Кријте ги гаќите, ја грделе зградата!

Нема веќе пружење алишта на тераси.

 |  Мишел Наумоски  | 
alista
алишта

Билјана платно белеше ама немаше каде да го пружи за сушење. Ако претпоставиме дека хероината на нашата позната песна живеела во стан, од 1ви овој месец ќе беше во голема мака. Според правилникот за домување во станбени згради, помеѓу сите членови стои и оној кој вели дека пружењето алишта на терасите од зградите е забрането, односно не треба да се пружат алишта на места кои не се определени за таа намена. Каде ако не на тераса? Верувам ова е прашањето кое секој граѓанин кој живее во зграда си го поставува деновиве. Законски одговор има, меѓутоа во пракса спроведувањето оди малку потешко.

pruzeni alista„Не гледам излез. Не верувам, таа слика веројатно ќе продолжи. Нажалост ќе продолжи. Немаат опција, значи едноставно ќе мора во самите простории каде што живеат да ги сушат алиштата, ако не на тераса, тогаш ќе мора внатрешно, нема избор, нема опција ниедна друга.“-рече Танас Танасоски-Раководител на општинскиот инспекторат

Танасоски вели дека вака предвиденото решение е одлично, но проблем е што голем дел од зградите немаат простории за сушење на алиштата или пак истите добиле некоја друга намена.

Сушалната за внатрешна употреба наскоро ќе ви стане најголем пријател. Ќе ве чини од 400 до 600 денари, а ќе ви помогне да го почитувате правилникот за домување. Казни за оние непослушните нема да има појаснува Танасоски, бидејќи такви казнени одредби не постојат во правилникот, но не го препорачува ниту сушењето на тераса бидејќи дава грда слика за секоја зграда. Па ако сакате да го почитувате правилникот, подобро со време набавете си сушална за внатрешна употреба.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top