Ознака: зграда

Поголеми инсталациски зафати се планираат во училишната зграда на ОУ „Братство Единство“ во населбата Лескајца

Post Views: 0 Локалната самоуправа годинава планира поголеми инвестициски зафати за подобрување на условите за 450 основци од ОУ „Братство Единство“ во населбата Лескајца. Минатата година изостанаа сериозни зафати во зградите на двете основни училишта, информира Џемал Мехмед,  директор на ОУ „Братство Единство“. Беа реализирани само 2 проекти и тоа инсталација на интернет мрежа и набавка на компјутери за нормално одвивање на наставата од далечина. Со буџетот за 2021 година се планирани приоритетни зафати врз внатрешните инсталации во зградата во Лескајца која е изградена во 70 -тите...

Continue reading

medie

Исфрлени на улица

Post Views: 21 Охриѓанка со три малолетни деца исфрлена на улица. Медие Далип четири дена живее под отворено небо на детско игралиште во близина на социјалната зграда. Преспива во подрумите на зградата, јаде од народната кујна и ако некој нешто и поддаде, а нејзините ќерки пишуваат домашна работа на клупите од игралиштето. Медие Далип раскажува дека партнерот со кого живеела 8 години по смртта на нејзиниот сопруг,  без причина ја избркал од станот. „Јас со него заедно живеам 8 години, јадиме, пиеме заедно трошиме, се сложуваме, се случува и да се скараме,заедно одиме на работа и наеднаш...

Continue reading

cifliganec

Отворен елитниот објект на АДОРА Инженеринг

Post Views: 5 Продолжува приказната на Чифлиганец и АДОРА Инжинеринг во Охрид. Вчера, на големиот празник Илинден, со пригодна свеченост, во употреба беше пуштена стамбената зграда во Билјанини Извори, сместена на самиот влез во Националниот Парк Галичица. Нина Кепеска, портпаролот на компанијата истакна дека во објектот е вграден трудот на тимот на Адора инженеринг. „Многу често охриѓани велат дека ова е најубавата градба во Охрид многу препознатлива, вклопена во амбиентот на многу добра позиција и што е најважно се краси со врвен квалитет според сите светски стандарди им нуди на...

Continue reading

zgrada _hipoteka_ kredit

Општински имот за кредит

Post Views: 2 За кредитното задолжување на ЈП Нискоградба локалната како загол дава административно деловна зграда, обелоденуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ. „Имено, на последната седница на Советот на општина Охрид, мнозинството во советот предводено од СДСМ усвои одлука со која како гаранција за кредитното задолжување од 6 милиони денари на ЈП Нискоградба се дава вториот кат на оваа административно деловна зграда, сопственост на општина Охрид. До кога локалната самопурава и мнозинството во советот предводено од СДСМ недомаќинското и расипничко трошење на јавните претпријатија ќе го покрива...

Continue reading

alista

Кријте ги гаќите, ја грделе зградата!

Post Views: 2 Билјана платно белеше ама немаше каде да го пружи за сушење. Ако претпоставиме дека хероината на нашата позната песна живеела во стан, од 1ви овој месец ќе беше во голема мака. Според правилникот за домување во станбени згради, помеѓу сите членови стои и оној кој вели дека пружењето алишта на терасите од зградите е забрането, односно не треба да се пружат алишта на места кои не се определени за таа намена. Каде ако не на тераса? Верувам ова е прашањето кое секој граѓанин кој живее во зграда си го поставува деновиве. Законски одговор има, меѓутоа во пракса спроведувањето...

Continue reading

kal na Dimitar Vlahov

Зад општинската зграда кал до гуша

Post Views: 6 На улицата Димират Влахов, делот зад општинската зграда, кал до гуша. Жителите револтирани на надлежните затоа што со овој проблем се соочуваат веќе трета година  и сеуште ни трага ни глас од  надлежните за негово решавање. „Најголем проблем имаме кога ќе врни. Патот е со кал, со кола неможе да се помини од градежни машини. Овој проблем го имаме едно 3-4 години. Се имаме обратено до надлежните органи, но прблемот не се решава додека е во изградба. Ако нема можност да се стави асфалт, барем да се стави тампон за да може да се поминува по самата улица“, вели жител на...

Continue reading

biblioteka

Ќе се спаси ли охридската библиотека?

Post Views: 13 Можно ли е решение на долгогодишниот проблем на Н.У Библиотека „Григор Прличев“? Веќе 5 години како оваа установа едвај и да функционира на простор само од 250 метри квадратни, располагајќи само со елементарните услови за работа. Неодамна, од оваа установа е аплицирано до Министерството за култура со проект за нејзино просторно проширување со изградба на уште еден спрат, со што би се обезбедиле соодветните услови за  чување на нејзиниот голем книжен фонд. Од Министерството за Култура не информираа дека проектот е сеуште во фаза на разгледување од страна на соодветните...

Continue reading

zgrada

Кој гради на „Видиковец“?

Post Views: 1 Индивидуална станбена зграда која се гради во стариот дел на Охрид на местото познато кај Охриѓани како Видиковец, затрупува базилика и темели од црквата Св Тројца. Жителите од ул. Климентов универзитет очајнички бараат помош од надлежните со цел да се стопира градбата на овој габаритен објект. Велат се обративме до сите инспекциски служби, но реакција од никаде. Очигледно оваа градба има посебен третман, додаваат тие. Но, на реакциите денеска се огласи Бранко Арнаудов раководителот на секторот за урбанизам при локалната самоуправа, кој потврдува дека пред неколку години...

Continue reading

zgrada

Во стариот дел на Oхрид се гради „зграда“ над црква

Post Views: 25 Индивидуална станбена зграда во срцето на Охрид, над базилика. Објектот се гради на местото кое кај старите Охриѓани е познато како Видиковец, на улица Климентов универзитет. Жителите од овој дел изморени од одење од врата на врата брајаќи ја правдата, се обратија до медиумите надевајќи се дека конечно надлежните ќе слушнат за нивниот проблем. Велат се обративме до сите инспекциски служби, но никој не реагира. Очигледно оваа градба има посебен третман, додаваат тие. Павел Филев е еден од оние кои сака како што вели да спаси барем нешто од она што се затрупува под грандиозниот...

Continue reading

kasarna

Владата пишман аџија за охридската Касарна

Post Views: 7 Еднаш најавува Охридската касарна да припадне на Локалната самоупрва, за потоа да се премисли. Најновата одлука е просторот да го  додели на Министерството за образование.  Во админситративната зграда на касарната се адаптираат канцаларии за неколку подрачни единици од различни министерства. Од пред неколку денови канацаларијата на Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското езеро е иселена од поранешното училиште Св „Климент  Охридски“. Канцаларијата е префрлена во простории на спортскиот комплекс Атина Бојаџи, кратко не информира Дејан Паноски претставик...

Continue reading

poplava

Додека се бараат надлежностите, трпат граѓаните

Post Views: 4 Зграда на улица Сатеска во населбата Далјан веќе втор ден поплавена со вода. Станарите овој проблем го заблежале уште вчераутро, по што веднаш ги известиле службите од јавните претпријатија Проаква и Нискоградба. Дури после неколку повици на местото пристигнале службите од Проаква кои само констатирале дека шиберот кој може да ја сопре водата не функционира и дека мора да биде заменет. Но проблемот на овие станари не запира тука, бидејќи вистинскиот проблем лежи во надлежноста за решавање на ваквиот дефект. Сепак додека се префрла топката од една на друга страна, во...

Continue reading

uzurpacija

Оградата симната, конструкцијата сеуште стои

Post Views: 0 Станарите на зградата ламела, Б-1 на улицата Даме Груев го добија своето дворно место. Тие веќе подолго време истото не можеа да го користат, бидејќи беше узурпирано од еден од нивните соседи. ТВМ еднаш веќе информираше за овој проблем, во кој добивме ветување од органите на СВР дека во најкраток можен рок ќе постапат по овој случај. Токму од СВР не информираа дека нивните служби веќе стапиле во контакт со лицето што ја извршило узурпацијата на дворното место. Тие на пријавениот му побарале документација за поставената метална ограда, но таква документација, тој не...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top