Прво порибување на Преспанското Езеро

Според податоците од следењето на рибниот фонд во трите езера во државава Преспанското е најсиромашно со риба.

Prespansko ezero
Преспанско езеро

Според податоците од следењето на рибниот фонд во трите езера во државава Преспанското е најсиромашно со риба. Како причини за ваквата состојба се споменува неконтролираното ловење и секако тоа што никогаш не било порибувано. Имајќи го ова во предвид, за првпат е извршено порибување со крап.

„Ова е историски чин за рибниот фонд во езерото. Мора да го зголемуваме и збогатуваме ова еколошки можеби најчисто езеро. Ваквите акции ќе продолжат“, рече на самиот чин на порибувањето Румен Стаменов, директор на Државниот инспекторат за земјоделство.

Prespansko ezeroИ додека ние за првпат порибуваме, албанската страна тоа го прави години наназад.
Инспекторот за рибарство од Албанија Полумт Хоџа, кој присуствуваше на овој значаен настан, посочи дека во Албанија порибувањето на Преспанското Езеро со крап се прави секоја година, а започна далечната 1979.

Овој проект е во рамките на Програмата за финансиска поддршка на рибарството и аквакултурата во Република Македонија. Мрестот и порибувањето го направи Институтот за сточарство во соработка со „Акватика“ од Демир Капија.
Во езерото се пуштени 700.000 крапчиња од 20 до 100 грама кои се добиени од 40 матици преспански крап.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top