Бројот на жртвите од земјотресот во Пакистан над 200 лица

Најмалку 218 загинати и 400 повредени е билансот по вчерашниот земјотрес кој ја погоди западната пакистанска провинција.

 |  Голабовски Крсте  | 
epicentar
епицентар

Најмалку 218 загинати и 400 повредени е билансот по вчерашниот земјотрес кој ја погоди западната пакистанска провинција.

decaОд потресот со интензитет од 7,8 степени според Рихтеровата скала најмногу настрада градот Аваран, а се појави нов остров во Арапско море.

Според локалните медиуми, во Аваран речиси и да нема објект што не е оштетен, а околу 30 проценти од зградите и куќите се целосно урнати. Цели делови на градот се срамнети со земја, а илјадници лица ноќта ја минаа на отворено.

„Се обидуваме потешко повредените да ги префрлиме со хеликоптери во Карачи и другите соседни окрузи“ – изјави портпаролот на провинциската влада на Белуџистан, Џан Мохамед Буледи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top