Ознака: заболувања

sok jabolko

Тетрапак сокови со арсен

Post Views: 21 Во 10 проценти сокови од јаболко и грозје можат да се пронајдат траги од познатиот отров – арсен потврди американската Агенција за безбедност на храна и лекови. Тестирајќи ги различните видови сокови во пет примероци  на познати производители, пронајдена е висока доза на арсен што може да доведе до сериозни заболувања ако се консумираат подолг период. Овие сокови содржат ниво на арсен кое е доволно да го зголеми ризикот од рак, дијабетес и болести на срцето, особено кај малите деца. Со оглед на тоа дека ниту американските ниту европските закони немаат стандард за...

Continue reading

12 илјади совети за здравјето

Post Views: 2 Здравје значи грижа за себе, посветување време на превенција. Денеска на одбележувањето на Денот на здравјето се одлучивме да посветиме внимание токму на превенцијата. Низ Скопје поделивме 12 илјади практични пораки со 20 совети како со најмал напор да се подобри човековото здравје. Сакавме на ваков невообичаен начин да ја подигнеме свеста на граѓаните дека за здравје е потребно мало внимание и следење на практични совети, изјави доктор академик Жан Митрев. Оваа активност е во согласност со светското мото за одбележување на денот – ако нема активност денес, нема ниту...

Continue reading

tomograf

Компјутерскиот томограф во охридската општа болница работи успешно

Post Views: 4 Томографот во општа болница Охрид работи под полна пареа. Апаратот работи една смена, во текот на денот и 24 часа на повик.  Се реализираат и по 25 компјутерски снимања на пациенти во денот. Таа бројка некогаш достигнува и повеќе од техничките и умствените можности на екипата, па  имаме реалзирано и до 36 пациенти во еден ден во текот на 6 работни часа, информира д-р Софка Маленко специјалист по радиодијагностика.  Во последните месеци имаше премногу пациенти и  работа, а имаше недостиг од радиолози. Многу ретко се случува да има залутани пациенти со  неоправдани снимања...

Continue reading

vakcina grip

Потрошени вакцините против грип

Post Views: 3 Во првата недела од имунизацијата потрошени се сите 1450 вакцини за грип. Охриѓани побрзале да се заштитат од грипот, а 60 до 70 % од вакцинираните  се лица над 65 годишна возраст. Покрај повозрасни граѓани и лица со хронични заболувања како астма , дијабетес, срцеви заболувања, белодробни болести, биле имунизирани и 50 здравствени работници, изјави д-р Јованка Стурлакова Коровешоска од Епидемиологија при Центарот за јавно здравје, Охрид. „Нова порачка на вакцини нема да има бидејќи заврши тендерот и нема нов тендер да се разпишува за оваа сезона.Оние кои не се вакцинирани...

Continue reading

pritisok

Здрави совети и здрава храна денес се делеа во Охрид

Post Views: 3 Охриѓани треба особено да внимаваат на начинот на исхрана, на зголемување на нивната физичка активност и добрата едукација за здравјето на срцето. Според статистиките на Центарот за јавно здравје од Охрид, 65 проценти од смртните случаи во градов се како последица на некакво кардиоваскуларно заболување. Со овие бројки, охриѓани се наоѓаат над државниот просек. Денес, Центарот за јавно здравје го продолжи одбележувањето на Светскиот ден на срцето. „Како увид во однос на кардиоваскуларните заболувања најголем број, односно со најголем процент се застапени меѓу постарите,...

Continue reading

logo

Работилница на ФЗОМ за охридските пензионери

Post Views: 7 На 22.04.2014 година,(вторник), во клубот на пензионерите во Охрид, директорката на ФЗОМ, Маја Паранарџиева-Змејкова ќе одржи работилница наменета за едукација на пензионерите, во однос на нивните права од здравствено осигурување,како и запознавањето со определени здравствени програми кои ги финансира ФЗОМ. Едукативните работилници, согласно претходно утврдена агенда, Фондот ги организира во соработка со Сојузот на здруженија на пензионери и со Црвениот крст на Македонија. Овие едукативни работилници имаат за цел да го зголемат нивото на информираност на пензионерите...

Continue reading

Видео Секс…идеална предигра

Post Views: 7 Најновото истражување на Плејбој во кое учествуваа повеќе од 2.000 возрасни луѓе, донесе очекувани резултати, и тоа посебно во погледот на технологијата и сексот. Имено, на сите веќе им е јасно дека технологијата и тоа како ја менува човековата сексуалност. Многу возрасни луѓе практикуваат праќање на сексуални пораки и фотографии. Освен тоа, партнерите се почесто заедно гледаат порно содржини на ТВ или интернет. Интерeсно е дека се повеќе жени гледаат порнографија откако таа стана достапна, и тоа најмногу благодарение на интернетот. Паровите ја користат технологијата...

Continue reading

Чудотворна јапонска терапија со вода

Post Views: 6 Докажано е дека повеќето болести се предизвикани со недостаток на вода во организмот. Водата е универзален растворувач и главна компонента на метаболизмот: сите минерали и микроелементи растворени во водата се апсорбираат во крвототокот и продираат од ќелија до ќелија. Со недостатокот на вода се јавуваат проблеми со метаболизмот, што доведува до различни заболувања. Јапонското медицинско друштво ја признала оваа терапија како успешна во лечење на хроничните, тешките заболувања, но и болестите на модерното време. Водата е ефикасна во лечење на главоболка, болки во телото,...

Continue reading

domasna vizita

Домашна визита за сите стари лица

Post Views: 0 „Домашна визита“ е проект на превентивни здравствени прегледи. Старите и изнемоштени лица во охридскиот регион кои што не се во можност да вршат редовни контроли и прегледи, од месец ноември минатата година во нивните домови ги посетува поливалентната служба. Имено, патронажните сестри во нивните домови, како што рече првиот човек на ЈЗУ Здравствен дом, д-р Митко Дабески, вршат прегледи како мерење крвен притисок, шеќер во крвта, хемоглобин, холестерол, а во определени случаи и ЕKГ прегледи. „Имаме еден акционен план, една динамика на посета од тие 13 патронажни сестри,...

Continue reading

Кардиологот Д-р Никола Бакрачески со својот докторски труд ја збогати научната дејност на ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања – Охрид

Post Views: 1 Потребата од добри вести никогаш не била поголема од сега, кога целото општество, а особено здравствениот сектор се соочува со едни од најтешките времиња и едни од најголемите предизвици воопшто, велат од ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања од Охрид. Нашата здравствена установа не е заобиколена и го дава својот максимум во справуваање со пандемијата, како и во обезбедување редовна здравствена грижа за кардиоваскуларните пациенти. Но, на наше огромно задоволство деновиве можеме да испорачаме и добри вести. Имено, во вакви вонредни околности кога...

Continue reading

Опаѓаат хроничните незаразните заболувања регистрирани кај матичните лекари во охридско и регионов

Post Views: 0 Во регионов се забележува опаѓање на хронично незаразните заболувања регистрирани кај матичните лекари. Во помал број лекарска помош во амбулантите побарале граѓаните во Охрид, Струга, Дебар, Вевчани, Дебрца и Центар Жупа. Од друга страна, пак, се бележи стапка на зголемување на хоспитализирани охриѓани и дебрчани од кардиоваскуларни, малигни и ендокрини болести. Ова се дел од статистичките податоци на одделението за социјална медицина од  Центарот за јавно здравје, за минатата година споредени со 2019, информира д-р Даниела Чингоска, специјалист по социјална медицина...

Continue reading

planinari

За здраво срце, тура на Галичица

Post Views: 5 Преку 30 заљубеници во природата и планинарењето беа дел од рекреативната планинарска тура, која во организација на Црвен крст Охрид, а во рамките на одбележувањето на Неделата на срцево-садови заболувања, се реализира на планината Галичица. Предводени од членови на Единицата за спасување на планина и непристапни терени на Црвен крст Охрид, најмладите учесници на оваа планинарска тура се искачија на местото Лако Сигној 1980 мнв, а повозрасните беа дел од искачувањето на врвот Магаро 2250 мнв. Сите учесници, а особено младите уживаа во убавините на планината Галичица,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top