Ознака: добијат

platforma

Ќе се утврдува точната старост и потеклото на Охридското Езеро

Post Views: 2 Наскоро започнува реализацијата на проектот со кој ќе се утврди точната старост на Охридското езеро. Од ЈНУ Хидробиолошки завод од Охрид не информираа дека идејата за реализација на проект од олкави размери, се базира врз прелиминарните сеизмолошко-седиментолошки истражувања обавени во Охридско езеро во периодот од 2004-2011 година кои  всушност ја потврдиле претпоставката дека Охридско езеро може да се смета за потенцијален објект за започнување на длабочинско дупчење. Со ова обемно испитување, покрај тоа што ќе се добијат попрецизни информации за староста и потеклото...

Continue reading

aparat glikemija

1500 апаратчиња за мерење шеќер за охриѓаните со дијабетес мелитус

Post Views: 0 Со оваа акција, ќе биде обезбедено сите пациенти на Центарот за дијабетес, кои имаат дијагноза дијабетес мелитус, да ги добијат овие апаратчиња. Со нив, пациентите ќе можат дневно да ја следат својата здравствена состојба. „Ќе ги добијат исклучиво пациентите кои се на инсулинотерапија. Со тоа го заокружуваме проектот да секој пациент има апаратче во домашни услови. Правиме еден голем исчекор, затоа што ваква акција години наназад не е случувана. Ние секоја година на два-три наврати сме давале гратис апаратчиња, но тоа било во помали количини. Сега ќе ја опфатиме целата...

Continue reading

nezavisni Lakocerej

Независниот носител на советничка листа, Зоран Стевоски ја започна кампањата

Post Views: 0 Од родното Долно Лакочереј, носителот на независната советничка листа, Зоран Стевоски, ја започна својата кампања за престојните локални избори. Според него, селото Долно Лакочереј е село кое во послените 20 години рапидно уназадува. Стевоски вели дека во минатото, ова село доминирало во сите сфери, и во спортот, и во културата, и во земјоделието. „Со ова сакам да порачам дека не само Долно Лакочереј, туку и сите села во општина Охрид, вклучувајќи ги и селата од поранешната Коселска општина, ќе се заложиме ние како советничка група да го добијат своето вистинско место...

Continue reading

logo

„Градоначалникот Петрески не се грижи за своите сограѓани“ обвинуваат од ОК на ДПМНЕ

Post Views: 5 „Крајно неодговорен чин на градоначалникот на Охрид и на неговиот несопсобен тим, бидејќи не одговорија на програмата на Владата за вработување на невработените лица“, обвини на денешниот прес Никола Митровиќ, портпарол на О.К на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Митровиќ додаде дека во услови на глобална економска криза, неповолни економски текови, кога сo оваа програма Владата на РМ им овозможува извор на приходи на своите граѓани, охридскиот градоначалник Александар Петрески не покажал никаков интерес за тоа да помогне на своите сограѓани. „Веројатно за Петрески нема никаква криза,...

Continue reading

plasonik

Водичи реагираат нема доволно промотивен материјал

Post Views: 8 Туристичките водичи реагираат дека има недостаток на  информативeн туристички материјал.  Посочуваат дека  туристите единствено при посетата на праисториската наколна населба во Заливот на коските со секој купен билет за влез добиваат флаер за локалитетот. На останатите  локалитети не е така. И годинава туристите кои доаѓаат на Плаошник и Самоилова тврдина нема да добијат информативен материјал. Од Завод и музеј објаснуваат дека такви материјали нема затоа што археолошките истражувања на овие локалитети не се завршени.Во нивна близина нема ни информативни табли со основните...

Continue reading

pcelari

Зголемени субвенции за одгледувачите на пчели

Post Views: 10 Колку-толку, барем повеќе од лани. Одгледувачите на пчели годинава ќе добиваат 600 денари субвенција. Средствата кои ги определило Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се дел од Програмата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој. Сепак како најголем проблем пчеларите го наведуваат несигурниот пласман на произведениот мед. „Пчеларите во Македонија воопшто немаат пласман, државен пласман да знае каде го носи медот и која цена би бил. Пчеларите на милост и немилост оставени го носат медот по пазарите од мене до тебе и така се оставени...

Continue reading

magnus

Пензионерите ќе добијат сместувалиште

Post Views: 0 Пензионерите од Охрид па и пошироко ќе добијат Дом за стари лица. Иницијативата на пензионерите како и нивната четиригодишната битка да се обезбеди престој за старите лица, по се изгледа резултира со позитивен епилог. Портпаролот на Здружението на Пензионери на Охрид и Дебрца Крсте Спасески, вели дека надминати се сите проблеми околу имотно правната состојба за местото каде треба да никне овој објект и во најскоро време очекуваат да се удри камен темелник на Домот за стари лица.„Сега со влегувањето на Локалната самоуправа во втората фаза на децентреализација од нова...

Continue reading

ilinden

Семејствата на жртвите во бродската несреќа ќе добијат по 4500 евра

Post Views: 18 Семејствата на 15-те бугарски државјани, кои што загинаа при потонувањето на бродот „Илинден“ во Охридското Езеро, ќе добијат по 4 500 евра од осигурување. Тоа го соопштија роднините на загинатите, пренесува Бугарското национално радио.Неколку месеци бугарските семејства преговараа за исплаќање на сумата, која се дава после договореното осигурување со македонска компанија. Во меѓувреме продолжува да се бара можност обештетување да плати и фирмата германски Лојд, која имаше издадено сертификат за техничка исправност на бродот. Трагедијата во Охридското езеро се случи...

Continue reading

pres

Нова лавина обвинувања кон Петрески

Post Views: 2 Напад на семејниот буџет. Ова е сублимиран израз на претседателот на ОК ВМРО – ДПМНЕ, Атанаско Михаилов, во врска низата поскапувања на комуналните услуги и водата во градов. И се тоа како вина го препиша на самоволието на градоначалникот Александар Петрески. Според Михаилов, Петрески прави очајнички напори да ја дефокусира јавноста во Охрид од кашата која ја готви и кој се токми да го сокрие скандалозното продавање на Проаква.Михаилов потенцира дека тие очекуваат интензивирање на работите околу реконструкцијата на болницата и дека чекањето и неизвесноста ќе им се исплати...

Continue reading

kupi kuka kupi stan

Наскоро ќе се аплицира за „Купи куќа, купи стан“

Post Views: 0 Аплицирањето за владиниот проект „Купи куќа, купи стан“ започнува за неколку дена, односно до крајот на овој месец. Изборот за добивање на кредитите ќе го вршат осум комерцијални банки, а првите договори за финансирање на станбените кредити се очекува да бидат потпишани до крајот на Март оваа година. Владиниот проект „Купи куќа, купи стан“ наскоро започнува со реализација. Оваа социјална мерка преку која ќе се субвенционираат станбени кредити, на заинтересираните граѓани им нуди две опции. Едната опција е да добијат 50% субвенционирано учество кое ќе почнат да го враќаат...

Continue reading

obuka

Како да се започне сопствен бизнис?

Post Views: 0 Веројатно сонот на многу луѓе е да започнат сопствен бизнис. Можноста да го реализираат овој свој сон добија 25 невработени лица со помош на Агенцијата за вработување од Охрид и Фондацијата за подршка на претпријатијата. Проектот „Градење на заеднички патеки за можности за вработување во пограничниот период“ е подржан од Европската унија и исклучиво е наменет за невработените лица. Имено овој проект беше изработен уште во 2009 година од страна на фондацијата  за подршка на претпријатијата од Охрид, меѓутоа одобрен беше дури во Март оваа година. Учесниците задоволни од...

Continue reading

emo

Дали ќе дојде крај на маките за вработените во АД „ЕМО“?

Post Views: 0 Ново решение или нов проблем? Судбината на охридскиот гигант АД „ЕМО“ ќе се знае за десеттина дена. Вака најави вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски. После неколку неуспешни обиди да се спаси еден од најголемите загубари во државава, сега владата излегува со нов предлог. Планот за спас на АД „ЕМО“ пред управниот одбор на претпријатието денес беше презентиран од страна на вицепремиерот за економски прашања, Пешевски, и претставници од Министерството за финансии. „Планот е базиран на идејата онаму каде што ЕМО  е сеуште конкурентен на пазарот да продолжи...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top