Ознака: езерото

„Калдерма“, во заштита на Радожда

Post Views: 11 Еколошки атак на Охридското езеро во делот кај Радожда, струшко. На 500 метри од автокампот Ливадиште, према с. Радожда, некој си зел за право да врши ископ на приватно земјиште. Притоа сторителот неводел сметка за тоа дека дел од земјата навлегува во водата, што претставува класична деградација на езерото, брегот, трската. На ова реагираат од здружението на екологисти „Калдерма 2011“, од Радожда, струшко. Претседателот Ванчо Бакрачески рече дека се загрижени за животната средина во овој дел на езерото и точно поради тоа реагираат. Тој додаде дека и доколку се работи...

Continue reading

На струшкиот дел од крајбрежјрто на езерото не се почитува забраната за возењето скутери

Post Views: 6 На струшкиот дел од крајбрежјрто на езерото не се почитува во целост забраната која стапи на сила од први овој месец, а се однесува на возењето скутери од 11 до 19 часот. Панде Рилков, инспектор за безбедност за внатрешна пловидна при капетанијата вели дека сеуште поединци си земаат за право да дивеат по езерото во оној временски интервал кој е забранет. Ние редовно правиме контроли и ги користиме сите човечки ресурси за да се направи ред и на струшкиот дел од крајбрежјето. Во тоа ни помага и езерската полиција со која имаме одлична соработка. На прекршителите им се...

Continue reading

брод

Симултана вежба за гасење на запален брод во езерото и спасување давеници

Post Views: 8 Успешно завршена показната вежба на гасење на опожарен брод и на спасување давеници и опожарени лица. Во вежбата учествуваа припадници на територијалната противпожарна единица, брза помош, спасувачките  екипи на Црвен крст, припадници на езерската полиција, Капетанија. Во симулативната вежба учествуваа над 50 лица и покажа дека се подговени брзо и ефикасно да интервенираат при слични несреќи. По оваа вежба ќе следуваат анализи за интервенцијата во насока на што поголема ефикасност при делување во реални ситуации, кажа Зоран Нешкоски од МВР Скопје. „Оваа вежба беше сублимат...

Continue reading

Охридски комуналец ја чистеше алгата која ја исфрли езерото

Post Views: 0 Поради високиот водостој на езерото големи количини на езерска алга (окрек и реса) беа исфрлени на градскиот кеј, при што екипите на “Ј.П. Охридски Комуналец” работеа на расчистување на истото на потегот од градското пристаниште, се до хотелот “Милениум”, а останатото кое пливаше во езерските води исто така беше извадено и собрано од страна на вработените на “Јавна хигиена”. Отпадот беше натоварен со трактор и тоа во вчерашниот ден поради невремето и ограничениот пристап беше натоварен еден трактор, а денес беа собрани два трактори. Ке продолжиме и во текот на денешениот...

Continue reading

Дел од кејот на езерото повторно узурпиран со урбана опрема

Post Views: 4 Тротоарот на дел од улицата „Коста Абраш“ на самиот кеј на езерото повторно узурпиран со урбана опрема.  Околните угостителски и хотелски објекти особено во летниот период на овај потег поставуваат маси и столици со што им го попречуваат слободното движење на пешаците. Се наметнува прашањето дали поставената урбана опрема е ставена со дозвола на општината и дали за тоа се плаќа соодветен надомест или некој си зел за право да узурпира јавна површина. Морам да ви кажам дека екипи од инспекторатот  реагирале во два наврати и веќе се отстранети одредени маси и столици од...

Continue reading

Кејот на езерото се повеќе се руинира

Post Views: 1 Кејот на езерото се повеќе се руинира. На неколку места можат да се забележат пропаднати бекатон плочки и изронато цименто. Статиката на оваа најпосетувана патека од охриѓани и гостие е нарушена, велат стручните служби од Локалната па потребна е целосна реконструкција на ова шеталиште. На делови од фронтот доаѓа до попуштање и има значителни оштетувања, кои што во иднина би претставувале и опасност за минувачите. Ова е најрепрезентативниот дел од градов па треба да му се обрне посебно внимание сметаат граѓаните. Локланата уште од добивањето на мандатот пред три години...

Continue reading

Реките загадувачи забрзано го задушуваат она што постои повеќе од милион години во езерото

Post Views: 6 Сатеска, Велгошка и Коселска, реките кои го сочинуваат крвотокот на охридскиот слив  извираат од недопрената природа на Илинска, Плаќенска Планина, горен слив на Дебрца. Но, кристално чистите водотеци на својот пат кон Охридското езеро доаѓаат во допир со човекот. Во долните текови кои минуваат низ населени места, бреговите се деградирани со диви депонии од комунален и градежен шут, обраснати со вегетација, наталожена тиња измешана со отпадоци. Велгошка Река, позната  како  Сушица  или Грашница  во долниот  тек,  прима  отпадни  води  од охридската  индустриска  зона,...

Continue reading

Верници од цела Македонија и Албанија се крштеваа во водите на езерото

Post Views: 0   Андреј, Ката, Марија, Никола, Димитар, Коста, се само дел од православните верници кои беа дел од групното крштевање на Сараиште. Годинава по шести пат во водите на Охридското Езеро, се изврши овој христијански обред на големиот празник Богојавление. Светата тајна, крштение, денес ја примија над дваесеттина некрстени лица, на различна возраст, меѓу кои верници од  Кичево, Битола, Ресен па дури и соседна Албанија. Велат чуството е прекрасно а и секој кој е некрстен треба да го доживее. „Од Кичево сум, татко ми ми кажа, и не случајно сум тука на Богојавление. Ние сме...

Continue reading

kanal

Во езерото кај Грашница од канал истекува нечиста вода

Post Views: 0 Во езерото кај фудбалскиот стадион Грашница од канал се излева  нечиста вода. Ова  се гледа од аматреска снимка направена пред 5 дена а која граѓанин ја испрати до редакцијата на ТВМ. Денес нашата екипа беше на посоченото место и камерата забележа бара со нечиста вода околу каналот. Зад објективот на камерата луѓе кои тука живеат прокоментираа дека тоа е стар проблем. Следствено на оваа појава  се поставува  прашањето води ли некој од надлежните институции грижа каква вода се влева во езерските води. Одговор на ова прашање побарaвме од неколку  надлежни институции. За...

Continue reading

Убавините на Охрид и езерото презентирани во нов современ водич

Post Views: 3 Збогатен туристичкиот промотивен материјал за Охрид.„Охрид на брегот на вечното езеро“ е нов современ водич наменет за странските гости кои доаѓаат во Охрид.  Современиот водич  е дело на двајца пријатели, соработници  и вљубеници во Охрид, пасионираниот фотограф Петар Боев и професионалниот туристички водич Џингис Пател..  На публикацијата работеле подолго време и процесот при избор на фотографиите поместени во водичот не беше ни малку едноставен, вели Боев. Туристите преку  водичот за патување низ фотографии и текст ќе ги добиваат визуелните и текстуалните информации...

Continue reading

kandza

Југот ги донесе јагулите, но и рибократците

Post Views: 29 Гнасен и нехуман чин на рибократците. Овој пат на мета е јагулата. Веќе три дена како таа во Струга се лови на несоодветен начин и тоа на неколку локации по течението на реката Дрим. Силниот јужен ветер кој три дена дува и предизвика силен бран во езерото, беше причината дел од оваа риба да тргне во потрага по храна, а дел на своето свадбено патување во Сарагасово море. Претседателот на СРК „Св Апостол Петар“ Радован Димитриевски, вели дека станува збор за гнасен и нехуман чин, кој се повторува секоја година и кој мора да се спречи. „Голем дел од јагулата влезе во...

Continue reading

Hitler i Eva

Остатоците на Хитлер на Антарктикот чекаат клонирање

Post Views: 23 Дупчалката на руските научници стигна до езерото Восток, скриено 4 километри под мразот на Антарктикот, „запечатено“ и недопрено од човечка рака (најверојатно) веќе 20 милиони години. Агенцијата шпекулира дека таму пристигнала и U-977, која во бункерот ги пренела посмртните останки на Хитлер и Ева Браун, за некогаш во иднина да можат да бидат клонирани. Потоа подморницата се упатила во Аргентина, каде екипажот им се предал на властите, пренесува Дејли Меил. Инаку, руските академици велат дека езерото Восток е единствениот гигантски систем со супер чиста вода на Земјата....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top