Македонија, земја – трезор на пишаниот збор

Македонија е земја – трезор на пишаниот збор уште од античко време и почва на која книгата ја имала најголемата моќ на помирување меѓу народите и бришење на културните разлики.

kniga
книга

Македонија е земја – трезор на пишаниот збор уште од античко време и почва на која книгата ја имала најголемата моќ на помирување меѓу народите и бришење на културните разлики.

Ова го укажа македонската министерка за култура Елизабета Канческа – Милевска во пораката по повод Светскиот ден на книгата и на авторското право – 23 април.

knigiНавраќајки се на ракописите на сесловенските просветители Кирил и Методиј, и делата на нивните ученици Климент и Наум, министерката Канческа – Милевска истакна дека „значајниот пат на македонската книжевност иницирал Македонија отсекогаш да биде земја во која книгата и пишаниот збор имаат исклучително значење”.

„Денеска, кога се пишува пораката за Светскиот ден на книгата и на авторското право, истовремено се пишува и пораката за бесконечните и вечните духовни хоризонти на Македонија кои се зачувани во трезорите на вкупното културно наследство, и на книжевното како дел од него”, се наведува во македонската порака по повод Меѓународниот ден на книгата.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top