски просек и тие варираат од земја до земја. На пример за пица во Франција се троши половина од оваа вода, САД се на ниво на светскиот просек, а Кинезите се над просекот. 2. Дузина јајца = 2.400...

Continue reading

platforma

Почна британско-шкотската „војна“ околу нафтата

Post Views: 2 Шкотскиот премиер Алекс Салмонд ја нарече британската влада „крадец на црното злато” на Шкотска, пишува весникот Индипендент. Салмонд, поранешен економист  во областа на енергетиката, во говорот пред Домот на општините излезе со низа обвинувања упатени на адресата на британската влада. „Лесно беше Вестминстер да ги пополнува дупките во британскиот буџет во последните 40 години, земајќи ги нафтата и гасот на Шкотска. Тие ни велат дека нафтата во Северното Море би била подобро стопанисувана  од голема земја како Велика Британија , наместо мала земја како Шкотска....

Continue reading

kniga

Македонија, земја – трезор на пишаниот збор

Post Views: 3 Македонија е земја – трезор на пишаниот збор уште од античко време и почва на која книгата ја имала најголемата моќ на помирување меѓу народите и бришење на културните разлики. Ова го укажа македонската министерка за култура Елизабета Канческа – Милевска во пораката по повод Светскиот ден на книгата и на авторското право – 23 април. Навраќајки се на ракописите на сесловенските просветители Кирил и Методиј, и делата на нивните ученици Климент и Наум, министерката Канческа – Милевска истакна дека „значајниот пат на македонската книжевност иницирал Македонија отсекогаш...

Continue reading

Република Бугарија од секоја пратка на вакцини против Ковид-19, дел ќе донира и на нашата земја

Post Views: 10 Република Бугарија од секоја пратка на вакцини против Ковид-19, кои директно ги купиле од производителите, дел ќе донира и на нашата земја, информира Министерот за здравство Венко Филипче. Ова утрово беше одлучено на владината седница во Софија каде имав и свое обраќање, напиша министерот на својот Фејсбук профил. Со оваа одлука, во нашата земја вакцини против Ковид-19 ќе стигнуваат во исто време, како и во останатите земји членки на Европската Унија. Бугарија како членка на ЕУ ја имаше таа привилегија да прави директни преговори со повеќе произведувачи. Благодарение...

Continue reading

Пропаст од невидени размери

Post Views: 3 Доживеаа финансиски слом од невидени размери, пропаднаа банките кои го чинеа 90% од банкарскиот систем, а по преполовувањето на вредноста на круната, замрзнати се сите менувачки трансакции. По тој октомври 2008 во Исланд  следеше длабока економска рецесија. Денес Исланд, доживува изненадувачки силно опоравување. Оваа необична земја – со најголема стапка на наталитет во Европа, најмногу објавени книги по жител, каде презимињата никогаш не биле во мода, а популацијата низ векови преживувала неколку страотни уништувања од климата и вулканите – е посебна по уште една работа...

Continue reading

zatvorenici

Холандските затвореници ќе плаќаат кирија за својот престој

Post Views: 6 Затворениците во Холандија наскоро ќе мора да плаќаат за сместувањето во затворските келии. Ова се предвидува со новиот нацрт закон кој го подготвува владата на оваа земја. „Заменик министерот за правосудство, Фред Тевен, смета дека осудениците делумно мора да плаќаат за своето сместување во затворите. Според неговите размислувања престојот на затворениците во затвор не треба да паѓа само врз грбот на државата и општеството, изјавил портпаролот на Министерот за правосудство, Вибе Алкема. Тој истакнал дека дневните трошоци на Холандија за секој затвореник поодделно се...

Continue reading

Не е откриено кој истоварал земја и градежен шут во езерото на брегот кај населбата Далјан

Post Views: 3 Не е познат сторителот кој направи насип од гардежен шут и земја на брегот на Охридското Езеро во населбата Далјан. Во близина на Домот за стари лица кој е во изградба растоварена е земја на брегот и во езерските води. Градоначалникот Константин Георгиеск, и вели се работи на случајот за откривање на строителот. Направен бил увид од општинскиот градежен инспекторат и државниот инспектор за животна средина, а се чекало на истражните органи да утврдат кој стои зад овие активностi. „Направивме записници и чекаме информација од полиција за идентификација на сторител за да...

Continue reading

epicentar

Бројот на жртвите од земјотресот во Пакистан над 200 лица

Post Views: 1 Најмалку 218 загинати и 400 повредени е билансот по вчерашниот земјотрес кој ја погоди западната пакистанска провинција. Од потресот со интензитет од 7,8 степени според Рихтеровата скала најмногу настрада градот Аваран, а се појави нов остров во Арапско море. Според локалните медиуми, во Аваран речиси и да нема објект што не е оштетен, а околу 30 проценти од зградите и куќите се целосно урнати. Цели делови на градот се срамнети со земја, а илјадници лица ноќта ја минаа на отворено. „Се обидуваме потешко повредените да ги префрлиме со хеликоптери во Карачи и другите соседни...

Continue reading

Bulent Arinc

Демонстрациите против градежниот проект на турската влада, „праведни и легитимни“

Post Views: 5 Првите демонстрации, организирани во Истанбул минатата недела, против градежниот проект на турската влада, што потоа се проширија низ целата земја, беа „праведни и легитимни“, изјави денеска турскиот вицепремиер Булент Аринч. Првите демонстрации, темелени на еколошката загриженост, се праведни и легитимни, посочи Аринч, кој е и портпарол на владата, за време на прес конференција во Анкара по средбата со претседателот Абдула Ѓул. Првите демонстрации почнаа во Истанбул против плановите за растурање на паркот Гези во рамки на проект за реконструкција на плоштадот Таксим,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top