Сеуште нема насока за откуп или закуп на социјалните станови во Охрид

Рано е да се зборува за откуп или закуп на социјалните станови во Охрид. Министерството за една година ќе даде насока како ќе се решава правото на користење на становите.

 |  Николоска Биљана  | 
socijalna zgrada
социјална зграда

Социјалните станови во Охрид Во Охрид има 71 социјален стан. Дали и овие станови корисниците  ќе можат да ги купуваат исто како и општествените,  од охридската подружница на АД „За изградба и стопанисување со станбен и деловен простор на Македонија“, немаат никаква насока од ресорното министерството, вели првиот човек на подружницата Гоце Георгиески. Додава дека го имаат во предвид фактот дека станува збор за корисници  од ранливите категории на кои примањата им се ниски.

socijalna zgrada„Тешко дека социјален случај ќе може да го купи станот. Без разлика, чекаме насока од Министерството за транспорт и врски што понатака со социјалните станови, кај нас има уште една година, договорите се валидни па потоа тие прашања ќе ги решаваме“ – нагласува Георгиески.
 
Георгиески ги потсети моменталните корисници да се придржуваат кон договорот за користење на становите. Тој вели дека има толеранција и разбирање спрема сите во однос на плаќањето на киријата, која е симболична и изнесува 650 денари за еднособните и 750 денари за двособните станови. Напоменува дека доколку  обврските од договорот не се почитуваат, на корисниците ќе им биде одземено станарското право.

„Упатувам апел до станарите од социјалната зграда во Охрид да се придржуваат до договорите да не го нарушуваат Јавниот ред и мир. Без разлика таму живеат фамилии кои што треба сепак да му обрнеме внимание и соседните згради и самата зграда. Мислам дека во овој момент од кога имаше иселување подобрена е драстично состојбата во социјалната зграда. Во наредниов период следи и друга фаза на иселување на други лица и нема да има милост спрема никого“, – вели Георгиески.

Од Подружницата за станбен и деловен простор информираат дека посебно во Охрид има голема побарувачка на социјални станови на лицата од ранливите категории, но дека за годинава не е предвидено изградба на социјална зграда.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top