Почитувајте ги акциите за подигање на кабаст и зелен отпад

Од Охридски Комуналец велат дека како јавно претпријатие во чија надлежност е одржувањето на јавната хигиена и јавното зеленило на територијата на општина Охрид и приградските населби, секојдневно се соочуваме со проблемот на несоодветно депонирање на зелен и кабаст отпад.

 |  Голабовски Крсте  | 
kabast
кабаст

акцијаОд Охридски Комуналец велат дека како јавно претпријатие во чија надлежност е одржувањето на јавната хигиена и јавното зеленило на територијата на општина Охрид и приградските населби, секојдневно се соочуваме со проблемот на несоодветно депонирање на зелен и кабаст отпад.

И покрај дефинираниот работен календар за 2014 год. со кои се предвидени акции за подигање кабаст и зелен отпад по сите урбани заедници во пролетниот и есенскиот период, несовесни граѓани секојдневно депонираат зелен и кабаст отпад на јавни површини.

Апелираме граѓаните да се придржуваат до календарот на одржување акции за кабаст и зелен отпад, како и динамиката на подигнување на комуналниот отпад, зошто ваквите грди слики не ни наштетуваат само нас како јавно претпријатие, туку и на останатите граѓани кои совесно го депонираат отпадот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top