Несоодветно депонирање на градежен шут во Охрид

Несоодветното депонирање на градежениот шут, кабастиот и зелениот отпад, проблем за хигиената во Охрид. Не е поштеден ни националниот парк „Галичица“, а улицата „Јордан Мијалков“ наликува на нов Мауцкер.

 |   | 

Несоодветното депонирање на градежениот шут, кабастиот и зелениот отпад, проблем за хигиената во Охрид. Не е поштеден ни националниот парк „Галичица“, а улицата „Јордан Мијалков“ наликува на нов Мауцкер.

Деновиве во Охрид, дежурните служби на Ј.П.„Охридски Комуналец“ евидентираа уште еден во низата примери на кршење на Законот за јавна чистота во централното градско подрачје и тоа на сред бел ден. Депониран е градежен шут од камион на приватен субјект директно во контејнерите за комунален отпад.

„Овој проблем станува се поголем од отприлика две години, откако е донесена одлука за забрана за депонирање на градежен шут на депонијата Мауцке р, без да се даде соодветна алтернатива на граѓаните каде истиот би го депонирале, затоа што градот и граѓаните секојдневно создаваат секаков вид на отпад“, вели Љупчо Грданоски в.д. Директор ЈП „Охридски Комуналец“.

Според Законот за јавна чистота на РМ, не е дозволено градежниот шут што настанува при градење или реновирање на домовите, граѓаните и правните субјекти да го исфрлаат во контејнерите за комунален отпад. Ј.П. „Охридски Комуналец“ континуирано ги едуцира и информира граѓаните на општина Охрид, им ја нуди и услугата за преземање и транспорт на овој тип отпад со специјалните возила на претпријатието.

Од јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ велат дека до крајот на годината ќе продолжат со акциите за подигање на кабаст и зелен отпад и тоа секоја сабота, но исклучиво со дојава од граѓаните.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top