Македонија и Албанија немаат договор за висината на котите на езерото

Драстичното намалување на нивото на водата во Охридското Езеро на површина исфрли многу прашања. Повторно се актуелизира темата околу одредувањето на највисоката и најниската кота. Регулацијата на езерото преку реката Црм Дрим треба да се дефинира со меѓународен договор помеѓу Република Македонија и Република Албанија. Таков договор сеуште нема.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 

Република Македонија нема потпишано меѓународен договор со Република Албанија со кој ќе бидат дефинирани максималната и минималната кота на нивото на водата во Охридското Езеро. Иако двете држави во повеќе наврати одржувале конференции и средби на кои се дискутирало на оваа тема не се нашло заедничко решение. Таков договор е неминовен за соодветна регулација на езерото преку испустот на Црн Дрим, велат експертите. Тони Маркоски, директор на ХЕС Црн Дрим кажува дека моменталната регулација на езерото се прави врз основа на одлука на Извршниот совет на РМ во 1980 год. според која максималната кота е зацртана на 693, 75, а минималната на 693,10. Маркоски објаснува дека до договор со Албанија најверојатно досега не дошло бидејќи тие секогаш инсистирале минималната кота да биде многу пониска од оваа што се почитува денес.

Тие коти се многу пониски од овие што ние ги почитуваме и се многу понеповолни за езерото. Затоа МАНУ уште во 1971-72год. организираше симпозиум за Охридското Езеро после што се одлучило да се ревидираат граничните коти по кои претходно се вршела регулацијата на езерото. Со Р.Албанија во повеќе наврати се одржувани конференции за прифаќање на новите коти но не се постигна договор, вели Маркоски.

Ова го потврдуваат и претставниците од Координативниот Тим за Дримскиот проект. Дејан Паноски кој е дел од тимот кој меѓу другото се залага и за регулацијата на езерото преку реката Црн Дрим вели:

Неколкупати сме повикувале на ревизија на истиот и прилагодување на сегашната политичка и еколошка состојба. Отпочнатиот проект за управување со Дримскиот басен е токму можност за отварање на сите прашања. Без квалитетно заедничко управување со Дримскиот басен нема ниту квалитетна состојба на Охридското Езеро.

Во работните тела на Процесот за Дрим веќе се вклучени претставници на владини институции, надлежни министерства, ЕЛЕМ како и научните институции. Се очекува наскоро да има конкретни резултати и постигнување заеднички договор со албанската страна.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top