Дастин Хофман доби 7,5 милиони за пет дена работа

За само пет дена работа, Дастин Хофман ќе добие неверојатни 7,5 милиони долари. Толку е цената која тој ја побара и доби од продуцентитена филмот Little Fockers.

 |  Маја Савиќ  | 
dastin
Дастин Хофман

dastin i De NiroЛуѓето од „Јуниверзал“ во последен момент се решиле да преснимат некои сцени, во кои секако бил и Хофман, па практично му дале на актерот сам да си ја определи цената. За разлика од 73 годишната холивудска ѕвезда, останатите за филмот исто така беа наградени со милионски суми. Така, Бен Стилер и Роберт Де Ниро земале по 20 милиони, а Овен Вилсон и Барбара Стрејсенд успеале да се исценкаат само за седум милиони долари. Џесика Алба е најсиромашна на списокот, со три милиони долари.
ekipa na Little Fockers
За какви и бројки да се работи, тимот на Јуниверзал ја има својата математика. Иако филмот од критичарите не беше оценет сјајно, тој сепак од почетокот на прикажувањето во декември, до сега, заработи околу 130 милиони долари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top