Ознака: депонирање

Несоодветно депонирање на градежен шут во Охрид

Post Views: 6 Несоодветното депонирање на градежениот шут, кабастиот и зелениот отпад, проблем за хигиената во Охрид. Не е поштеден ни националниот парк „Галичица“, а улицата „Јордан Мијалков“ наликува на нов Мауцкер. Деновиве во Охрид, дежурните служби на Ј.П.„Охридски Комуналец“ евидентираа уште еден во низата примери на кршење на Законот за јавна чистота во централното градско подрачје и тоа на сред бел ден. Депониран е градежен шут од камион на приватен субјект директно во контејнерите за комунален отпад. „Овој проблем станува се поголем од отприлика две години, откако е донесена...

Continue reading

Охрид сеуште нема локација за депонирање мртви животни

Post Views: 1 Пцовисани мрши се фрлаат покрај патот во Чекоштина.  Јамата која некогаш постоеше над селото Орман  за депонурање на пцовисани животни е неколку години затрупана, а од Главниот општински инспекторат незнаат дали градот има легална јама за пцовисани животни.  Жителите од околните села кои ТВМ ги контактираше велат дека мртвите животни ги фрлаат в планина или на Мауцкер. Претставник од месната зедница  од Горно Лакочереј пак во телефонски разговор за  Твм кажа дека до сега на нивна адреса нема ниедна пријава од жителите , па така не се ни обраќале за помош до надлежните...

Continue reading

ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ СО ДЕПОНИРАЊЕ НА ОТПАД

Post Views: 9 Во функција е ставен дежурен телефонски број на кој граѓаните може да пријавуваат проблеми со депонирањето отпад. Јавното претпријатие „Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на општина Охрид дека за проблемите кои ги имаат околу собирањето на кабаст и зелен отпад, како и пријавување на случаи на несоодветно депониран отпад и создавање на мини-депонии, достапен е дежурниот телефон : 075-495-428 секој ден во неделата од  07.00 часот до 21 часот.

Continue reading

kabast

Почитувајте ги акциите за подигање на кабаст и зелен отпад

Post Views: 2 Од Охридски Комуналец велат дека како јавно претпријатие во чија надлежност е одржувањето на јавната хигиена и јавното зеленило на територијата на општина Охрид и приградските населби, секојдневно се соочуваме со проблемот на несоодветно депонирање на зелен и кабаст отпад. И покрај дефинираниот работен календар за 2014 год. со кои се предвидени акции за подигање кабаст и зелен отпад по сите урбани заедници во пролетниот и есенскиот период, несовесни граѓани секојдневно депонираат зелен и кабаст отпад на јавни површини. Апелираме граѓаните да се придржуваат до календарот...

Continue reading

korpa

Нови корпи за отпад на градскиот кеј

Post Views: 1 Ј.П.„Охридски Комуналец„постави 15 нови корпи за ситен отпад вдолж градскиот кеј, на потегот од градското пристаниште до Холандскиот Парк. Овие корпи се добиени со донација од АД.„Пакомак„-Скопје. Ј.П.„Охридски Комуналец„ има долгогодишна соработка со АД.„Пакомак„-Скопје  во доменот на селектирање на амбалажниот отпад ,односно пластичниот отпад, хартиени отпадоци и лименки, со што се минимизира негативното влијание врз животната средина и се подигнува степенот на еколошката култура. Новите корпи за ситен отпад се состојат од два садови за депонирање отпад и  пепелник ...

Continue reading

kamionce

Охриски Комуналец се поднови

Post Views: 7 Охриски Комуналец се поднови. Механизацијата на ЈП од денес побогата за 4 возила, донесени од Германија, по релативно поволна цена. Предноста на овие специјални возила е тоа што тие слободно ќе можат да влезат во сокачињата и потесните улички, во кои досега пристапот беше тежок и тоа се изведуваше со трактори вели Сашо Алче, првиот човек на претпријатието. „Карактеристично за овие возила е што се релативно нови 2003 односно 2005. возилата се марка мерцедес со носивост 4 метри кубни пресован отпад еден спрема пет или 20 метри кубни отпад ќе собират тие возила“. Досега...

Continue reading

med otpad

Отпад е, но дали е медицински?

Post Views: 0 Камуфлиран медицински отпад се најде во контењерите за комунален смет. Од ЈП „Охридски Комуналец“, загрижени за според нив, вака неодговорното однесување на сторителите на ова дело. Оттаму го посочија виновникот. Директорот на претпријатието Сашо Алче вели дека проблемот се провлекува неколку недели. Тој додаде дека веднаш после првото забележување на медицински отпад во контењерите на ул . Сирма Војвода во близина на охридскиот болнички комплекс, од страна на вработените во ЈП, најдобронамерно им било укажано на директорите. Чашата се прелеала во моментот кога и покрај...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top