Ознака: зграда

Најмалку 46 луѓе загинаа при пожар во зграда во Тајван

Post Views: 3 При пожар кој избувнал синоќа во станбена зграда во јужен Тајван загинаа најмалку 46 лица, а 41 се повредени, соопштија денеска надлежните. 13 катницата што се запалила се наоѓа во градот Каосиунг.Во соопштението на противпожарната служба е посочено дека пожарот бил многу силен и за кратко време уништил многу катови. Надлежните денеска по гасењето на пожарот извршија увид и започнаа истрага за утврдување на причините. Видеото објавено на тајванската телевизија прикажува портокалови пламени и чад како излегуваат од долните катови на зградата, додека пожарникарите прскаат...

Continue reading

Се урна зграда во Грузија, под урнатините има и деца

Post Views: 6 Голем број луѓе, вклучувајќи и деца, останале заробени под урнатините на зграда во Грузија. Се стравува и дека има мртви под урнатините на петкатницата во градот Батуми.Спасувачките екипи се наоѓаат на местото на настанот и се обидуваат да стигнат до заробените луѓе. Локалните медиуми јавуваат дека жителите, вклучително и децата, би можеле да бидат закопани под урнатините. Се уште не се објавени информации за причините за уривањето на зградата. Според Русија Тудеј, едно дете било спасено од автомобил што бил под урнатините.

Continue reading

Старата училишна зграда во Вевчани ќе го носи името на Коста Србакоски

Post Views: 11 На предглог на градоначалникот Спасе Кочоски, а прифатен од членовите на  Советот на општина Вевчани, донесена е одлука старата училишна зграда да го носи името на Коста Србакоски.   Името на објектот на старата училишна зграда ќе гласи, Мултикултурен центар „Коста Србакоски“ – Вевчани, а на објектот ќе се постави и информативна табла, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Општина Вевчани.„Коста Србакоски (16.9.1943 – 26.8.2020), Вевчанец, но пред сé човек – светилник. Заштитник на природата. Идеолошки водач на Вевчанското движење на отпорот и на...

Continue reading

Жителите на струшка Весела Долина конечно ќе добијат социјална зграда

Post Views: 15 Општина Струга најавува изградба на социјални станови за ромските семејства крај реката Црн Дрим. По барањето на жителите од населбата „Весела долина“  градоначалникот Мерко, вели во деталниот урбанистички план се нацртани две згради  за сместување на 40 те ромски семејства,  кои живеат во мизерни,  супстандардни  услови. „Детален план каде сме предвиделе  две маркици од 50 до 60 станови можеби и повеќе станови, а веќе имаме барање од 40 семејства. Ако направиме една математика можеме сите тие со времени диви објекти во тој дел да ги сместиме“, Рамиз Мерко градоначалник...

Continue reading

Општинската зграда светна во боите на ретките болести

Post Views: 6 Со вечерашното осветлување на општинската зграда во боите на ретките болести, локалната власт од Охрид се вклучува во националната кампања „Ги запознавме ретките болести 2022“. Во боите на „ретките“ вечерва светнаа и општинските згради во Струга и Дебрца, како и Самоиловата тврдина која што ќе биде осветлена цел месец.Со тоа се приклучуваме кон глобалниот повик на ЕУРОРДИС за осветлување на локални и национални згради и споменици. Овој синџир на осветлени објекти ќе послужи како еден од симболичните начини за кршење на изолацијата на глобално ниво. Секој може да учествува...

Continue reading

Највисока градба во светот

Post Views: 1 Вчера започна изградбата на најголемата зграда во светот која ќе ја пробие границата од еден километар. Таа се гради во Џедаха во Саудиска Арабија под името Kingdom Tower а буџетот за изградба изнесува 1,23 милијарди долари. Зградата ќе биде 173 метри повисока од сегашната највисока зграда во светот Burj Khalifa во Дубаи, а отворањето е закажано за 2019 година. За напомена, разликата во висина од 173 метри е висината на една зграда од 53 спрата. Кулата ќе биде комбинација од станбен и деловен простор, во која исто така ќе се сместени хотел, канцеларии и голем број на...

Continue reading

tabla bolnica

Еден милион евра ќе се инвестираат во општата болница во Струга

Post Views: 41 Проектот предвидува реконструкција на зградата на детското и ренген одделението, како и надоградување на зградата во која се сместени оделенијата: хирургија, интерно и гинекологија. Зградата на детското и ренген одделението при општата болница во Струга, се целосно руинирана. Години наназад не е инвестирано во реконструкција на овој објект во кој се наоѓаат и двете одделениа. „Од ден на ден поради староста на конструкцијата, згадата пропаѓа“. Поради тоа директорот на Општата болница во Струга, д-р Ментор Ибрахими, најави превземање градежни зафати. Општата болница...

Continue reading

Санација на внатрешниот дел од старата училишна зграда во село Песочани

Post Views: 5 Во село Песочани во завршна фаза е санацијата на внатрешниот дел од старата училишна зграда. Се изврши замена на старите прозори и врати со ПВЦ столарија, малтерисување на оштетените делови од внатрешните ѕидови, молерисување, поставување на ламинат, електрична инсталација, санација на влезна скала. Од локалната самоуправа информираат дека вкупната вредност на работите изнесува 303.897,00 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2021 година. Санираниот објект наскоро ќе може да се користи за потребите на локалната заедница.

Continue reading

Училишна зграда во селото Брежани ќе се адаптира во планинарски дом

Post Views: 12 Општина Дебрца ги зајакнува инфраструктурните капацитети за развој на зимски и планински туризам. Напуштена училишна зграда во селото Брежани ќе се адпатира во планинарски дом. Инвестицијата во вредност од околу 80.000 евра е финансирана од проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“ од Европската унија, преку ИПА2 програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија, информира Зоран Ногачески, градоначалникот на општина Дебрца. Според динамиката проектот треба да биде готов до почетокот на месец август оваа година. „Активностите...

Continue reading

Стружани истурија ѓубре пред влезот во општинската зграда

Post Views: 4 Стружани истурија ѓубре пред влезот во општинската зграда. На тој начин тие го изразија својот револт од бавната реакција на институциите за реашавање на проблемот со дивата депонија. Од струшко поле денеска повторно се издигаше чад кој ги гуши стружани. Депонијата повторно гори откако со тешки напори беше изгасната средината на јуни. Граѓаните не отстапуваат од своите барања, засилени мерки за контрола, чуварска служба, полициски надзор, но и казни за лицата кои ќе бидат фатени како ја палат депонијата. „Јас сабајле станав рано и во магла ја гледав цела Струга. Ова...

Continue reading

Охриѓанец се однесувал агресивно во зграда на улицата „Крум Точков“

Post Views: 1 На 21.11.2021 година во 23.20 часот, во заеднички простории во станбен објект на улицата „Крум Точков” во Охрид, В.А.(50) од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување кон станарите.Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Зграда „Бело Дрво“

Post Views: 10 Француските и јапонските архитекти планираат да направат „Бело Дрво“ насред Монпеље во Франција, а се работи за станбена зграда на која терасите и тендите ќе излегуваат од ѕидовите како гранки од дрво. На врвот од зградата ќе има penthouse бар со прекрасен видик на морето и планините околу, уметничка галерија и ресторан. На граѓаните ќе им бидат понудени 120 различни станови.Следната година е рокот кога овој француски град ќе го краси зградата Бело Дрво.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top