Ознака: децата

Ekrem Kaljoshi

Дечињата од социјално загрозените семејства на бесплатно летување

Post Views: 16 Бесплатно летување и зимување и за учениците од социјално загрозените семејства од Охрид. Според повикот на  Министерството за труд и социјална политика во врска користење на бесплатно лекување за учениците од петто до осмо оделение и охридските деца од социјално загрозените семејства како и децата со посебни потреби, ќе може да ја користат оваа услуга.Според пакетот економско – социјални мерки кои ги предвиде Владата, на летување и зимување оваа година треба да заминат вкупно 3000 ученици од пето до осмо одделение.  Екрем Каљоши директорот на Центарот за социјални...

Continue reading

mal bazen

Децата желни по школите за пливање

Post Views: 0 Децата Бајрам, Амет и Наум ги најдовме во водите на базенот како се разладуваат  во топлото  јулско претпладне. Овие млади пливачи сакаат да тренираат водени спортови за да станат врвни пливачи, маратонци, па дури и ватерполисти.  Тие како што велат, неизмерно го сакаат спортот и  пливањето, па со нетрпение очекуваат да почнат со работа школите за пливање. Од пливачкиот клуб „Охридски бранови“ потврдуваат дека интересот на децата за посета на школите за пливање е огромен. Најавуваат дека веќе од утре школите  стартуваат со подучување на пливачките техники. На базените...

Continue reading

braniteli heroi na Makedonija

„Херои на Македонија 2001“ во посета на општина Охрид

Post Views: 4 Децата и дел од потесните семејства на погинатите бранители  деновиве се во Охрид, во одморалиштето на МВР. Многу емоции, сеќавање на кобната 2001 год. И заседата на нашите бранители на Карпалак, Вејце, Љубојнски бачила имаше на средбата на     Претставници на здружението „Херои на Македонија“ и претседавачот на советот Душко Јаковчески. Покрај за загинатите македонски херои на средбата стана збор и за активностите на здружението, но и за се она што може локалната да им помогне.  „ Здружението има обврска да се залага за семејствата на загинатите бранители и да ги штити...

Continue reading

Да им ги вратиме децата на игрите

Стари игри, нови клинци

Post Views: 3   Постарите знаат да кажат, денешниве деца не знаат ништо друго освен компјутери, плејстејшени, џојстици и други такви дрангулии кои им го затвораат детството во 4 ѕида. Бабите и дедовците, повозрасните, родителите со носталгија се присетуваат на времето кога детсвото го минувале трчајќи низ маало или во најблиската лединка и играле Долга магарица, Бинек, Џамија, Кини-пантоли, , Народна, Џиздија и Ќоро-пиле. Овие стари игри се играа вчера покрај езерото кај Билјанини извори, а ги играа некои нови клинци. Шеесетина ученици од 5 то до 7 мо одделение од 9 училишта од Охрид...

Continue reading

deca

Преку детска игра до хуманост

Post Views: 8 Денес градскиот плоштад беше едно големо игралиште. Се играше шах, пикадо, баскет, мал фудбал, одбојка, не лути се човеку и многу други спортски и едукативни содржини. Ова беше дел од акцијата на Црвениот крст од Охрид, „За посреќно детство“. Секој што купи учеснички број за акцијата, кој чинеше 30 ден. можеше да се натпреварува во повеќе спортските дисциплини. Емилија Цветаноска ја покажа својата хуманост купувајќи талонче и натпреварувајќи се во скокање со јаже во што освои прво место и вртење хулахоп на нога за што беше втора. Мило ми е што учествував во оваа акција...

Continue reading

гранка

Охридскиот чинар мета на младите вандали

Post Views: 1 Најнова мета на младите вандали, стариот охридски Чинар. Од него скршена огромна гранка. Просторот околу чинарот и онака е место каде најмладите играат, но некои од нив овој пат претерале со играта. Охриѓани зачудени, велат дека многу малку се води сметка за оваа знаменитост. „Не повеќе, многу треба да се води сметка за чинарот. Генерации го чувале години и години и сега некој да го оштети, тоа не е во ред“ велат граѓаните. Некои од очевидците велат дека тоа го сториле учениците кои доаѓаат на екскурзија, но, некои велат дека тоа се локални деца. „Јас сум тука редовно...

Continue reading

ceno aleksandroski

„Кока-кола“ и фудбал

Post Views: 3 „Кока-кола“ купот денес во Охрид. Целта на овој, пред се забавен проект, се состои од фудбалски турнир, дополнет со соодветни спортски активности, а сé со цел остварување на единствено доживување за сите вклучени страни, вели Цено Александровски – проект координатор „Отворени забавни фудбалски школи“. „Резултатот не е примарен овде туку забавата дружењето и пред се респектот, фер плејот и дружењето на децата меѓу себе. За да биде уште позабавно ние решивме во секоја екипа да има по едно девојче, но може и две три“ вели Александровски. Главни ѕвезди на Coca-Cola купот...

Continue reading

baner

Со заедничка работа, до одлични резултати

Post Views: 0 Објектот Лихнида од детската градинка „Јасна Ристеска“ светна во боите на виножитото. Советот на родители при детската градинка „Јасна Ристеска“ – објект Лихнида и „Ротаракт“ клубот од Охрид, ја разубавија фасадата на оваа детска установа, а задоволството и кај децата и кај вработените огромно, вели претседателот на советот на родители, Иван цветкоски. „Со задоволство можам да кажам дека успешно го завршивме, по лицата што ги гледаме на дечињата на воспитувачките и негувателките како и целиот кадар што работи во објектот „Лихнида“. Мислам дека направивме полн погодок“...

Continue reading

sos

Нема СОС линија во Охрид

Post Views: 8 Во Охрид нема СОС линии за помош и подршка на децата. Во време кога во светски рамки рапидно се зголемува бројот на повици кон ваквите линии за помош во случај на насилство и злоупотреба, кај нас и таа една сос линија која поsтоеше од пред 2 години, лани згасна.  Ѓорѓи Tодоровски, од Центарот за социјални грижи вели дека ваква линија постоела и функционирала во склоп на Женскиот центар „Бисера“ за што биле обучени и кадри, но поради финансиски причини истата е укината. Искуствата покажуваат дека СОС линиите  се повеќе од потребни затоа што на децата, младите и родителите...

Continue reading

decinja so maski

„Здрава храна за детство без мана“

Post Views: 27 Јаболка, јаготки, цреши, моркови, патлиџани и многу други овошја и зеленчуци никнаа во дворот на градинката „Јасна Ристеска“. Дечињата од петте објекти на оваа градинка на возраст од 4 до 6 години преку своите маски упатија порака до сите деца, но и возрасни дека треба здраво да се храниме. Секое од децата си има свое омилено овошје и зеленчук: „Јас сум јаболко зошто многу сакам да го јадам ова овошје“„Јас сум цреша, таа е најслатка“„Јас сум јаготка“ „Јас сум патлиџан, едвај чекам да дојде лето за да можам да јадам патлиџани, ама охридски“„Јас сум морков, го јадам како...

Continue reading

sportski igri

Спортски ден во Охрид

Post Views: 2 „Со спорт против лошите пороци за подобро здравје“, е мотото на Спорските игри кои денеска се одржаа во Охрид.  Спортскиот ден ги обедини основците и средношколците од општина Охрид и Дебрца.  Децата се натпреваруваа во дисциплините атлестки трки, одбојка, шах и пинг понг. Спортскиот ден е во организација на сојуз на училиштен спорт и локалната самоуправа. Благодарение на заложбите на овој тим, изминативе три месеци функционираше и училишна лига во мал фудбал во која учествуваа основните и средните училишта за што имаше и голем публицитет во јавноста. „Денеска имаме...

Continue reading

врте

Бесни деца искршени реквизити

Post Views: 10 Детските игралишта, кои денес се замена за некогашните маалски лединки,се места каде што градските деца минуваат дел од времето во игра. Но, се почесто, овие игралишта безмилосно се уништуваат. Долго време спортските и детските игралишта беа посакувани терени за забава и рекреација на децата, и сега кога ги добивме, не знаеме да ги чуваме. Родителите кои ги носат децата на игралиштата го осудуваат унуштувачкиот однос и веруваат дека тоа го прават тинејџерите кои на тој начин ги лечат младешките фрустрации. Реквизитите во детските игралишта најчесто страдаат во вечерните...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top