ОУ „Григор Прличев“ ја доби толку потребната фото копир машина

Претставничките од Лајонс клубот „Деница“ им излегоа во пресрет и во рамките на нивните хумани активности денес им подарија токму ваква копирка која според менаџментот на училиштето им е неопходна за поуспешно реализирање на наставните содржини.

 |  Мишел Наумоски  | 
donacija

Претставничките на лајонс клубот Деница денес им го разубавија денот на основците од „Григор Прличев“, но и целото училиште. Тие како донација денес ја добија толку потребната фото копир машина која според менаџментот на училиштето била еден од најважните приоритети за правилно и непречено одвивање на образовниот процес.

fotokopir„Цела учебна година ја поминавме без овој копирен апарат, и навистина имавме многу големи проблеми, баравме помош скоро од цел град за копирање. Во училиштето учат 1100 ученици, со новиов начин на работа има повеќе ангажмани за децата, активна настава во која се употребуваат многу наставни ливчиња, имаме многу тестови и по сите предмети, тоа ни беше најпотребно.“-вели директорката на ОУ „Григор Прличев“, Силвија Мојсоска.

Дениците едногласно го прифатиле барањето за набавка на оваа копир машина за потребните на ОУ „Григор Прличев“. Даниела Котеска-Лозаноска, член на лајонс клубот „Деница“ вели дека ова е само мал придонес, но за училиштето значи навистина многу.

donacija Denica„Оваа година сепак се деца од училиштето „Григор Прличев“, тоа е затоа што ние добивме информација дека е потребно тука да се донира копир и други работи, но во случајов копир бидејќи беше објаснето дека тоа е навистина една од поважните работи за нивното работење, со цел да им овозможиме нормално добра работа и добро учење на нашите деца.“-рече Котеска-Лозаноска до Лајонс клубот „Деница“.

Дениците оваа копир машина ја набавиле со собраните средства од хуманитарниот бал под маски со кој го одбележаа својот роденден. Минатата година, со вака собраните средства помогнаа на центарот за лица со попреченост „Зраци“. За годинешната донација добија и најдобро можно „благодарам“ од учениците кои имаа приготвено цела една приредба со пеење песнички, а воедно на дениците им врачија и официјална благодарница за нивната несебична помош.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top