„Мобилно 3D кино“ во Охрид

Дистрибутерската куќа МЦФ МКД од Скопје во рамки на проектот „Мобилно 3D кино“ во соработка со НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид ќе организира прва дигитална 3D филмска проекција.

 |  Голабовски Крсте  | 
poster
Постер

Дистрибутерската куќа МЦФ МКД од Скопје во рамки на проектот „Мобилно 3D кино“ во соработка со НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид ќе организира прва дигитална 3D филмска проекција.

posterМобилна екипа во редовни временски интервали ќе ги прикажува најновите 3D и 2D филмски остварувања.

За оваа пригода МЦФ МКД обезбеди професионални подвижни BARCO 2K дигитални проектори со сервери и DEPTH Q 3D модулатори со 3D очила, како и DOLBY CP 750 аудио процесор со JBL звучници.

Цената на влезниците ќе изнесува 150 денари за 2D проекции и 200 денари за 3D проекции!
-“Зошто не го изедов татко ми”- анимираната комедија 3Д СИНХРОНИЗИРАНО НА МАКЕДОНСКИ, 4 -ти и 5 -ти мај 2015 година почеток 17.00 часот, влез 200 денари.

-“Најдобриот егзотичен хотел Мариголд 2Д” кино проекции 4 -ти и 5 -ти мај 2015 година, почеток 19.00 часот, влез 150 денари.

-“Одмаздници 2: Ерата на Ултрон 3Д” кино проекци 4 -ти и 5 -ти мај 2015 година почеток 21.00 часот, влез 200 денари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top