Ознака: доби

absinthe

Барем некој го доби спорот за името

Post Views: 8 Со одлука на француските власти која беше поздравена како „крај на лицемерието,“ апсинтот конечно го доби правото да се продава под етикетата – апсинт. Француските производители на силниот алкохол со психоделични својства познат и како „Зелената вила“ добија дозвола истиот да го продаваат како апсинт, пијачка која во Франција беше забранета речиси еден век. По неколкуте истражувања кои докажаа дека апсинтот не е поопасен од некои други пијалаци кои легално можат да се купат во земјата, Франција во 1988-та ја крена забраната, но под услов да не се продава под етикетата...

Continue reading

Bred Pitt i Angelina Jolie vo Cannes

„Tree of Life“ ја освои Златната палма во Кан

Post Views: 1 Филмот „Tree of Life“ на режисерот Теренс Малик ја освои главната награда на 64. Кански филмски фестивал. Драмата во која главните улоги ги имаат Бред Пит, Шон Пен и Џесика Частеин доби мешани критики, но на крајот сепак успеа да го освои жирито на чело со Роберт Де Ниро. „Tree of Life“ некои го нарекоа амбициозно дело на генијалец, а други го окарактеризираа како хаотично мислење за животот и духовноста. Култниот режисер Теренс Малик не се појави на настанот за да ја прими наградата. Втората награда, Гран Прито на францускиот фестивал, ја добија два филма – „The Kid...

Continue reading

Angelina na set vo Bosna

Режисерското деби на Анџелина Џоли конечно доби име

Post Views: 1 Филмот кој претставува деби на актерката Анџелина Џоли како режисер конечно си доби име и дистрибутор, а веќе е закажана и премиерата.Филмот кој својата премиера во САД ќе ја има на 23 декември оваа година ќе биде насловен како  “In the Land of Blood and Honey” (“Во земјата на крвта и медот“).  Инаку Џоли за EW изјавила дека изборот на наслов едноставно ја “полудел“. “Се работи за тежок филм. Морав да најдам наслов со кој публиката ќе знае што да очекува. Имав неверојатно долга листа на наслови. Огромна…“ вели Џоли. “Филмот е за војната во Босна, но...

Continue reading

Белчишкото блато доби екотуристичка инфраструктура

Post Views: 1 Локалитетот Белчишко блато доби екотуристичка инфраструктура. Така во неговата околина изградена е набљудувачница за птици, видиковци за одмор и информативни знаци. Изградената екотуристичка инфраструктура на која работеше Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016“ од Охрид, ќе биде предадена во трајна сопственост на општина Дебрца, за да може да ја користи за развој на екотуризам, набљудување див свет и рекреација на посетители. Изградбата на инфраструктурата е во рамките на проектот „Зачувување на Белчишко Блато со ангажирање на општина Дебрца и локалните...

Continue reading

Antonio VeLJANOSKI

Награда за документарецот на Антонио Вељаноски „Поет на мал народ“

Post Views: 2 На 40 издание на фестивалот „Млада камера“ кој се одржува во Уничов, Република Чешка, Антонио Вељаноски од Охрид ја доби третата награда за документарниот филм „Поет на мал народ“. Документарниот филм претставува портрет на македонскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски, а приказната се следи преку три негови песни:„ Куќа“, „Траума“ и „Ноќта е црна Liebe Marija“. Покрај поетот во филмот настапуваат  Верица Недеска, Катерина Петреска, Александра Котушеска како и музичка илустрација на етно групата Љубојна. Антонио Вељаноски ја следи завршната година  на филмската академија  ФАМУ...

Continue reading

Македонија доби „Златна награда за дестинација за патување” од страна на холандските туристи

Post Views: 1 Првата награда за дестинација за патување и припадна на РС Македонија. “Златна награда за дестинација за патување” (Golden Travel Destination Award) е резултат на гласање спроведено од страна холандските туристи коишто имаа задача да ја оценат нивната посета во странска земја којашто ја посетиле и воедно да потенцираат што е тоа што најмногу им се допаднало. Највисоко е оценета локацијата на државава со 8.2 поени, рестораните со 8.1 и културата со 8 поени од можни 10 поени. Гостомпримството е оценето со 7.9, додека локалитетите со 7.8. Од градовите највисоко котира Охрид...

Continue reading

suvenirnici

Бенефитот од унифицираните сувенирници

Post Views: 0 Пред неколку месеци Охрид доби унифицирани туристички сувенирници од кои едната е лоцирана кај стариот чинар ,другата на градското пристаниште а се очекува наскоро да биде отворена и третата продавница наспроти градската пошта. Министерката за култура Канческа-Милеска при отоворањето потенцира дека овие сувенирници имаат огромна важност за сите посетители и туристи бидејќи тука ќе можат да си купат автентичен сувенир кој го отсликува нашето богато културно наследство и сето она што го поседува нашата држава. Покрај економскиот бенефит овие сувенирници ќе допринесат и...

Continue reading

dastin

Дастин Хофман доби 7,5 милиони за пет дена работа

Post Views: 11 Луѓето од „Јуниверзал“ во последен момент се решиле да преснимат некои сцени, во кои секако бил и Хофман, па практично му дале на актерот сам да си ја определи цената. За разлика од 73 годишната холивудска ѕвезда, останатите за филмот исто така беа наградени со милионски суми. Така, Бен Стилер и Роберт Де Ниро земале по 20 милиони, а Овен Вилсон и Барбара Стрејсенд успеале да се исценкаат само за седум милиони долари. Џесика Алба е најсиромашна на списокот, со три милиони долари.За какви и бројки да се работи, тимот на Јуниверзал ја има својата математика. Иако филмот...

Continue reading

OO SDSM

Томислав Тунтев именуван за претседател на ОО на СДСМ

Post Views: 3 Првиот човек на СДСМ, претседателот Зоран Заев, синоќа  на последниот состанок на највисокото раководство на охридскиот огранок на партијата, го именува актуелниот советник Томислав Тунтев за претседател на општинската организација на СДСМ во Охрид. Тунтев за претседател на охридските социјалдемократи бил избран, откако влегол во потесниот избор, заедно со Веле Тодороски. Според измените на статутот на СДСМ донесени на вториот конгрес на СДСМ на 30 јуни годинава, претседателот на партијата, ги именува претседателите на ОО, а секој именуван претседател е обврзан да направи...

Continue reading

Elizabeta Kamcevska-Mileska

МАНУ корисник на палатата Уранија

Post Views: 4 Клучот од Палатата Уранија предаден во рацете на Македонската академија на науките и уметностите. Уранија, отсега ќе претставува „Охридски книжевен центар“.Куќата на Уранија предадена на користење на МАНУ. По завршената факсимилна обнова на екстериерот и ентериерот на овој препознатлив белег за Охрид, тој преоѓа во сопственост на институцијата која пред 42 години од тука ги промовираше првите Академици. На вчерашната промоција на овој реномиран споменик на културата за Охрид, присуствуваа Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, Академик Георги Старделов,...

Continue reading

mehanizacija

Гранит го доби тендерот на Агенцијата за патишта

Post Views: 10 Станува збор за тендер вреден 2,5 милиони евра, за реконструкција на 17 патни правци во Полошко-кумановскиот регион, се вели во известувањето на најголемата македонска градежна компанија Гранит. Тендерот на Агенцијата за патишта е дел од проектот на Светска банка за рехабилитација на локалната и регионалната патна мрежа во Македонија, кој опфаќа вкупно 28 патни правци низ земјава. Моментално Гранит гради ги гради 145-те спортски сали, новата зграда на Уставниот суд, патот Смрдлива вода- Кожув, пристапните патишта до зоната Бунарџик итн. Компанијата има проблеми со...

Continue reading

centar za kultura

Центарот за култура Григор Прличев доби финансиска инјекција

Post Views: 8 Центарот за култура „Григор Прличев“ од Министерството за култура доби околу 5 мил. денари за проектите кои треба да ги реализира во текот на оваа година. И овојпат финансиски се подржани Балканскиот фестивал, Охридските староградски песни, фолклорните друштва, мешаниот хор, балетското студио и театарот.  Предвидени се и два големи театарски проекти и тоа „На дното“ од Максим Горки и „Орестија Есхил“ која претстава по се изгледа ќе ја режира познат режисер од Дубровник. Еден театарски проект ќе биде финансиран и од сопствени средства, вели директорката Драгана Боцевска....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top