Ознака: доби

gradinka

Градинката „Јасна Ристеска“ доби зелено светло за формирање на групи со поголем број на деца од законски предвидениот

Post Views: 3 Во градинката „Јасна Ристеска“ ќе може да се формираат групи со помал односно поголем број на деца од законски предвидениот. Ваква одлука беше донесена на последна седница на Советот на општина Охрид, а на предлог на раководството на градинката.  Опозицијата беше воздржана во гласањето на предлог одлуката бидејќи велат дека ги разбирале и родителите, но според нив во објектите на „Јасна Ристеска“ во моментов веќе се згрижуваат 347 дечиња повеќе од предвиденото. Советничката од редовите на опозицијата, Оливија Јанева-Пирузева смета дека станува збор за големо отстапување...

Continue reading

migranti

Попоски: Помошта која Македонија ја доби од ЕУ за справување со мигрантите е симболична

Post Views: 2 Македонија во интензивни комуникации со соседните земји, Европската Унија и Обединетите нации со цел справување со големиот наплив на мигранти на границата со Република Грција. Драстичното зголемување на бројот на мигранти кои се обидуваат да влезат на територијата на Република Македонија од петстотини на 3000 лица дневно, ги стави на тест македонските институции во справувањето со овој сериозен проблем. Според министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, помошта која досега ја добиле од меѓународниот фактор, односно Европската Унија е симболична...

Continue reading

Охрид доби одбројувачи за семафори

Post Views: 0 20 одбројувачи за семафори, доби општина Охрид. Оваа донација е од Републичкиот совет за безбедност на Македонија, во знак на добра и успешна соработка со општина Охрид, како што кажа претседателот на РС Стојче Стаменкоски. Одбројувачите ќе бидат поставени на пешачките семафори во градот и ќе имаат за цел подигнување на безбедноста на пешаците како ранлива категорија на учесници во сообраќајот, додаде Стаменкоски. „Општината ја препозна важноста и потребата од преземање на соодветни мерки за унапредување на безбедноста во сообраќајот и со денешниот настан ќе го означиме...

Continue reading

knigi pastrmka

Битката за спас на охридската пастрмка доби ново поглавје

Post Views: 1 Ново поглавје во вечната битка за зачувување на ендемичната охридска пастрмка. Дипломираниот инженер-агроном и независен екологист, Лазо Наумоски, во едно научно книжевно издание, под насловот „„Битка за спас на охридската ендемична пастрмка од нејзино истребување“ дава еден сеопфатен увид врз предизвиците во заштитата на пастрмката. Според него, оваа надалеку препознатлива охридска риба се наоѓа во една кризна ситуација, па дури и дека се наоѓа на прагот на истребување. Причините за тоа, Наумоски ги гледа во начинот на нејзин излов. „Мислам дека и понатаму е во криза...

Continue reading

Црвен крст Охрид доби контењер за донирана облека

Post Views: 7 Алфа банка – Охрид на ОО на Црвен крст на им донираше Контењер. Неговата намена е да се користи како место, каде сите хумани граѓани ќе имаат можност да донираат облека. Ваков контењер за прв пат се поставува во општина Охрид вели секретарот на Црвениот крст Мимоза Ставрева. Таа нагласи дека овој контењер претставува олеснителен начин како за граѓаните така и за Црвен крст за прибирање и распоредување на донираната облека. „Од 2009 година заедно со групацијата Алфа Банка, конкретно со експозитурата во Охрид имаме континуирана соработка по повод  волонтерскиот ден на...

Continue reading

книга

Охридската библиотека доби пет примероци од книгата „Можеш и ти“

Post Views: 2   Донирани пет примероци од книгата „Можеш и ти“ од авторот Венко Андоновски на охридската библиотека „Григор Прличев“. Се работи за биографска книга за проф. д-р Ванчо Чифлиганец, познат стопанственик и успешен бизнисмен, своевиден прирачник за деловниот успех за сите оние кои се на почетокот на својот професионален пат. Читајќи ја оваа биографија уште еднаш се потврдува дека со посветена работа, искрена желба и верба во себеси, успехот е неизбежен. Ова биографско четиво е многу моќно и сугестивно особено за оние кои се на почеток на градењето на својата кариера. Книгата...

Continue reading

donacija

ОУ „Григор Прличев“ ја доби толку потребната фото копир машина

Post Views: 0 Претставничките на лајонс клубот Деница денес им го разубавија денот на основците од „Григор Прличев“, но и целото училиште. Тие како донација денес ја добија толку потребната фото копир машина која според менаџментот на училиштето била еден од најважните приоритети за правилно и непречено одвивање на образовниот процес. „Цела учебна година ја поминавме без овој копирен апарат, и навистина имавме многу големи проблеми, баравме помош скоро од цел град за копирање. Во училиштето учат 1100 ученици, со новиов начин на работа има повеќе ангажмани за децата, активна настава...

Continue reading

Дали е ова решението за празна батерија на телефонот?

Post Views: 2 Секој производител на паметни телефони се обидува да пронајде ултимативно решение и во новиот модел да вгради подобра, поквалитетна и поиздржлива батерија, но без оглед на тоа проблемот со празнењето на батеријата останува и понатаму. Досега се појавија приличен број, што подобри што полоши, идеи кој во иднина би можеле да ја анулираат фрустрацијата на брзо празнење на батеријата на смарт телефонот, и воглавно се работи за полначи на батеријата. Проектот кој го претстави дизајнерот Tsing Chin-Hsien би можел да го освои пазарот од повеќе причини и тоа: едноставен е за...

Continue reading

zraci

Дневниот Центар „Зраци“ доби грант од 5200 евра

Post Views: 9 Грант во висина од 5 200 евра доби Дневниот центар за лицата со интелектуална попреченост „Зраци“, Охрид, од страна на Австралиската амбасада од фондот за директна помош. Овие парични средства се значителна помош за Центарот посебно за неговото секојдневно функционирање истакна градоначалникот Никола Бакрачески. Апликацијата за овој грант ја направиле службите на Секторот ТЛЕР во соработка со амбасадата. „Дел од средствата ќе бидат искористени за работно ангажирање на вработените односно за плати, понатака ќе бидат организирани екскурзии за децата и за родителите кои...

Continue reading

здравствен дом

Здравствениот дом во Охрид доби нов ВД директор

Post Views: 15 Доктор Катерина Арсенова Димитрова е новиот ВД директор на Здравствен дом. Така одлучи Министерството за здравство. Др Димитрова од вчера ја извршува оваа функција на која дојде од раководното место  во  Диспанзерот за здраво дете. Доктор Димитрова е специјалист педијатар со 33 годишно работно искуство.  Таа ќе ја извршува оваа функција се додека ресорното министерство не распише оглас за назначување на нов директор. Инаку, Здравствениот дом остана три недели без директор по финансискиот скандал тежок 7,5 милиони денари кој го откри финансиската полиција.  Од прво осомничениот,...

Continue reading

Slavica Kostoska

Славица Костоска по втор пат ја доби довербата на училишниот одбор за директор на економско

Post Views: 0 Вршителот на должност директор на СОСУ „Свети Кирил и Методиј“, Славица Костоска повторно ја доби довербата од членовите на училишниот одбор како најадекватен кандидат за функцијата директор на средното економско училиште. На вчерашното прегласување, на кое учествуваа сите 11 члена на училишниот одбор, Костоска доби 7 гласа, додека нејзиниот противкандидат, професорот Никола Тренески ја доби довербата на четворица члена од одборот. Покрај новоназначениот член на одборот, односно претставник од Министерството за образование, училишниот одбор содржи и четворица членови...

Continue reading

Стефани Ефтимовска од ОСУ „Св Климент Охридски“ доби стипендија од СИВУС

Post Views: 5 Стефани Ефтимовска е матурантка во охридската гимназија која е посебно успешна на полето на информатиката и планира своето образование да го продолжи на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје. Во остварување на нејзиниот сон да биде успешна во ИТ индустријата ќе и помогне СИВУС Едукативен и развоен центар. Овој водечки центар специјализиран за обука и едукација во областа на програмирање, дизајн, компјутерски мрежи и тестирање на софтвер на Стефани денеска и врачи стипендија. „ Јас имав веќе слушнато за СИВУС едукативниот центар и имав желба...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top