Филмот кој претставува деби на актерката Анџелина Џоли како режисер конечно си доби име и дистрибутор, а веќе е закажана и премиерата.
Филмот кој својата премиера во САД ќе ја има на 23 декември оваа година ќе биде насловен како “In the Land of Blood and Honey” (“Во земјата на крвта и медот“). Инаку Џоли за EW изјавила дека изборот на наслов едноставно ја “полудел“.
“Се работи за тежок филм. Морав да најдам наслов со кој публиката ќе знае што да очекува. Имав неверојатно долга листа на наслови. Огромна…“ вели Џоли. “Филмот е за војната во Босна, но исто така е и универзален. Сакав да претставам колку длабоко човечките врски и однесување се засегнати кога се живее за време на војна“.
Џоли работеше со комплетно локална екипа, а дистрибутер на филмот на англиски јазик ќе биде компанијата FilmDistrict. Филмот има и верзија на “српско-хрватски“ јазик.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град