Ознака: зграда

Без излез

Post Views: 3 Стојан Лекоски неколку месеци бара излез од проблемите кои како што вели се предизвикани од соседната зграда. Нивото на патот кој поминува покрај неговиот стан е подигнато, па водата се слева и прави влага во неговиот стан кој е на приземје. Истото се случува и со  шахтите од канализацијата, од  кој како што вели Лекоски, се шири реа. Помош во решавањето на проблемот глувонемиот  Лекоски побарал од Здружението на глувонеми лица и лица со оштетен слух во кое е член  60 години.  .Секретарот на здружението за глуви и наглуви, Стефаноска појаснува дека пристапниот пат е...

Continue reading

Мувла напаѓа во охридската библиотека

Post Views: 4 Книгите за позајмување од националната установа библиотеката Григор Прличев се повеќе заудираат на мувла. Влагата и мувлата сериозно го напаѓаат книжниот фонд, не само на постарите туку и на поновите изданија. Со ваквата сериозна состојба се согласуваат и од библиотеката. „Увидовме дека фондот се оштетува од влагата. На то аукажуваат и вработените и корисниците. Влага попримаат и новите изданија со што стануваат опасни за сите“, нагласува директорот на библиотеката ,Тоде Илиески. Библиотеката веќе 5 години користи привремен простор од 250 метри квадратни без соодвтени...

Continue reading

specijalci

Специјална единица на МВР пред општина Охрид

Post Views: 10 Околу пладне од два полициски џипа и едно комбе се истоварија полициски службеници- припадници на специјалните единици. Дознаваме дека акцијата е спроведена во одделението на УЈП, кое е сместено во општинската зграда. Портпаролот на УЈП Весна Новаковиќ за ТВМ не сакаше да открие детали за денешната акција, но и не сакаше да одговори на нашето прашање, дали и зошто управата за јавни приходи побарала асистенција од МВР за да влезе во сопствените простории? Исто така, не добивме одговор и на прашањето, дали полициската асистенција била заради носење на документација од...

Continue reading

Atanasko Mihailov

Не згради во центарот на Охрид, туку зеленило

Post Views: 1 Советничката група на ВМРО ДПМНЕ ги актуелизира  старите урбанистички планови за централното градско подрачје. Тие упатија обвинувања на адреса на  градоначалникот Александар Петрески и локалната самоуправа за урбанистичките планови со кои ќе се гради во ценатрот на Охрид. „Со тоа се задира во срцето на градот за сметка на зелениот појас“,  незадоволно регираат од ОК на ВМРО ДПМНЕ. Атанаско Михаилов претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ упати прашање до кога градоначалникот и локалната самоуправа, урбано ќе го деградира Охрид. Се потенцираа новите урбанистички решенија со...

Continue reading

kuka

„Пасаж“ за зграда, пред куќа

Post Views: 1 Охриѓанец се жали дека ќе остане без последните 50 метри квадратни од своето дворно место. Неговиот двор ќе биде искористен како пешачка патека и пристап до соседната зграда, кажува Ристо Наумоски. Од Секоторот за урбанизам информираат дека тие не ги изработуваат плановите туку само ја водат постапката. „Мојот двор сакаат да го искористат како пасаж“, се жали Ристо Наумоски. Тој вели дека поголемиот дел од неговото дворно место со големина од 50/м 2 ќе биде искористен како пристапна патека за потребите на соседната зграда. Наумовски додава дека за оваа постапка не...

Continue reading

Radeski

Зграда како аптека

Post Views: 4 Зградата 104 која се наоѓа на булеварот Туристичка има двор на кој може секој да му позавиди. Се тоа резултат на залагањето и трудот на професорот во пензија Левко Радески. Од неодамна за потребите на станарите од оваа зграда функционира и управна канцеларија. Зграда чиста и уредена како аптека. Двор на кој може да му позавиди било која куќа во нашиов град. Станарите од сите три влеза од зградата која се наоѓа на булеварот „Туристичка“ уживаат во благодетите од нивните средени дворови, но најзаслужен за ваквата нивна состојба е пензионираниот префесор Левко Радески....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top