Порибување на езерото со подмладок на јагула

Нови подмладоци на јагула запливаа во езерските води на потегот кај Радожда. Традиционално и годинава, ЕЛЕМ ја поддржа акцијата на порибување на Охридското езеро со јагула, со сопствени средства во висина на 45 илјади евра.

 |  Николоска Биљана  | 

Заврши порибувањењто на Охридското езеро со јагула за оваа година. Денес кај струшкото село Радожда, во водите на езерото запливаа и последните примероци од од овој вид риба кои беа дел од 220те килограми. Во текот на оваа година во водте на езерото се фрлија околу 850 килограми или 30 000 единки квалитетен помладок на јагула со што се реализира планот. Акциите беа спроведени во три наврати. Директорот на ЕЛЕМ, Владо Чингоски вели дека традиционалното порибување на Охридското езеро со јагула е со цел да се обезбеди обновување и зачувување на овој вид риба а со тоа и зачувување на биодиверзитетот и еколошката стабилност на целиот регион на Охридското езеро. Чингоски тврди дека годинава порибувањето со јагула се врши со квалитетен помладок па единките се со просечна тежина од 24 грама.
Оваа акција е поддржана и од институтот за сточарство, одделение за рибарство. Директорот на овој институт Др. Васил Костов, рече дека благодарение на 30 годишниот тренд на порибување на езерото со подмладок на јагули овој вид сеуште го имаме, во спротивно јагулата би исчезнала.

Регуларноста на акцијата на порибување на Охридското езеро со јагула, ја следат и од Државниот инспекторат за земјоделие. Директорот Румен Стаменов, рече дека оваа акција ја следат пред се од аспект на законска надлежност. Тој додаде дека благодарение на одговорноста на компанијата која го спроведува порибувањето, езерото успева да ја зачува биоценозата на езерото.
Во моментов забранет е уловот на јагулата. Од државниот инспекторат немаат сознанија дека јагулата се лови на црно, а доколку е така тие како инспекторат би интервенирале. Од таму велат дека рибочуварската служба има за цел да го заштити рибниот капацитет на езерото и работат на тоа, но исто така факт е дека никогаш нема идеална заштита. За сите би било добро рибните ресурси да ги зачуваме колку што е можно подобро, додаваат од државниот инспекторат.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top