Убавините на Охрид и езерото презентирани во нов современ водич

Убавините на Охрид и езерото презентирани во нов современ водич.  Џепната фотопубликација е насловена како „Охрид на брегот на вечното езеро“. Станува збор за  промотивен материјал изработена по современи светски стандарди како водич за патување низ фотографии и текст. Автори се пасиониран фотограф и  туристички водич кои даваат заеднички придонес за  Охрид да има што повеќе гости.

 |  Валентина Неловска  | 

Збогатен туристичкиот промотивен материјал за Охрид.„Охрид на брегот на вечното езеро“ е нов современ водич наменет за странските гости кои доаѓаат во Охрид.  Современиот водич  е дело на двајца пријатели, соработници  и вљубеници во Охрид, пасионираниот фотограф Петар Боев и професионалниот туристички водич Џингис Пател..  На публикацијата работеле подолго време и процесот при избор на фотографиите поместени во водичот не беше ни малку едноставен, вели Боев. Туристите преку  водичот за патување низ фотографии и текст ќе ги добиваат визуелните и текстуалните информации за Охрид, езерото и планината. Фотопубликацијата по концептот и тематската содржина е од промотивен карактер.

„Нејзината цел  е да придонесе Охрид и езерото да бидат што подобро промовирани во современите трендови кои се наложени во светот денеска. Да  го исполниме начинот на промоција со  она што го имаме  фотографирано и напишано. Во таа другарска  и искрена соработка , не под притисок или проект,  произлезе оваа книга како резултат  на  долго годишна соработка и  искрена љубов кон градот и езерото за да го створиме ова мало дело“, појаснува  Боев.  
Фотографиите кои се дел од промотивнит туристички материјалот се дело на Петар Боев, а автор на текстот е Џингис Пател. Текстот беше одамна готов ама изборот од илјадници  фотографии не беше ни малку лесен процес, вели Пател. Додава секако  и финансиите. Но сепак, публиакцијата била случајно или не објавена на Светскиот ден на туризмот, кажува Пател.

„ Мене ми е драго што може да придонесам градот да се популаризира. Што се однесува до текстот тој е концизен. Долги години сум со гости, гледам  што бараат. Не се дојдени на научна екскурзија туку да уживаат и да слушнат по нешто  од  Охрид.Грдаот  сам по себе е приказна, не треба многу да се кажува туку да се кажат работи кои не можат да ги најдат секаде. Легенди, приказни за Охрид, некоја миродија во целата работа,“ вели Џенгис.   
Најновата публикација „Охрид на брегот на вечното езеро“ е   трето дело од заедничката соработка на Петар  Боев и Џингис  Пател. Автор на дизајнот на  џепното издание е Боби Ќосев.    

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top