Ознака: езерото

Оваа сезона спасители на вода и од албанска страна на езерото

Post Views: 1 Престојната туристичка сезона спасители на вода ќе делуваат и на албанската страна од Охридското Езеро. ОО на Црвениот Крст од Охрид започнува проект со албанската страна, обука спасители на вода, која ќе ја спроведуваат инструктори од Единицата за вода при Црвениот крст Охрид открива претседателот Сашо Точков. На албанската страна пред два месеци бевме во посета и видовме од 16 – 20 км уредени плажи, кои се очекува да бидат користени. Инаку податокот кој  што го слушнав за посетеност на туристи кои доаѓаат на албанската страна на Охридското езеро, за минатите годинибил...

Continue reading

Концесионерот на езерото бара забрана за лов на Охридската пастрмка од македонска и албанска страна

Post Views: 7 10 годишна тотална забрана за лов на охридската пастрмка бара концесионерот на езерото. Бараат измени на риболовните основи за лов и на другите видови риба во езерото. Иако во изминативе 5 години имавме успешни мрестови и физичка заштита на езерото сепак тоа не е доволно да се возобнови популацијата на рибниот фонд, укажува Ристе Танасоски концесионер од „ Охридска пастрмка 2012“. Нивното концесионерство е во важност до агуст 2018 година, а во меѓувреме побарале од ресорното министерство да забранат лов на пастрмка. Предлагаат да се постави концесионер кој заедно со...

Continue reading

Маслена дамка во водите на езерото кај малото пристаниште

Post Views: 3   Во водите на езерото , на кејот кај малото пристаниште, тажната слика на повлечената вода ја надополни и дамка во радиус од околу два метри која изгледа како излеани деривати на нафта. Природата на загадувањето не е утврдена бидејќи од Центарот за јавно здравје досега не било побарано да се  направи хемиско и микробиолошко испитување за да се утврди за какво загадување станува збор. Се обидовме да стапиме во контакт со комуналниот инспекторат и со инспекторатот за животна средина при локалната самоуправа. Не успеавме да добиеме одговор од надлежните дали инспектори...

Continue reading

Македонија и Албанија немаат договор за висината на котите на езерото

Post Views: 5   Република Македонија нема потпишано меѓународен договор со Република Албанија со кој ќе бидат дефинирани максималната и минималната кота на нивото на водата во Охридското Езеро. Иако двете држави во повеќе наврати одржувале конференции и средби на кои се дискутирало на оваа тема не се нашло заедничко решение. Таков договор е неминовен за соодветна регулација на езерото преку испустот на Црн Дрим, велат експертите. Тони Маркоски, директор на ХЕС Црн Дрим кажува дека моменталната регулација на езерото се прави врз основа на одлука на Извршниот совет на РМ во 1980 год....

Continue reading

ЕЛЕМ од денес ќе ја применат мерката за проток на вода од езерото на биолошки минимум

Post Views: 1 ЕЛЕМ од денес ќе ја применат мерката за проток на вода од езерото на биолошки минимум кој е пропишан со закон и кој е задолжителен за да може да се одржи биодиверзитетот во реката Црн Дрим. Ова доаѓа после бурните реакции од страна на експертите, еколозите, медиумите и граѓаните за екстремно ниското ниво на Охридското Езеро. Досега се испуштале по 7 кубни метри вода во секунда, а од денес ќе се испуштаат 3,5 до 4 метри кубни во секунда. Додека на охриѓани пред очи им полека им се празнеше езерото и тоа драстично и во многу краток период ЕЛЕМ и УХМР не можеле да се усогласат...

Continue reading

nurkaci

Откриена нова тајна на езерото Матка

Post Views: 0 Нуркачите од спелео-нуркачкиот клуб „Врело“ и од нуркачкиот клуб „Акватек“ ја продолжија својата подводна експедиција во водите на езерото Матка, каде пред еден месец пронајдоа остатоци за кои се верува дека се темели на стара македонска црква. Остатоците од тврдата градба се наоѓаат на околу 1.500 метри од браната на реката, во нејзиното подножје, непосредно до некогашното корито на реката Треска. – Во пределот кој при нашата прва експедиција го маркиравме кон почетокот на 17-тиот век, патеписецот Евлија Челебија ги има регистрирано селата Козарево и Винце, каде...

Continue reading

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Хидробиолошки завод и Музејот на езерото Бива

Post Views: 4 ЈНУ Хидробиолошки завод и Музејот на езерото Бива од Јапонија денес потпишаа договор за соработка во научната област. Охридското Езеро и езерото Бива од Јапонија се едни од најстарите езера во светот и имаат голем број заеднички карактеристики. Со потпишувањето на овој меморандум локалните власти и научните експертски тимови ќе можат да разменуваат искуства за заштита на овие еко системи. Двете институции во иднина ќе иницираат реализација на заеднички проекти. Соработката меѓу двете институции ќе се одвива на две нивоа, во научно – истражувачката дејност и на ниво...

Continue reading

Prespansko ezero

Прво порибување на Преспанското Езеро

Post Views: 14 Според податоците од следењето на рибниот фонд во трите езера во државава Преспанското е најсиромашно со риба. Како причини за ваквата состојба се споменува неконтролираното ловење и секако тоа што никогаш не било порибувано. Имајќи го ова во предвид, за првпат е извршено порибување со крап. „Ова е историски чин за рибниот фонд во езерото. Мора да го зголемуваме и збогатуваме ова еколошки можеби најчисто езеро. Ваквите акции ќе продолжат“, рече на самиот чин на порибувањето Румен Стаменов, директор на Државниот инспекторат за земјоделство. И додека ние за првпат порибуваме,...

Continue reading

meteor

Русите го извлекоа најголемиот метор кој паднал на Земјата

Post Views: 9 Руските нуркачи од езерото во регионот Челабинск го извлекле можеби најголемиот метеор откриен на Земјата.Каменот од 570 килограми најверојатно припаѓа на метеорот што годинава експлодираше и се распадна на тоа подрачје, при што направи дупка во замрзнатото езеро Чебаркул, со пречник од околу шест метри. Се чека потврда од експертите дали тоа е најголемиот метеор пронајден на Земјата. Повеќе од илјада луѓе беа повредени кога 17-метарскиот камен влезе во атмосферата, и се распадна во Русија на 15 февруари. Научниците предупредуваат дека ќе биде потребно извесно време...

Continue reading

ptica

Езеро од пеколот

Post Views: 7 Во Танзанија постои езеро кое е смртоносно за сите животни. Тоа ги претвара животните во скулптури.Звучи како приказна од бајките, но станува збор за редок феномен предизвикан од хемиска комбинација во езерото Натрон. Скаменетите суштества чинат околината да изгледа како дел од хорор-филм.Езерото има постојана pH вредност од 9 до 10,5. Тоа ги зачувува животните скаменети за навек. Езерото е полно со скаменети животни на површината или отстрана.Никој не знае како тие починале, но се претпоставува дека големата одбивност на светлината на езерото ги збунува и исто како...

Continue reading

Со еколошки практики во земјоделството во заштита на езерото

Post Views: 1 Повеќето земјоделци и овоштари не се едуцирани како да ги третираат производите и да не ја загадуваат околината. Лазо Анѓелоски од селото Горно Лакочереј, пензионер, чие хоби е овоштарството, е еден од 15 земјодлеци кои присутвуваа на едукативната работилница за примена на еколошки практитки во производството на храна. Овоштарот напоменува дека едукативните средби со еколозите и стручните лица  се корисни за нив и може многу да  научат.  Јас обрнувам внимание на заштита на еколошката средина  и не форсирам  употреба на сите препарати кои се препорачуваат, вели Анѓелоски. „...

Continue reading

Порибување на езерото со подмладок на јагула

Post Views: 8 Заврши порибувањењто на Охридското езеро со јагула за оваа година. Денес кај струшкото село Радожда, во водите на езерото запливаа и последните примероци од од овој вид риба кои беа дел од 220те килограми. Во текот на оваа година во водте на езерото се фрлија околу 850 килограми или 30 000 единки квалитетен помладок на јагула со што се реализира планот. Акциите беа спроведени во три наврати. Директорот на ЕЛЕМ, Владо Чингоски вели дека традиционалното порибување на Охридското езеро со јагула е со цел да се обезбеди обновување и зачувување на овој вид риба а со тоа и...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top