Зграда како аптека

Зградата 104 која се наоѓа на булеварот Туристичка има двор на кој може секој да му позавиди.

 |  Крсте Голабовски  | 
Radeski
Радески

dvorЗградата 104 која се наоѓа на булеварот Туристичка има двор на кој може секој да му позавиди.

Се тоа резултат на залагањето и трудот на професорот во пензија Левко Радески. Од неодамна за потребите на станарите од оваа зграда функционира и управна канцеларија.

Зграда чиста и уредена како аптека. Двор на кој може да му позавиди било која куќа во нашиов град. Станарите од сите три влеза од зградата која се наоѓа на булеварот „Туристичка“ уживаат во благодетите од нивните средени дворови, но најзаслужен за ваквата нивна состојба е пензионираниот префесор Левко Радески. Од неодамна за потребите на станарите од оваа зграда функционира и управна канцеларија. Професорот кажува дека со сопствени средства ги купил садниците кои го красат дворот и дека сликата која ја гледаме е резултат на неговиот труд и љубов. Но, Радески е револтиран од индолентниот однос кон ова заедничко катче на неговите состанари.

dvor

Радески кажува дека идејата за средување на паркот се јавила од потребата да се спречи на тоа место да се паркираат камионите на царината, за кои тој простор бил паркинг. На станарите од зградата им бил потребен мир и почнале да го средуваат тој простор со цел на тој простор да престанат да се пракираат камионите, додава Радески. Што се однесува до средствата тие се прибираат од станарите како надоместок за средување на заедничките простории кој досега изнесува 500 денари. Радески додава дека не застанува тука.

Освен овие активности, на зградата и е потребна и санација на покривот.  За таа цел ќе треба да се зголеми висината на надоместокот за средување на заедничките простории, минимум до 150 евра годишно, за да се соберат потребните средства, потенцира Радески. За одржување на хигиената на трите влезови од оваа зграда ангажирани се и 2 хигиеничарки, но професорот вели дека неговите состанари ќе мора сериозно да се замислат и повеќе да се ангажираат, бидејќи со своите осумдесет години не може да вети дека ќе продолжи со вакво темпо во средувањето на дворот.

Radeski

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top