Не згради во центарот на Охрид, туку зеленило

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ ги актуелизира  старите урбанистички планови за централното градско подрачје.

 |  Валентина Неловска  | 
Atanasko Mihailov
Атанаско Михаилов

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ ги актуелизира  старите урбанистички планови за централното градско подрачје. Тие упатија обвинувања на адреса на  градоначалникот Александар Петрески и локалната самоуправа за урбанистичките планови со кои ќе се гради во ценатрот на Охрид. „Со тоа се задира во срцето на градот за сметка на зелениот појас“,  незадоволно регираат од ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Атанаско Михаилов претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ упати прашање до кога градоначалникот и локалната самоуправа, урбано ќе го деградира Охрид. Се потенцираа новите урбанистички решенија со кои градоначалникот предлага на паркингот зад Охридско лето да се изградат 3 згради со висина од 10 метри, а пред него една зграда, како и на ќошот од хотелот Ривиера каде е вцртана нова зграда. Со новото решение се планира и промена на габаритот на Летница, во ширина и во висина истакна Михаилов.

Плановите за овој дел од централното градско подрачје се донесени врз основа на деталниот и генералниот урбанистички план пред повеќе години. За нив дала амин и Управата за заштита на културното наследство.

„Дали има потпис Паско Кузман јас не знам , но знам дека на Охрид ова не му треба. Дали некој по некоја законска регулатива треба по автоматизам да се носи решение не е важно. На Охрид не му требаат згради за домување во центарот туку зеленило, шеталиште и слободен простор“, смета Михаилов.

Иако урбанистичките планови за централното градско подрчје се донесени и  поминати низ филтрите на државните институции сега советничката група на ВМРО ДПМНЕ ќе бара нивна повторна ревизија на урбанистичките решенија.

 {loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top