Ознака: доби

sadenje drvca

Месноста Мауцкер доби нови дрвца од акцијата Ден на дрвото

Post Views: 10 И во Охрид се засадија дрвца. Десетти пат по ред, подмладок беше посаден во месноста викана „Мауцкер“ на излезот од Охрид. Во акцијата подадоа рака волонтери, граѓани но и функционерите од ВМРО-ДПМНЕ кои потекнуваат од охридско. „Основната поента е да ја разелениме Македонија и да дадеме можност на нови дрвца да растат во иднина. Оваа акција е од исклучително значење затоа што вака ние ставаме до знаење дека сепак иднината ни е важна и слоганот на денешниов ден е „Спортски е да се сади“, така да во тој дух денеска ние сме тука да ја засадиме својата иднина.“-вели Сашо...

Continue reading

pastrmcinja

Охридското Eзеро доби концесионер

Post Views: 24 Неофицијално, идниот концесионер е фирмата „Пастрмка 2012 година“ од Охрид.Министертсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство ја потврди информацијата, но портпаролот вели дека детали за концесионерот ќе обелоденат дури откако одлуката ќе излезе во службен весник. На оваа оваа владина одлука први се пожалија спортските риболовци. Од риболовниот клуб „Свети Апостол Петар“ велат  дека владината одлука ќе ја обжалат до Европската комисија за рибарство, Комисијата за рибарство при Обединетите нации и до Европските партии на зелените. Зошто  не се сложуваат со одлуката...

Continue reading

gomleze

Скребатно во знакот на Ѓомлезијадата

Post Views: 1 Вкусно ѓомлезе подготвено на традиционален начин под сач, се печеше на распламтен огин. Денес по четврти пат на излетничкото место Скребатно се одржа годинешниот натпревар, или препознатливата ѓомлезијада. Секогаш добро е да се потсетиме која е тајната на приготвувањето на овој македонски специјалитет. „Не е тешко ниту мачно кога со задоволство се прави ѓомлезе“, вели  Билјана Китевска. „За да се направи ѓомлезе треба да се знае тајната на постарите од старите времиња. Треба вода брашно и сол. Ѓомлезе што се става пециво јогурт е гибаница“. Ѓомлезето добро оди со сирење....

Continue reading

нискоградба

ЈП„Нискоградба“ доби зелено светло за кредитното задолжување

Post Views: 1 Општината даде амин на кредитот за ЈП „Нискоградба“-Охрид. По многу натегања околу потребата за вакво кредитно задолжување, и остри реторики, „Нискоградба“ конечно ја доби очекуваната финансиска инјекција, ама засега само на хартија. Инаку станува збор за рамковен и исклучиво наменски кредит, кој ќе биде употребен за обезбедување на доволна количина обртни средства за претпријатието, како и подмирување на обврските за ДДВ спрема државата. „Тоа е рамковен кредит. Значи сиве јавни претпријатија во градов па и во државава имаат таков кредит. Тоа е можност во одреден период...

Continue reading

alt

Александар Андоноски го фати бурето со бело вино

Post Views: 3 Младиот Александар Андоноски со својата тајфа го фати бурето со бело вино. Традиционалното фрлање на десетте буриња со вино во разбрануваните води на езерото, беше главниот настан за денот на рибарите. Александар пресреќен, изјави дека неколку пати се обидува да го направи овој подвиг и дека конечно денес во тоа и успеал. Вети дека тој и неговата тајфа ќе го испијат целото буре. Во годините кога била забранета манифестацијата на фрлањето на светиот крст во Охридските води, рибарите го земале крстот од црквата Геракомија, за да не се казни попот и пред да заминат ноќта...

Continue reading

Saso Bogoeski

Занаетчиите добија нов претседател, а стариот лут ги избрка новинарите

Post Views: 6 Регионалната занаетчиска комора од Охрид доби нов претседател. Стариот очигледно незадоволен од случувањата, ја избрка нашата новинарска екипа од овој јавен настан. Сепак ништо не влијаеше врз нормалниот тек на изборот со кој Сашо Богоески стана нов претседател на занаетчиската комора. Покрај претседателот беа избрани и нови членови на управниот одбор. Регионалната занаетчиска комора од Охрид конечно доби ново раководство. Смената на старото беше долго најавувана, меѓутоа конечно беше официјализирана на вчерашната седница на Собранието на комората. Новиот претседател...

Continue reading

zdravstven dom

Ќе има ли пари за градба на нова поликлиника?

Post Views: 13 Останува и понатака  неизвесноста дали ќе се гради  нова поликлиника во Охрид, најавувана како повеќе од потребна за охриѓани. Спорот што во април  годинава се случи помеѓу ЈЗУ Здравствен дом и секторот за урбанизам  околку  издавњето на дозвола за  градба доби разрешница.  Второстепната комисија одговори на жалбата која ја вложи ЈЗУ Здрвствен дом дури по 5 месеци.Со ова решение на Миниетрството за транспорт и врски  се потврдува дека секторот за урбанизам со издаденото негативно решение во април заради некомплетна документација доставена од раководството на оваа установа ...

Continue reading

tomograf

Започна со работа компјутеризираниот томограф

Post Views: 4 Започна со  работа  долго очекуваниот компјутеризиран томограф во охридската општа болница. Ново формираниот Радиолошки центар доби најсофистициран апарат кој се користи во современата  радиодијагностика. Тоа ќе значи  скратување на  досегашните маки  на охридските пациенти. Тие ќе заштедат и пари и време, а ќе добијата брза и точна дијагноза со која навреме ќе биде третирано лекувањето. Пацинетите повеќе нема да патуваат надвор од Охрид или во другите здравствени установи, истакнува специјалистот  радиодијагностичар д-р Софка Маленко. Прегледите на ова одделение се...

Continue reading

gavel

14, 5 години затвор за 4-ца виновници за смртта на српскиот турист Новаковиќ

Post Views: 0 Тројца охриѓани и еден државјанин на Србија добија затворски казни за смртта на српскиот турист Дејан Новаковиќ, кој лани во Охрид беше брутално претепан до смрт. Учесниците во тепачката денеска ги слушнаа пресудите. Митре Костовски е осуден на 4 години затвор, Иљче Јоновски доби 4 години и 6 месеци затворска казна, најдолга казна од 5 години затвор доби Србинот Драган Ѓорѓевиќ кој е во бегство и кому му беше судено во отсуство. Ѓоко Наумовски е осуден на една година затвор. Сите се осудени за учество во тепачката во која брутално до смрт беше претепан српскиот турист...

Continue reading

Adam Govrlevo

Промовирана наградената поема Адам од Говрлево

Post Views: 33 „Адам од Говрлево“ денес влезе во историјата на лауреатите. Ова дело на Милован Стефановски го доби своето место под поетското небо. Ова е трета награда на авторот за неговото досегашно творештво. Наградената поема „Адам од Говрлево“ денес во Центарот за култура-„Григор Прличев“ во Охрид ја доживеа својата јавна презентација. Авторот на оваа поема, покрај оваа награда, добитник е уште и на признанието, роман на годината и наградата „Браќа Миладиновци“. Ова дело е поетско гледање на авторот врз едно од нашите најголеми археолошки пронајдоци, „Адам од Говрлево“, мала...

Continue reading

Atanasko Mihailov i Velice Markoski

Величе Маркоски застана на страна на ВМРО ДПМНЕ

Post Views: 4 Советничката група на охридскиот совет, ВМРО ДПМНЕ доби уште еден истомисленик. Новоназначениот советник Величе Маркоски кој во советот дојде на местота на Владо Цветкоски, се изјасна дека ќа ја подржува работата на групата на ВМРО ДПМНЕ.„Чест ми е што ќе бидам дел од советот на општина Охрид. Мојата основна цел ќе биде да ги застапувам интересите на сите граѓани без разлика на нивната политичка и верска припадност“, истакна советникот Величе Маркоски.Маркоски и покрај тоа што на изборите беше кандидиран како независен кандидат, признава дека е член на ВМРО ДПМНЕ уште...

Continue reading

Fuere i novinarite

Фуере со новинарите од Охрид

Post Views: 1 Пикник кој долго ќе се памети. Во знак на почит на досегашната соработка со евроамбасадорот Ерван Фуере на кого на пролет му истекува мандатот, охридските новинари му приредија изненадувачки пикник. За време на 4 часовната дружба беа разменти низа разговори со Фуере за времето поминато изминативе четири години. На трпезата беа присутни македонските специјалитети, подготвени од новинарите. Но не изостанаа и играта и песната. Ерван Фуере пријатно изненаден од охридските новинари. Дека тие знаат не само да пишуваат, туку да бидат и добри домаќини потврди потегот на евроамбасадорот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top