Зголемени субвенции за одгледувачите на пчели

Пчеларите сметаат дека пласманот на медот е несигурен, бараат за него да се грижи државата.

 |  Мишел Наумоски  | 
pcelari
пчелари

Колку-толку, барем повеќе од лани. Одгледувачите на пчели годинава ќе добиваат 600 денари субвенција. Средствата кои ги определило Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се дел од Програмата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој. Сепак како најголем проблем пчеларите го наведуваат несигурниот пласман на произведениот мед.

odgleduvac na bilki„Пчеларите во Македонија воопшто немаат пласман, државен пласман да знае каде го носи медот и која цена би бил. Пчеларите на милост и немилост оставени го носат медот по пазарите од мене до тебе и така се оставени на милост и немилост.“-вели Војдин Николоски-откупувач на билки.

Зголемените субвенции сепак не влијаат врз пласманот на медот. Тие се главно насочени кон неговото производство. За да се квалификувате за добивање на овие субвенции треба да имате регистрирано најмалку 35 презимени пчелни семејства. Поповолни услови ќе добијат пчеларниците кои се наоѓаат во рурални подрачја кои имаат ограничени услови на производство. За овие пчеларници критериумите се намалуваат за половина, а сопствениците ќе добијат и за 15 проценти поголема субвенција односно по 690 денари за секое презимено пчелно семејство. Дополнителна помош ќе има и за пчеларите од руралните подрачја што ќе подигнат насад со медоносни растенија. Како и лани, поддршката за подигање на нови површини под медоносна флора изнесува 2.500 денари за хектар за минимум подигнати 0,2 хектари или осум денари за садница со фацелија, еводија или багрем. Пчеларите своите барања за овие субвенции можат да ги поднесуваат до 20ти Јуни годинава.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top