Ознака: денари

benzin

Од полноќ бензините поевтини за 3,5 денари, а дизелот за 4

Post Views: 10 Откако минатата недела цената на нафтените деривати достигна рекордно високо ниво, Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница одлучи да ги намали цените. Малопродажната цена на горивата ќе се намали од ноќеска на полноќ – бензините поевтинуваат за 3,5 денари, а дизелот 4 денари. Литар Евросупер БС-95 ќе чини 77 денари, а Евросупер БС-98 ќе се продава за 78,50 денари. Евродизелот, откако поевтини четири денари, сега ќе се продава за 65,50 денари/литар. Екстра лесното масло за домаќинство доби нова цена од 54 денари за литар. Мазутот стана поевтин...

Continue reading

poster

„Мобилно 3D кино“ во Охрид

Post Views: 1 Дистрибутерската куќа МЦФ МКД од Скопје во рамки на проектот „Мобилно 3D кино“ во соработка со НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид ќе организира прва дигитална 3D филмска проекција. Мобилна екипа во редовни временски интервали ќе ги прикажува најновите 3D и 2D филмски остварувања. За оваа пригода МЦФ МКД обезбеди професионални подвижни BARCO 2K дигитални проектори со сервери и DEPTH Q 3D модулатори со 3D очила, како и DOLBY CP 750 аудио процесор со JBL звучници. Цената на влезниците ќе изнесува 150 денари за 2D проекции и 200 денари за 3D проекции!-“Зошто...

Continue reading

елена скрческа

„Комуналец“ со отчет пред граѓаните

Post Views: 6 Претпријатие потонато во долгови, кредити, камати и стар возен парк, тоа беше сликата на ЈП „Охридски Комуналец“ од пред две години, рече директорката на претпријатието, Елена Скрческа која на денешната прес конференција даде отчет за сработеното во текот на нејзиниот двегодишен мандат. Таа потенцира дека требало многу труд и работа  за претпријатието повторно да застане на здрави нозе. Во текот на овие две години значително се подобрени перформансите во сите аспекти од работењето на претпријатието. Подобрена е профитабилноста – искажана преку добивката во 2013...

Continue reading

pivo fest

Прилепската златна кокошка

Post Views: 1 На деветтиот по ред “Пивофест” се очекува во наредните четири дена посетеност од повеќе од 300 илјади луѓе .Доколку се направи груба проценка и секој посетител потроши по минимум 100 денари, фестивалот на градот ќе му донесе заработка од најмалку 30 милиони денари. Посетителите ќе имаат можност да вкусат 20 различни врсти на домашно и странско пиво, по цена од 30 денари за чаша точено пиво, додека најскапото е околу 100 денари. „Оваа година очекуваме повеќе од 300 илјади посетители и да се надмине рекордот во пиење пиво од 320 тони, кои беа испиени минатата...

Continue reading

jajca

Јагнешко се купува само заради традиција

Post Views: 1 Православните верници се подготвуваат за Велигденските празници. Неизбежен дел од празнувањето е и богатата трпеза на која се собира семејството на свечен ручек. Граѓаните кои сакаат да се гостат со јагнешкото месо од својот буџет ќе треба да издвојат 365 денари за килограм. Во споредба со минатата година јагнешкото месо  е поефтино за 30 денари, информираат охридските месари. Гоце Каранџулоски од месарата „МИК“ Св Николе, вели дека поминало времето кога муштериите купувале по цело јагне за Велигден. Годинава не купувале ниту половина, само четвртина од јагнето колку...

Continue reading

grobista

Менаџментот на ЈП „Градски гробишта“ со отчет за сработеното во изминатите две години

Post Views: 2 Редовно исплаќање на личните доходи на вработените, подмирени 70 проценти од наследениот долг, формирање на градежна група во рамките на претпријатието, голем број завршени проекти и проекти кои треба да се започнат. Ова се само дел од резултатите со кои денес се пофали директорот на јавното претпријатие „Градски гробишта“, Зоран Симоноски. Според него, кога тие го презеле претпријатието, истото било во незавидна положба, со долг од 10 милиони денари, и негативен финансиски извештај од околу 2 милиони денари. Симоноски додава дека за да се справат со оваа ситуација морале...

Continue reading

otcet

Отчет за изминатите две години на Бакрачески на чело на Охрид

Post Views: 1 Отчет за сработеното во изминатите две години. Денес градоначалникот Никола Бакрачески пред охриѓани и пошироката јавност се пофали со сработеното во неговиот двегодишен мандат. Тој рече дека општина Охрид полека, но сигурно застанува на здрави нозе. Од една општина којаја затекле во тотален финансиски хаос, на работ на банкрот со домаќинско работење и максимално искористување на сите човечки ресурси, општина Охрид исплатила 491.523.721 денари од обврските по сите основи, а вкупниот долг денес е намален за над 175 милиони денари. „Она што можам недвојбено да го потврдам...

Continue reading

sini kartoni

Невработените ќе плаќаат за сини картони

Post Views: 6 Околу 240.000 невработени лица од денеска ќе мора да извршат пререгистрација за да добиваат бесплатни сини картони. Сите невработени ќе треба да пополнат Изјава за приходите кои ги оствариле минатата година, врз основа на што ќе се утврди дали ќе имаат право од 1 септември да добиваат сини картони на товар на државата или сами ќе плаќаат за нив. Овој процес ќе се врши на шалтерите на подрачните единици на Агенцијата за вработување и на шалтерите на подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување. Изјавите ќе се пополнуваат во наредните два месеци. Социјална...

Continue reading

pesacka pateka

Течат градежните зафати за пешачката патека од каналот Студенчишта до Парк

Post Views: 0 Градежните зафати за првите 210 метри од пешачката патека од каналот Студенчишта до Парк во должина од 1700 метри ќе бидат готови до почетокот на сезоната, најавуваат од Фондот за комунален развој, сообраќај и патишта при општина Охрид. Како што изјави Љупчо Танески проектираната стаза почнале да ја градат пред еден месец и во моментов во полн ек биле градежните зафати за првата фаза. „Согласно тендерските услови планирано е пешачката патека да биде готови до почетокот на летната сезона, тука сме ние како орган да ја утврдиме, пропишиме и следиме динамиката на изведените...

Continue reading

falsifikat

Охриѓанец фалсификувал долари

Post Views: 1 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Фалсификување пари“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.П. (24) од Охрид.   На 22 ноември минатата година, пријавениот на негов пријател кој работел како ноќен чувар во кафе бар,  му дал банкнота од 100 американски долари со цел да ја размени за денари. Настанот се случил во 04 часот кога пријавениот кој бил со уште три други лица, го забележал ноќниот чувар во кафе бар лоциран на улицата „Партизанска“ во Охрид. Со образложение дека имал долари што сакал да ги размени бидејќи му требале денари да ја...

Continue reading

Се зголемува синдикалната кошничка за месец мај за 180 денари

Post Views: 6 Синдикалната кошничка за месец мај 2021 година е зголемена за 180,00 денари во однос на месец април 2021 година. Според Сојузот на Синдикати на Македонија, вредноста на синдикалната минимална кошница за мај 2021 година изнесува 34.156,00 денари. Само за последните два месеци таа е зголемена за повеќе од 400,00 денари, вели Стевчо Маслов, секретар на регионалната канцеларија на Сојузот на Синдикати на Македонија од Охрид. „Ако продолжи со вакво темпо на зголемување во просек од 200, 00 денари месечно до крајот на годинава нема да бидат доволни ни три минимални плати...

Continue reading

benzini

Бензините поевтини за еден денар, дизелот поскап за 1,5 денари

Post Views: 5 Малопродажната цена на бензините ноќеска на полноќ поевтинува за еден денар, додека на дизелот и екстралесното се зголемува за 1,5 денар, според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика посветена на корекција на цените на нафтените деривати. Согласно одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 73,50 денари за литар, а на Еуросупер БС-98 изнесува 75,00 денари за литар. Еуродизелот од ноќеска ќе се продава по 66,50 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 57,50 денари за литар. Истовремено поскапува и мазутот за 1,279 денари по килограм,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top