Ознака: заболувања

planinari

За поздраво срце, планинарење на Галичица

Post Views: 10 Во рамките на одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања, О.О на Црвениот крст од Охрид, оваа сабота на 22.02 2014-та година организира еднодневна планинарска тура до Спасителната станица на Црвениот крст која се наоѓа кај месноста Липова ливада, на планината Галичица на висина од 1600м, со можност за искачување на некој од околните врвови над 2000м, како Магаро или Лако Сигној. Во оваа физичка активност може да учествуваат сите оние кои се чувствуваат психофизички способни и поседуваат стандардна планинарска опрема за искачување на планина, како планинарски...

Continue reading

erazmo

Ќе се прошири болницата Св Ерзмо

Post Views: 5 Интервентната кардиологија при Заводот за кардио васкуларни заболувања до јуни месец годинава ќе се пресели во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо, Охрид. Директорот на Св Еразмо, Митко Тилев, вели дека зградата на постоечката карабина веќе се адаптира за тоа. „Моментално ќе се направи карабинскиот дел кој ќе се отстапи спрема плановите на Министерството за здравство на Кардиолошкиот Завод каде што ќе се работи инвазивната кардиологија а со тек на време и рехабилитацијата на пациентите ќе се води во нашата болница. Тоа ќе биде заеднички центар...

Continue reading

kardioloski

Интервенција на периферни артерии за прв пат во Македонија

Post Views: 3 За прв пат во Охрид ќе се врши интервенција на периферни артерии на нозе со поставување на стент. Примената на оваа нова метода е голем напредок во интервентната кардиологија вели д-р Никола Бакрачески. Додава дека за таа цел тим од доктори и помошен медицински персонал од Заводот за кардиоваскиларни заболувања бил пратен на едукација во Салзбург, Австрија. Првата интервенција во заводот во Охрид ја демонстрираше реномираниот доктор Ара Угурлуоглу од  медицинскиот универзитет Парацелзиус  од Салзбург. „Еве денес имавме можност под негова супер визија и заедно со него...

Continue reading

ultrazvucna operacija

Заводот за кардиоваскуларни заболувања се осовременува

Post Views: 0 Во Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид денес беше извршена првата интервенција врз пациент со новата опрема за интраваскуларен ултразвук која е набавена од Америка. Опремата е набавена со сопствени средства на заводот, а првата интервенција ја реализира поранешниот директор на заводот и актуелен градоначалник на Охрид, д-р Никола Бакрачески, заедно со доктор Власис Нинос од клиниката Сент Лукс во Солун.Д-р Бакрачески пред новинарите истакна дека новата техника е современа метода која овозможува ултразвична дијагностика  на коронарните крвни садови, интраваскуларен...

Continue reading

reuma

Ревматските заболувања земаат се поголем замав

Post Views: 11   Ревматските заболувања земаат се поголем замав. Најновите истражувања на Светската здравствена организација покажуваат дека 20% од населението заболува од некој вид на ревматизам. Ревматските болести се наоѓаат на 4то место во групата на сите останати болести. Постојат голем број фактори кои доведуваат до ова заболување. На прво место се генетските предиспозиции, зголемената телесна тежина, стилот на живеење, недоволната физичка активност. Најголемиот предизвик на современата медицина е како да се превенират овие болести. Тешко е да зборуваме за превентива бидејќи...

Continue reading

detska bolnica

Зградата на некогашната детска специјална болница-нов центар за кардилогија?

Post Views: 2 Зградата на некогашната Детска специјална болница конечно ќе излезе од заборав. Големи се шансите, овој објект да биде новиот и конечен дом на Центарот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид, чијшто менаџерски тим години наназад се залага за решавање на овој горлив проблем. Градончалникот на Охрид, Никола Бакрачески  истакна дека не престанува комуникацијата на Локалната со менаџерскиот тим на Центарот за кардиоваскуларни заболувања, да биде реализирана опцијата за преместување на дејноста на оваа здравствена установа. „Моја лична желба и определба, а и определба на...

Continue reading

pregledi

Бесплатни превентивни прегледи за светскиот ден на срцето

Post Views: 2 Со бесплатни превентивни прегледи на крвен притисок, ЕКГ слика и ризик за кардиоваскуларни заболувања, на градскиот плоштад беше одбележан Светскиот ден на срцето. Годинава под мотото „Тргни кон здраво срце“, светскиот ден на срцето  беше организиран од страна на Институтот за јавно здравје, а поддржан од локалната самоуправа во Охрид и секако Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ од Охрид чии екипи ги спроведуваа превентивните прегледи. Граѓаните воодушевени од акцијата и можноста да добијат бесплатен совет за здраво срце. „Јас секој месец одам на прегледи,...

Continue reading

srce

Со здрави навики до здраво срце

Post Views: 2   Охриѓани се повеќе ги менуваат своите животни навики. Тие од ден на ден изнаоѓаат нови начини како да се справат со динамичниот начин на живот и стресот кои придонесуваат за голем број заболувања. Кардиоваскуларните сеуште се број еден  во светот по процентот на смртност, вели кардиологот Марија Зимбова. Свеста кај охриѓани се повеќе расте. Ме радува што нашите заложби превентивно да делуваме веќе ги даваат првите резултатаи. Тие се повеќе се откажуваат од лошите навики како пушењето, нездравиот начин на исхрана и слабата физичка активност, рече кардиологот Д-р Марија...

Continue reading

Кардиоваскуларните заболувања и понатаму се водечка причина за смртност во земјава и светот

Post Views: 4 Кардиоваскуларните заболувања се водечка причина за смртност и во земјава и светот, информира д-р Виолета Мојсовска од ЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања “Свети Стефан”. Во Неделата на Кардиоваскуларни заболувања кога се подига свеста кај населението за превенција од овие заболувања, светската статистиката покажува број од 18,6 милиони пациенти кои починале од кардиоваскуларни заболувања во 2020 година. Д-р Мојсовска напоменува дека во време на пандемија во нивната установа е регистрирано намалување...

Continue reading

hipertenzija

Високиот крвен притисок се почесто атакува врз младите

Post Views: 1 Зголемениот крвен притисок или хипертензијата  е најчестата причина за болестите на срцето и крвните садови. Хипертензијата е одговорна за појавата на бројни    кардиоваскуларни заболувања. Се нарекува и тивок убиец затоа  што на почетокот нема субјективни потешкотии се додека не се развијат здравствени компликации.  Најчесто на удар од хипертензијата се луѓето во средна и поодмината возраст, но исклучок не е ни младата популација, вели д-р Атанаско Михаилов, директор на охридскиот Центар за јавно здравје. „ Не ретко зголемениот крвен притисок се појавува кај помладата...

Continue reading

oci

Ретка е навиката на превентивни прегледи на очите

Post Views: 5 Глаукомот, катарактата и дегенерацијата на макулата се три најчести заболувања од кои страдаат повозрасните пациенти. Тоа се болести на окото кои претходно не даваат  симптоми на болка, а може трајно да го оштетат видот, информира  офтамологот д-р Виолета Павловска. „ Овие три очни заболувања се најчести во популацијата од 55 годишна возраст. Најтипично е за нив што не даваат болка, а даваат трајни оштетувања на видот. Затоа е важно на време  да се откријат, лекуваат и правилно да се  интервенира.“ Луѓето многу ретко практикуваат превентивни прегледи на окото.  Многу...

Continue reading

kardioloski

Одделот за интервентна кардиологија во Заводот за кардиоваскуларни заболувања бележи рапиден раст и развој

Post Views: 0 Одделот за интервентна кардиологија кој е отворен пред 6год во рамките на Заводот за кардиоваскуларни заболувања бележи рапиден раст и развој, потенцираше директорот Д-р Никола Бакрачески. Тој кажа дека  илјадници граѓани не само од Охрид туку и од поширокиот регион како и од соседните градови на Р. Албанија се спасени токму на овој оддел. Бакрачески рече дека бројот на здравствените услуги во оваа установа е пораснат за 300 до 500%, а во одредени оддели тој е зголемен и над 1000%. Зголемен е бројот на пациентите третирани во интензивна нега, а рапидно расте и бројот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top