Критики поради Твитер

Граѓаните мораат да имаат слобода на изразување

 |  инфодеск  | 

Граѓаните мораат да имаат слобода во начинот на изразување. Тоа беше пораката која му била упатена на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган од страна на европските функционери.

Тој нанесува штета на целата земја со блокирањето на Твитер, сметаат тие.

„Во едно слободно општество на граѓаните е да одлучат како ќе комуницираат, а не на државата“, напишал на Твитер портпаролот на канцеларката Меркел, Штефан Зајберт.

По пат на истата мрежа реагирал и шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билт. „Турскиот премиер на само што си нанесува штета на себе, туку и на целата земја“,напишал Билт.

Твитер беше блокиран вчера доцна навечер, само неколку часови откако премиерот на Турција запретил дека ќе ја искорени таа социјална мрежа затоа што фрла светло на обвиненијата за корупција во неговото потесно семејство,а изминатите неколку недели многу се прошириле по Твитер.

И комесарот Штефан Филе изразил загриженост за блокадата на Твитер во Турција, која е воведена во момент кога турската влада се соочува со обвиненија за корупција и 10-тина дена пред локалните избори во таа земја.

Турскиот суд го блокирал Твитер затоа што граѓаните се жалеле дека таа социјална мрежа ја кршела приватноста, соопштил турскиот телекомуникационен регулатор ВТК.

Турскиот претседател Абдула Ѓул порачал денес, по пат на Твитер, дека е неприфаткиво да се наметне потполна забрана на социјалните мрежи и изразил надеж дека моменталната блокада на Твитер во Турција нема да трае долго, пренесува Ројтерс.

Турција по прв пат го блокира Твитер, кој станал популарен во таа земја, со повеќе од 10 милиони корисници, и е користен за организирање на протестите против владата минатата година, наведува АР.

{loadposition content9} 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top