Ознака: денари

detska bolnica

Руинираните објекти на некогашната детска болница продадени за 1.220.000 евра

Post Views: 0 Објектите на некогашната специјална детска болница денес, беа продадени на електронската аукција организирана од Министерството за финансии. Скопската компанија КАМ ФУД била најповолен понудувач, неофицијално дознава ТВМ . Најповолниот понудувач на денешната аукција доби десет објекти со вкупна површина од 6751 метар квадратен. Почетната цена за истите изнесуваше 2655,10 денари за метар квадратен, сума која до крајот на аукцијата достигна до 11.000 денари за метар квадратен или попрецизно, сите објекти на некогашната детска болница беа купени за износ од приближно 1.220.000...

Continue reading

crkva

Во Охрид поскапе само венчавката

Post Views: 6 Од петстотини до илјада денари поскапеле цените за верските обреди, како крштевка, венчавка и погреб, што ги извршуваат свештениците на Македонската Православна Црква-Охридска архиепископја.  Оваа одлука владиците ја донеле на седница на Синодот која се одржала во почетокот на февруари. Дебарско кичевкиот митрополит  г. Тимотеј за ТВМ изјави дека во епархијата со  која  раководи зголемена е цената само на венчавките.  Засега другите обреди ќе се извршуваат по старата цена, вели владиката. Цената за венчавка од 4 500 зголемена е на 5000 денари, додека пак за крштевка...

Continue reading

Скопјанец ја купи атрактивната локација под Плаошник

Post Views: 4 Скопјанец ја купи  атрактивната локација под Плаошник на денеска одржаната електронска аукција. Локацијата од 202 м квадратни продаена е  по цена од 51 илјада денари за метар квадратен,односно 167.000  евра за целата парцела. Од овие пари околу  130.000 евра се за локалната самоуправа ,а  останатите за Министерството за транспорт и врски.   Почетната цена за отуѓување на градежното земјиште што беше во државна сопственост, изнесуваше 1.543 денари по метар квадратен.Градежната парцела се наоѓа на левата страна од патеката што води кон црквата „Св. Јован Канео“. Според...

Continue reading

златна маска

Охриѓани незаинтересирани за посета на Златната соба

Post Views: 5 Слаб интерес за посета на уникатната Златна соба во Музејот на Робевци. Два месеци по нејзиното отварање  ј авидел мал број луѓе велат незадоволно од Завод и мзуеј. Од  таму  негодуваат, дека и покрај сите пристисоци на медиумите псокоро да се отвори  Златаната соба, охриѓани  непокажале интерес помасовно да ја посетат. Во овој период Музејот на Робевци каде што е сместено Златото на Лихнитида го видел едвај 200 луѓе. Златаната соба вопоголем број ја виделе стружани од колку охриѓани. Отпечатен е луксузен каталог, па дури е воведено и ново работно време за посета се...

Continue reading

opstina debrca

Дебрца ќе стане модерна и современа општина

Post Views: 7 Осовремување и модернизација на Општина Дебрца, главна заложба на градоначалникот  Игор Трајкоски за 2015 година. Тој најави повеќе проекти меѓу кои изградба на систем за фекална канализација во село Велмеј како приоритетен. Според Трајкоски системот ќе биде во должина од 9354 метри, а ќе се состои од главен крак, колектор кој ќе минува низ средината на селото и кој ќе ги прифаќа останатите секундарни краци. „Во овај проект предвидени се вкупно 237 ревизиони и каскадни шахти. Секундарните краци  ќе се поставени на начин, да ги зафаќаат отпадните води од сите објекти ...

Continue reading

makedonski sumi

Надминат проблемот во „Македонски шуми“

Post Views: 3 Се надмина проблемот во охридската подружница на ЈП „Македонски шуми“. Фискалниот апарат со ЏИ ПЕ ЕР ЕС уред е ставен во функција. Откога Твм го актуелизираше проблемот на граѓаните кои се пожалија до нашата редакција дека не можат да си набават дрва од ЈП „Галичица“ бидејќи вработените не продаваа дрва поради немање нов фискален апарат, истиот е инсталиран. Револтот на граѓаните беше оправдан затоа што се создаде еден вакум во кој временски период тие не можеа да си набават дрва бидејќи вработените во подружницата не сакаа да го прекршат законот и да продаваат без да...

Continue reading

humanitaren koncert

Хуманитарниот концерт во Центарот за култура, не ги исполни очекувањата на организаторите

Post Views: 9 22.400 денари и околу 5000 денари во храна е се што охриѓани донираа на големиот хуманитарен концерт за помош на поплавените подрачја во Македонија кој синоќа се случи во Центарот за култура „Григор Прличев“.  Дарко Мојсоски, еден од организаторите вели дека се разочарани од собраните средства и дека очекувале многу повеќе со оглед на целта на концертот, како и на звучните имиња кои настапиле. Очекувале да соберат барем 60000 илјади денари од карти и уште 20ина илјади во донации. Мојсоски додава дека сеуште не ја знаат точната донација од локалните фирми. Инаку денес...

Continue reading

socijalna zgrada

Сеуште нема насока за откуп или закуп на социјалните станови во Охрид

Post Views: 6 Социјалните станови во Охрид Во Охрид има 71 социјален стан. Дали и овие станови корисниците  ќе можат да ги купуваат исто како и општествените,  од охридската подружница на АД „За изградба и стопанисување со станбен и деловен простор на Македонија“, немаат никаква насока од ресорното министерството, вели првиот човек на подружницата Гоце Георгиески. Додава дека го имаат во предвид фактот дека станува збор за корисници  од ранливите категории на кои примањата им се ниски. „Тешко дека социјален случај ќе може да го купи станот. Без разлика, чекаме насока од Министерството...

Continue reading

lice v lice

„Лице в лице“

Post Views: 0   Ѓорѓиоски Љупчо веќе една година е колпортер и го продава уличното списание „Лице в лице“. Во него се третираат општествено-одговорни теми од повеќе области на живеењето, а го продаваат маргинализирани групи и поединци.  Љупчо  е лице со  делумна интелектуална попреченост кој живее со  1200 ден. социјална помош, а со продажба на списанието колку толку обезбедува за да си купи барем леб. Од секој продаден број кој чини 100 денари, половина од сумата е наменета директно за продавачот, а останатата половина се вложува половина за печатење и за активности кои го подобруваат...

Continue reading

ldp

Блажески:Треба да платам казна за имот кој не е на мое име

Post Views: 1 Продолжува тенденцијата од страна на актуелната власт за пресметка со неистомислениците, реагира  Дејан Блажески претседателот на ОО на ЛДП Охрид. Тој обвинува дека преродбата која ја ветувала ДПМНЕ во Охрид планирале да ја прават со парите од казните на опозиционерите. Додека ја очекувам судската пресуда за наводна клевета кон секретарот на општината Спасески, за што бара 300 000 денари, пред неколку дена од страна на Државната комисија за спречување на корупција, добив прекршочна казна  од 33 000 денари за непријавен имот во мојот имотен лист, кажа Блажески на денешната...

Continue reading

lezecki pol

Се уништуваат „Лежечките полицајци“ во Охрид

Post Views: 17 Појавата на уништување на сообраќајната сигнализација низ охридските улици, загрижувачка. Тие се предмет на вандалско однесување на несовесни поединци. Речиси и да не постои успорувач на брзина или народно кажано лежечки полицаец во градов кој е во добра состојба. На места фалат делови, а има и такви улици каде успорувачите се целосно откорнати. Ваквата состојба не ги задоволува стандардите за безбеден сообраќај, велат граѓаните. Овој проблем добро им е познат и во Секторот за комунални дејности сообраќај и патишта при општина Охрид. Љупчо Танески од овој сектор вели...

Continue reading

pazar

Идејата за изградба на затворениот зелен градски пазар конечно тргна од мртва точка

Post Views: 6 Идејата за изградба на затворениот зелен градски пазар конечно тргна од мртва точка После двата неуспешни тендери во кои локалната бараше партнер за изградба на пазарот, третиот јавен оглас првично успешен. Денес, по истекот на крајниот рок од еден месец за доставување на понуди, Комисијата за воспоставување на јавно-приватно партнерство за зелениот пазар ја отвори единствената пристигната понуда. Единствен понудувач е градежната фирма АД „Илинден“ од Струга. „Првично комисијата оцени дека операторот кој што учествуваше на тендерот, ги исполнува условите. Накратко да...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top