Кејот на езерото се повеќе се руинира

Кејот на езерото, најпосетуваното место од охриѓани и гостите полека пропаѓа. На неколку места веќе се пропаднати бекатон плочките. Граѓаните сметаат дека треба што поскоро да се реконструира. Од Локлната тврдат дека овој проект е еден од приоритетите во програмата на градоначалникот.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Кејот на езерото се повеќе се руинира. На неколку места можат да се забележат пропаднати бекатон плочки и изронато цименто. Статиката на оваа најпосетувана патека од охриѓани и гостие е нарушена, велат стручните служби од Локалната па потребна е целосна реконструкција на ова шеталиште. На делови од фронтот доаѓа до попуштање и има значителни оштетувања, кои што во иднина би претставувале и опасност за минувачите. Ова е најрепрезентативниот дел од градов па треба да му се обрне посебно внимание сметаат граѓаните.

Локланата уште од добивањето на мандатот пред три години како еден од приоритетите си го постави и реконструирањето на кејот. За таа цел неколку пати беа распишани и јавни повици за изнаоѓање најдобро идејно решение. Идејното решение за новиот лик на кејот го изработуваат архитекти вработени во општината откако на почетокот на јуни минатата година од локалната обелоденија дека општинската комисија ги отфрлила сите пристигнати идеи на надворешни архитекти за новиот лик на кејот со кусо образложение дека биле мегаломански со масивни платформи во вода. Главна насока била познатото градско шеталиште да има автентичен лик и да се вклопува во изгледот на градот. Но како што кажа градоначалникот Бакрачески при изработката на проектот посебно се внимавало да не се нарушува природниот еко систем на Охридското Езеро. Со охридскиот кеј не смее да се експериментира и истиот мора да ги задоволува стандардите и барањата на експертите, е ставот на градоначалникот.
Бакрачески кажа дека до крајот на неговиот мандат од кој останува уште една година ќе се заложи да го реализира проектот за реконструкција на кејот на езерото. На тој начин би се добило едно современо шеталиште кое би ја задржало автентичноста, но и функционалноста на просторот. Инаку кејот последен пат беше реконструиран пред петнаесеттина години во времето на Никола Матлиески Пашата кога камените плочи беа заменети со бекатон плочки.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top