14, 5 години затвор за 4-ца виновници за смртта на српскиот турист Новаковиќ

Семејството незадоволно од пресудите што ги изрече прилепскиот суд.

 |   | 
gavel
гавел

Dejan NovakovicТројца охриѓани и еден државјанин на Србија добија затворски казни за смртта на српскиот турист Дејан Новаковиќ, кој лани во Охрид беше брутално претепан до смрт. Учесниците во тепачката денеска ги слушнаа пресудите.

Митре Костовски е осуден на 4 години затвор, Иљче Јоновски доби 4 години и 6 месеци затворска казна, најдолга казна од 5 години затвор доби Србинот Драган Ѓорѓевиќ кој е во бегство и кому му беше судено во отсуство. Ѓоко Наумовски е осуден на една година затвор.

Сите се осудени за учество во тепачката во која брутално до смрт беше претепан српскиот турист Дејан Новаковиќ. Пресудите се изречени за делото „учество во толпа што извршила насилство“.

Обвинителството пред дестина дена го смени обвинението и наместо да ги гони учесниците во тепачката за кривично дело „убиство“ го преименува обвинението во поблаго дело по кое се изречени пресудите. За делото за кое им се судеше максимални казни се до 5 години затвор.

Семејството на убиениот Новаковиќ уште при промената на обвинителниот акт и ублажувањето на делото реагираше и најави дека ќе се жали и до судот во Стразбур. Незадоволни се и од денешната пресуда на прилепскиот суд.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top